Како правилно се пишува зборот или чести правописни грешки!

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Кај сме збореле за циркус?
... не е важно, не сакам сега да се докажуваме, си напишала, не лажам јас и нормално секој си има по нешто што така си го пишува има некои членови кои наместо „муабет“ пишуваат „моабет“ форум е, кој како сака, ама во обазовните институции, аааааа не може така, просветните работници затоа се платени!
 
Никогаш никој не го коригирал правописот. Поздравот „добре дојдовте“ или „добре ни дојдовте“ постои уште во првиот правопис на македонскиот јазик од 1945, постои и во најновиот (ете, јас го имам третото издание на најновиот дома - од 2025). Приказната горе долу е ваква и нема врска со Бугарија:

„Добре дојде“ е стандардот. Од тој поздрав е изведена именката „добредојде“. За неа се согласуваме дека не постои варијанта „добродојде“, така? Не можеш да речеш: „Му посакав топло добродојде“, туку „Му посакав топло добредојде“. Во именката добре- е префикс, а промената на вокалот о во е се нарекува „аломорфија на морфема“, што и да е тоа чудо. Од таму, постои прилог „добре“ кој е стандарден во македонскиот јазик и се употребува само во поздравите „добре (ни) дојде“ и „добре (ве) најдов“. И сето ова го имаш во сите правописи и граматики на македонскиот јазик. Посочи ми еден единствен текст, официјален документ или што и да е каде што се тврди спротивното и ќе правиме муабет. Вака: „мене ми звучи ко бугарски“-аргуменот е само чисто терање инает и неукост. Ако одиме во таа насока, тогаш зошто Велика Британија е Велика, а не е Голема? ;)

Само што во случајов се нема сменето. Никогаш. ;)
ДобрЕ е бугарска варијација на славјанскиот збор Добро.
Отвори Бугарски правопис и речник и најди го зборот Добре.
Ете ти документ.

Велика Британија е затоа што нашето население е описменето у време бивша Југа кога се учело на официјалниот Српско хрватски јазик.

Сѐ што лета не се јаде, или сѐ што пишува у книгите не мора да значи дека е точно.

Остај го ти Блаже Конески пијандурата што препишувал у негово време.
 
... не е важно, не сакам сега да се докажуваме, си напишала, не лажам јас и нормално секој си има по нешто што така си го пишува има некои членови кои наместо „муабет“ пишуваат „моабет“ форум е, кој како сака, ама во обазовните институции, аааааа не може така, просветните работници затоа се платени!
Не се докажувам со тебе, ама стварно не е океј така да пишуваш, дури и да е секојдневен и неформален говор.

Сите грешиме, не дека и јас не правам грешки, ама тебе тоа ти го имам забележано во многу постови. No offense.
 
Најгласниот аплауз секогаш оди кај оној што прави најголем циркуз.

... еве ако те задоволува сега!
 
ДобрЕ е бугарска варијација на славјанскиот збор Добро.
Отвори Бугарски правопис и речник и најди го зборот Добре.
Ете ти документ.
ОК, објасни ми тогаш зошто именката е „(Ти посакувам топло) добредојде“ а не „(Ти посакувам топло) добродојде“?
 
А што треба да е точно, тоа што @Rothmans ќе каже?
Ќе ти кажам исто како претходно. Нема љутиш после ако Бугарите викале дека нивен е јазиков.
Слободно употребувајте зборови и пишувајте како ВИЕ сметате.
ОК, објасни ми тогаш зошто именката е „(Ти посакувам топло) добредојде“ а не „(Ти посакувам топло) добродојде“?
Затоа што Блаже Конески пијандурата така рекол? И он како докажан препишувач сега треба да биде чест(в)уван или честуван?
 
ОК, објасни ми тогаш зошто именката е „(Ти посакувам топло) добредојде“ а не „(Ти посакувам топло) добродојде“?
Добродојде е исто грешка од екс ју. Они викаат добродошли.
 
Добродојде е исто грешка од екс ју. Они викаат добродошли.
Они не ја менуваат именката Добро. И кај нас е истата именка Добро. Ама на Бугарски е ДобрЕ
Нема никаква лингвистичка оправданост и логика да се менува именката Добро само у поздравот Добродојдовте.

Тоа горе булшит препишанката аломорфија на морфема (види колку сум паметен користам интелектуални зборови непознати за сељациве) е ништо друго освен ИЗГОВОР дека Блаже Конески препишувал од Бугарски. Таму и го слушнал овој поздрав дур студирал у Софија.
 
Последно уредено:
Они не ја менуваат именката Добро. И кај нас е истата именка Добро. Ама на Бугарски е ДобрЕ
Правилниот збор кај нас е добредојдвте.

Добре ти е старословенски збор. Каков црн бугарски збор.
 
Правилниот збор кај нас е добредојдвте.

Добре ти е старословенски збор. Каков црн бугарски збор.
Еве баш дека ти ми кажа сега и дека Блаже Конески (пре)пишал така у неговиот правопис ќе ве прифатам како точни, знаеш.
 
Добродојде е исто грешка од екс ју. Они викаат добродошли.
Добродојде не постои.
Они не ја менуваат именката Добро. И кај нас е истата именка Добро.
Од тука се гледа дека врска немаш што зборуваш! „Добро“ не е именка, прилог е! (или придавка, сеедно, ама во случајов е прилог)
 
Добродојде не постои.
Ете пак згрешив во пишување. Карма :)))))

Добродојдовте мислев. Од екс ју ни е тој збор (не е правилен, грешка е), покрај српско хрватскиот што го учеле. Инаку кај нас си е правилно добредојдовте.
Автоматски споено мислење:

Еве баш дека ти ми кажа сега и дека Блаже Конески (пре)пишал така у неговиот правопис ќе ве прифатам како точни, знаеш.
Блаже Конески кодифицирал. Прочитај што значи тоа.
 
Back
На врв Bottom