Како правилно се пишува зборот или чести правописни грешки!

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Ние можеме да не се согласиме, но спорот ти е со правописот, не со мене.
Сериозен си? Па они знаме и име сменија на оваа држава, а не па еден правопис да коригираат. Затоа у правописот се наведени и двете варијанти, зашто очигледно луѓето се поделени по основ на тоа прашање.
 
Не се наведени 2те варијанти, наведени се добредојде како именка и добре дојде како глагол. Нема варијанта со добро. Повели провери, ако најдеш нешто различно дај го тука, сепак има некој процент шанса да грешам, колку и да е мала таа шанса.
 
А можело Добредојде споено како именка, а до гледање се пишувало разделено?

Не знам дали вие разбирате овде дека јазикот е настанат пред некој да знаел и да пишува? Со оглед на ова, човек не треба да зборува како што е напишано, туку да пишува како што е зборувано. Впрочем тоа и го правеле светите просветители Св. Кирил и Методиј кога ја составувале глаголицата. Запишувале знаци за сите гласови славјански и запишувале и зборови славјански.

ДобрОдојде споено би било најисправно како поздрав. Добро дојде разделено, е доброто дошло.

Многу ме занима од каде тоа Е у ДОБРО? Демек е у вокатив?
 
Последно уредено:

Во ред, но јас не ти кажувам како треба да биде, туку како е во моментов. Затоа се пишува леб а не леп или незнам ко што се слуша на пример. Откако јазикот се документира, се создаваат норми, дали секогаш правилни и логични, не, но не помалку норми сепак.
 
Норми се создаваат па се менуваат, сојузи и држави се создаваат па се распаѓаат.

Еве јас ти кажувам како треба да биде: Добродојдовте се заедно споено за да биде како поздрав. Ако биде одвоено Добро Дојде = Доброто дошло.

ДобрЕ е бугарска варијација на зборот Добро. Добредојде споено е поздравот. Ако е одвоено Добре Дојде = Некој си Добре дошол.

Значи нема љутиш ако таму некој ни рече јазикот (граматиката) ви е бугарска.

Ама терајте си вие по правописот на Блаже Конески препишувачот, оти вие сте by the books.
 
... тој „Македонски речник“ е напишан од некого нели?
Колку се автори, лектори, рецензенти меродавни за точноста?

Makedonski.gov.mk (Официјален толковен речник) како најнов и единствен официјален државен речник во сопственост на Владата и Министерството за образование, изработен е од стручен тим научници од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, предводени од раководителката на проектот проф. д-р Снежана Велковска, заедно со проф. д-р Кирил Конески и проф. д-р Живко Цветковски.

1Y1wcz8ZU7-foto-ucebnikot-po-istorija-za-5-to-oddelenie-poln-so-lapsusi-makedonija-na-zapad-se...png

... еве ќе речеме книгите од основно образование исто се со автори, лектори, рецензенти, Национална комисија за учебници, дали треба учебниците да ги прифатиме здраво за готово дека „на исток Македонија се граничи со Република Албанија, а на запад со Република Бугарија“, дека највисокиот врв на светот Монт Еверест е висок 29 305 м, наместо 8 849 м, ако тогашниот Министер за образование Јетон Шаќири немал контрола какви учебници се испечатиле и дали требаше да ги прифатиме здраво за готово дека се точни? :toe:

jAuwtNLuWI-foto-ucebnikot-po-istorija-za-5-to-oddelenie-poln-so-lapsusi-makedonija-na-zapad-s...jpeg

Или наместо знаме на Португалија е ставено на Шпанија во учебниците!?

Што со повлекувањето на учебникот со грешки кое чинило од 200 до 300.000 евра и одговорност за никого нема :cautious:
 
Една од почестите правописни грешки што често ја среќавам е почнување реченица со три точки и мала буква.
...форум е бате, се пишува на дијалект, се пишува на латиница, се пишуваат погрешни зборови наместо „циркус“ се пишува „циркуз“, наместо споено „најзаслужен“ се пишува „нај заслужен“, име на држави и националности се пишува со мала буква, запирка пред сврзник „и“ , „кој“ за множина, затоа што е форум бате, форум, кој како сака пишува, споредбата ти е сеирска кон мене како член, а не кон насловот на темата!
 
Една од почестите правописни грешки што често ја среќавам е почнување реченица со три точки и мала буква.
Сепак не е толку грешно како у случајот со Добре, па си прогледуваме низ прсти оти сите ние си пишуваме неправописно на форуми.
Иначе комшијата Добре го викнав на кафе пред некој ден ама не ми дојде, па сега кога ќе го видам на улица го поздравувам со:
Добре-не-ми-дојде. :)
 
Норми се создаваат па се менуваат, сојузи и држави се создаваат па се распаѓаат.

Еве јас ти кажувам како треба да биде: Добродојдовте се заедно споено за да биде како поздрав. Ако биде одвоено Добро Дојде = Доброто дошло.

ДобрЕ е бугарска варијација на зборот Добро. Добредојде споено е поздравот. Ако е одвоено Добре Дојде = Некој си Добре дошол.

Значи нема љутиш ако таму некој ни рече јазикот (граматиката) ви е бугарска.

Ама терајте си вие по правописот на Блаже Конески препишувачот, оти вие сте by the books.
Епа насловот на темата е како правилно се пишува зборот, а и освен Блаже друг немаме. Ајде биди Ротманс Конески и промени ги правилата, но во меѓувреме, тоа е тоа. Ти реков, повели прати извори кои ме демантираат. Кажав и на другата тема, можам на пазар да кажам место лубеница зелена топка за јадење, ќе ме разберат, ама не е правилно, и не гарантирам како ќе ме гледаат :D
 
Али кога бијонс, што вика работаат (за трето лице множина) збори за правопис, доџе ми да пијем, тугу да разбијем. :D
... не е важно како јас пишувам тука, важно како пишуваат учителките, наставниците и цел тој образовен кадар по училиштата каде ги учат децата на писменост кога самите не се писмени, овде секој пишува набрзина, без точка на крај и разни правописни грешки, форум е ова, ете и ти самата пишуваш „циркуз“ наместо „циркус“, а мене туга не ме „фашта“, а најмалку да пијам тугу да разбијам! :toe:
 
Епа насловот на темата е како правилно се пишува зборот, а и освен Блаже друг немаме. Ајде биди Ротманс Конески и промени ги правилата, но во меѓувреме, тоа е тоа. Ти реков, повели прати извори кои ме демантираат. Кажав и на другата тема, можам на пазар да кажам место лубеница зелена топка за јадење, ќе ме разберат, ама не е правилно, и не гарантирам како ќе ме гледаат :D
Кога ми доаѓаат гости на слава јас им викам ДОБРОДОЈДОВТЕ, а они ми одговараат со ДОБРОНАЈДОВМЕ. Ама никој не доаѓа со џебен или дигитален правопис па да ме поправи: "а, бе, слушај ти ваму, вака е у правописот и вака ќе кажуваш и пишуваш."

И пак ќе повторам:

Значи нема љутиш ако таму некој ни рече јазикот (граматиката) ви е бугарска.

Ама терајте си вие по правописот на Блаже Конески препишувачот, оти вие сте by the books.
 
Back
На врв Bottom