Е Злате, а искрено, кој е најфаца Бонд од сфи до ск наамо според тебе?
Ја би например да гласам за Пирс Бронсан. Некако најјак ми е од сфи тија сто пет шеес актери хаха.
Александар Флеминг беше тфорац или Јан?
Некој од овин двоица устфари пеницилин га измисли нели, хаха.
Моментално ги гледам сите 25 Бонд филма. Од постарите добар дел по прв пат ги гледав, а поновите ги репризирам. Ми останаа уште последните 5 со Даниел Крег да ги репризирам.
За мене кога и да се спомне Бонд прва асоцијација ми е Шон Конери, прв глумец што го одиграл ликот, мада неговиот Бонд на моменти ми делуваше доста груб, нападен дури и сељачки ко ќе ги грабнеше женскиве, а овие како не сакаат, ама не можат да се одбранат. А најшмекерски досега испадна Пирс Броснан, што ме изненади пошто не ми текнува дека е толку добар во улогава. Далтон, Лазенби беа доста слаби, а за Роџер Мур да не зборам, особено во подоцнежните филмови.
Даниел Крег мислам дека тука негде ќе ми е со Пирс Броснан, а пред Конери.
Ако е точно дека Лауден е избран, не делува ко лош избор. Особено што другите глумци кои беа зборени дека биле во потесен избор немаа ни Б од Бонд во нив.
И интересно ми се виде што Q не го сменија цели 36 години, сѐ до последниот филм на Броснан во 1999г кога и починал на 85 години. Требаше да го испратат уште кога го шутнаа Роџер Мур некои 15-16 години порано. Имаше една сцена во еден од филмовите кај што Мур беше Бонд Q покажува некој gadget во рака и раката му се тресеше ептен…