Не знам зошто се повеќе се појавуваат вакви ликови и во Србија. Имав блиски роднини од Македонија во Белград. Ниеднаш никој не ме нарекол србин или ми рекол дека сум измислен заедно со Вардарска бановина. Ни во автобус, ни прошетки по Белград.
Нова мода ли е од одредени центри масовен напад врз Македонија (а зад нив да стојат некоја од големите сили или странски прилично јаки служби, не знам.
И Србија и Словенија сум зборел или македонски (прдодавачица каже, причај ти македонски, ја те све разумем) или српски, никаква реакција немало. Дури и во Варшава кога сум идел, повеќе ме разбирале македонски неголи англиски (некои држави се дрва за јазици, макар и збор за обични предмети).
Што станува со Балканот, со славјаните, со православците, не знам. Јаничари ли се на западниот блок и источниот зад Украина, не знам. Се испоизедовме. Па и Украина и Русија се славјани, православци, војна им направија.
Нешто смрди корне, а тоа не е ѓубрето на Шилегов, Данела и Орце.