На пример, од кај да почнам? Варијанти милион. Еве за Америка, не ги отпуштај од денес за утре преку зум или тимс, дај им 2 недели ноутис, дај им некој гарден лиив или голден парашут. Ем малку почовечки ако веќе мора да летаат ем малку зачувуваш образ и реноме. Можам ферман да напишам, но натака ќе идат примерите. Работата е тие што одлучуваат немаат ни грам човечност.
A ти сметаш дека две недели ноутис е нешто као фер и човечно па баш од таму почна помеѓу останатите милионските варијанти? Општо прифатените и на долго познати две недели. Демек што не работиш тие 10 дена откако ти рекле дека си отпуштен ќе им даде 10 грама човечност на тие без грам човечност што одлучиле така? Немој да ми кажеш дека мислиш тоа е по нечиј избор а не колку е правно силна една држава?
Кај нас во Америка ги шутнаа за една недела, додека тука во Европа како што имам и претходно пишано трае три години. Некои знаат три години дека се технолошки вишок. И, ако тоа не е доволно да си планираш, и ако е една плата законски за секоја година кога ќе те отпуштат, тука добијаа три за секоја година. Гарден лиивс кои почнуваа месеци пред да си отпуштен, парашутите беа стартни 15-20к ако прифатат таков договор. Загарантирани 2к за правни трошоци ако сметаш си обесправен а не можеш да со дозволиш адвокат. Буџет за психијатар, буџет за релокација, све што можеш да замислиш и би побарал - го имаше. Една година не можевме да примаме други од надвор пред да се даде шанса на некои внатрешно отпуштени да аплицираат и се прекфалификуваат. Тренинг и обука кои би им обезбедиле работа на друго место за што фирмата треба да плати. Моментално синдикатот ги однесе на суд бидејќи сакат да не вратат еден или два дена во канцеларија.
Од другата страна на светот, во Македонија (каде те осигуруват од месец до месец), мајка ми најавена дека не може да оди на работа бидејќи татко ми го правеа животно-загрозувачка операција, на вториот ден беше одјавена и на третиот без работа. Не треба да дојде АИ во Македонија да знаеме што да очекуваме.
Такви без грам човечност постојат и меѓу вас, не мора да отпуштат илјадници за шанса за титулата, хуманоста не се мери во бројки. Нема разлика меѓу нејзиниот газда и оној што одлучил дека за да компанијата остане во топ 20 во светот мора да истера неколку илјадници.
Разликата е во правната заштита, ние имаме иста ајкула за Америка и Европа и не е до неговата хуманост да такви услови има во Европа, тоа е така бидејќи така законот тука му налага. Тоа е така бидејќи тука се силни работничките синдикати и бидејќи тука сеуште постојат регулации и е нешто што Европа беше добра во.
Инаку се согласувам делумно со твојот сентимент, и јас одбив иницијација во менаџмент бидејќи тогаш човек умира. Но се дружам со лидершип од далеку во форма на внатрешен консалтинг за да се поставам над секоја реорганизација за кои знам уште сега дека претстојат, но се мешам и во техничкиот дел за да сум во тек со новите технологии самиот а и да помине време, па кај 2 да сроламе еден. Бидејќи ако гориш на тава до 5 никој нема фала да ти каже. Ако имав на тава 10 девелопери во еден спринт, сега се 5 кои работат како 15.
Инаку во Life 3.0 има едно интересно сценарио со кое отвара книгата, каде создаваме супер АИ и го пуштаме во светот за контрола. Не е баш cautionary tale, но е прилично интересно.
