Евентуално ќе дојде и до тој степен на развој на роботиката за да се надминат механичките недостатоци, ама не значи дека ќе дојде до исплатливост на истото. Солидни роботи имаше и пред ерата на АИ - за нивна примена не ни требаше комплициран ,,мозок,, - ама имаа ограничена улога поради цената.
Главната преднсот на тие струки пред интелектуалните е тоа што АИ многу ефтино ги заменува скапите и комплексни работи. Адвокатско мислење коштало 1000 евра а сега е долар, ако тикет бил 8 програмерски саати а сега е саат и два долари, и тн, и единствено ограничување е електрична енергија и хардвер.
Роботите се дополнително ограничени од материјалот - ќе имаат висока производна цена, одржување, животен век и тн. Човекот во доста случаи ќе остане поисплатлив. Тука е и емоционалниот дел - кај физичките струки најчесто имаш face to face работа и одговорност, потешко заменливо него онлајн таск од некој 3 континенти подалеку од мене.