А каква потреба имаше да ме прашаш ти во Македонија колку ќе заработувам со моето работно искуство? Шо ти смена таа информација?
Те имам сретнато низ темиве во дијаспора и можам да заклучам дека ти си бе друже носталгичен за Македонија, депресија те има спукано и тоа тешка, се имаш намачено во животот со борџови и коцка и знам како е кога работиш и црнчиш а ништо лезет не гледаш од парите.
Во ткави околности се ти смета во државата кај шо си оти пекаш да се вратиш од кај шо дојде, патиш по Македонија а не дека си видел ти нешто лошо во Германија да не се лажеме, тебе и воздухот ти смета шо го дишиш тука, ако чист

за луѓето да не прајме муабет.
Ти не си заминал од Македонија поради системот и сите недостатоци од неа, да било така немаше ни да ти текни за враќање, ти си заминал од Македонија против своја волја, сам кажа дека поради коцка, значи си морал да заминиш, протеран грубо да се изразам.
Ние повеќето кои не сакаме да се вратиме заминавме поради други причини, една од тие е и финансиите, највеќе системски проблем и малограѓанштина, тие луѓе не ги враќаш ти назад па не знам шо да е.
Мене се шо ми фалеше во Македонија тука го пронајдов, најмногу мирот.
Ти уште не слетан во Германија си размислувал за назад да се вратиш.
Ти не гледаш каква придобивка можиш тука да имаш, не зборам за финансии, зборам за средена земја, нема хаос, функцинираат закони се е како што треба, имаш некоја сигурност, ти се фаќаш за работи како али баба, тоа тебе ти смета, не ти сметаат 1000 проблеми во Македонија ти сметаат неколку во Германија.