T-Mobile - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Секако ќе добиеме поевтин роаминг во САД :D ,ако Дојче телеком сака а може го има во голем број од држави во ЕУ па да ни овозможи бесплатен роаминг интернет во роаминг и сл. А овака ништо посебно нема да добиеме ќе дојде до некое промена на лого па трошење пари на реклами и сл. перење пари на управниот одбор
Ма логото е исто што би се мењало.
 
Se pofalija bitno do kraj na 2026, posle toa +100ka,najmalce.....
a za kvalitet i brzina treba da kazat tie sto ke koristat ....
Крај 2026 еве го уште 4 месеци.

Што е разликата 5G и 5G+? Знам дека 5G+ e подобро ама што добива корисникот?
 
Крај 2026 еве го уште 4 месеци.

Што е разликата 5G и 5G+? Знам дека 5G+ e подобро ама што добива корисникот?
Па 5G+ значи SA (Standalone), тоа е вистинско 5Г со посебни мрежни базни станици кои зрачат на своја 5Г фрекфенција, тоа е Band 28, и Band 77 ако не грешам, ова е можно затоа што се ослободи простор во нискиот простор за фрекфенција од 700 Mhz. Новиот оператор најави 4иГ најави дека ќе гради целосна таква мрежа од самиот почеток, но ете Телеком ги помина. Само А1 ќе останат без 5Г мрежа, секогаш се последни. Телеком ги заменија скоро сите базни станици, дури и во селата, според мое информации, па ќе имаат целосно покривање во државата. А1 досега сум приметил дека тестираат Band 28 во Скопје центар.
 
Само А1 ќе останат без 5Г мрежа, секогаш се последни.
може се последни во се,
но во покачување на месечната претплата не заостануваат многу многу зад конкуренцијата како во понудата на технологија и придобивки за корисникот, а пак за корисничката поддршка нема потреба да се коментира.
 
Малце да се разбереме, дистинкција. 5G имаат сите и А1 и Телеком, базните имаат можност да им зрачат фрекфенции добиваме гигабитни брзини и се тоа е океј.

5G SA е промена во core-от на мрежата за да се користат сите останати бенефити од 5G мрежата освен високи брзини. Пример еден: моментално ако сте на 5G мрежа (без разлика која фрекфенција дали ниска или висока) ако добиете повик, телефонот во позадина менува на 4G (VoLTE). Ова на Самсунг телефоните може да го приметите во иконата горе, кога е во повик 5G иконката не е исполнета, значи дека е 5G ready ама не се користи. Со ова 5G SA има нова имплементација на VoLTE тоа е VoNR (Voice Over New Radio, New Radio е техничка кратенка само за 5G).

Кога ќе воведат SA 99% сигурен сум дека одма или многу брзо после тоа ќе добиеме и VoNR, и телефонот повеќе воопшто нема да користи 4G core мрежа. Тоа е разликата, базни, фрекфенции се останува, се менува позадински само протоколи како фунционира мрежата. За ова ќе мора сите абдејт на софтвер да направат, во опции и на iOS и на Android, кај тие што поддржуваат ќе се појави опција да се активира. Пред тоа Телеком мора да испрати нови carrier bundles до Apple, Google, Samsung. Претпоставка ми е дека најпрво ќе им биде во iOS Beta пуштено па после на сите.

И не мешајте со 5G+, тоа е само кратенка дека телефонот користи mid band (2 и 3.x GHz), а не 700 MHz. Постојат и 5G UW (ultra wide band) ама ова го нема во Европа, само во САД/Канада).
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom