Да не одиме оф топик во демографија.
Еве тука да ти објаснам некои работи.
Ти од старт си одлучил да се вратиш Македонија, инаку и Германија да земиш кредит ќе го исплатиш за 30 години
Едни мои пријатели се вратија пред скоро време од Данска, со се деца, со се све, децата со ЕУ документи, плус фирма нивна за хигиеничари.
Се водеа скроз како твоите пресметки, им обеќаа тука од партија дека ќе им помогнат за приватен бизнис и на крај добија еден голем шипак, заглавија со инвестиции и ене ги се шалтаат по улици, мажот му алкос дома не е свртен, таа со децата главата не знае каде и е, децата кај бабите остаени по цел ден оти не можи да престигни со обврски.
Е арно ама се исилија за враќање ама фирмата уште им е активна таму, одат идат се додека не ја затворат, под конкурс им е мислам, мислеа ќе капи и од Данска некое евро и тука ќе уживаат, Тррррт на крајот ни ваму ни таму, децата не сакаат Македонија, јбг таму порастени, ги осудија на пропаст, ај барем не учат со Мухамед, то е најважно
Не викам дека и тебе истото ќе те снајде, дај Боже да си оствариш тоа што си замислил.
Во склоп на темата
Јас моментално не планирам да се вратам додека не се сменат драстично некои работи во Македонија кон подобро, под тоа подразбирам,
-Да има функционални институции, здравство и образование најважно оти се оддадов од пари на приватно додека бев долу ;
-Да се тргнат курто и мурто од власт, непотизам и корупција да де намали;
- Да се среди инфраструктурата, улиците да не се како од хирошима зафатени, сообраќаен хаос и слично, да не мора да се плашам на тротоар да се качам без да ме собери некој ненормален шо има положено пред еден месец;
-Да дишиме воздух а не канцер;
-Културата да се подигни оти сме резил на векот;
- Законите да важат подеднакво за сите, секој пропуст да се третира соодветно, нема татко ми е началник, чичко ми е судија, си направил прекршок ќе си сносиш последици.
Е, ова кога би се реализирало барем пола ќе размислам дали да се вратам, никој не заминал од сопствената држава каде што израснал од бес да се разбериме.
А дотогаш, нјамал проблем ќе ми е дали син ми учи во иста паралелка
со некој од Филипини или не знам каде, домашното воспитување е тоа кое е најважно, ти можиш до утре да му велиш дека е нормално да носи суќна ама јас сум таа што го учи во животот што е правилно а што не, јас и татко му.