THE ODYSSEY (2026) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

И? Треба сега да се докснам да ти докажам дека имам повеќе во бајкабл радиус бидејќи инфраструктурата тука е со замисла да сите возат точак наместо F-150 за чипс до најблискиот мегастор? Еве нека е едно на 100км за волја на вистината. Во вашата земја на конзумеризам не ме изненадува да има слободни места само поради фактот што ти тврдиш дека имате многу кина. Многу кина = многу повеќе слободни места. Не значи помал број на посетители поради празните ќошиња, туку истиот голем број на посетители имаат повеќе опции да го гледат кога сакат од убави седишта и многу успеале да го гледат на почеток, што е проблем за местата без толку кина. Значи твојот флекс на имање повеќе кина ти кажува дека можеби не е поради непосетеност, туку поради имање опции, ама кој да сфати. И треба цел успех да го мериме поради твој впечаток пред 100 години за Авенџерс? Од кај да знам, може било 4ти Јули и сите имале вишок време.

Не можам да ти дадам за денес поради временската зона, за 5 минути ќе е утре.
А утре не ми даде можеби поради распродадено.
Дури и самиот напишав дека зборам утре во постот без да видам.

Ај досаден си, не ми се збори за бројки, ионака не ги следам ниту ме интересираат.
Отвори бокс офис и спореди со Авенџерс ако тоа ти е репер.
Ти пиша од терен, бев јас покасно и пишав исто од терен.
Амстердам е 2.5 милиони регион, Њу Јорк е 19.5 милиони регион. Амстердам има 1 IMAX, Њу Јорк има 5. И математика да направиме пак од моја страна имам повеќе луѓе по IMAX и пак не е распродаден.

Муабетот со човекот со кој се расправав беше дека наводно сите IMAX проекции се распродадени. Епа, кај мене не се.

Еве ти ја споредбата со калкулирана инфлација.

ФилмБуџетСветска заработка
Avengers: Endgame$356M$2.799B
The Odyssey$250M$1.291B
 
Искрено, предобар почеток ... но некако како што течеше филмот стана некако при крајот монотон без душа... ова само мое мислење
 
Го гледав, не ми се допадна. Ме натера мојата.

Одисеј ја нема својата арогантност, комплексност, итрина, манипулативност и на моменти себичност како во книгата. Оригиналниот Одисеј е морално сив лик а Нолан го представува како уморен семеен човек кој случајно се нашол во војна и само сака да си оди дома.

Се обидува да направи анти-воена драма.

На страна оклопите, костимите, викингшките бродови, американскиот акцент и асортиманот говнокожци на кои се спремив ментално да ги игнорирам едноставно ова не е Одисеј.

Одисеј е еден од најкомплексните ликови познат по својата итрина од која гледаме многу малку. Сцената со киклопот (визуелно одлично изведен Киклоп) е утната. Го нема надмудрувањето, играта со зборови (јас сум Никој) давање вино да го напие пред да го ослепи, значи една од најзначајните сцени е промашена.

Ја нема арогантноста која му носи проблем и покрај целото лукавство.

Да не збориме дека знаат дека со во бронзено доба :tapp:

Е, да. Кога ги тамани удварачите на крај лакот го држи како 5 годишно дете.

5/10

Генеричен фантази филм. Да не беше Одисеја туку авантура во било кој фантази свет ќе пројдеше, вака не.
 
Едно IMAX имате, јас имам 3 во 15 километри радиус. Еве за денеска, не за Среда 19ти. Доста слободни места.

Прегледај го приврзокот 485245
Друже си пратил тука некое кино во рандом мол во Њу Џерси и убедуваш луѓе дека не бил распродаден лол, AMC Garden State 16 IMAX ти е утепан IMAX на ниво на тој во Приштина или Солун. Сликата е во 1.90 формат, не во 1.43 (види подоле), не е филмска проекција (70ММ) нит е ГТ ласер. Зашто некој би го гледал овој филм во вакво кино кога ги имаш Линколн сквер што е најдоброто кино во северна америка и топ 5 во свет + остали 4-5 што се идеални за филм како Одисеа. Иди провери како стојат тие кина и кажи дали ќе најдеш некое добро седиште што не е у први редови од сега па до таму 15 септември. Реално овакво кино утепано да има волку карти продадени на месец дена после премиера е импресивно. И тоа не се работи за филм за деца или што таргетира посебен age group како Спајдермен, туку сериозен филм. Биди сериозен и ти малце :D.

Последно уредено:
И тоа не се работи за филм за деца или што таргетира посебен age group како Спајдермен, туку сериозен филм.
ај иди фотокопирај се и постирај скен тука, од фотокопијата

сериозен филм бил... со рапери и роботски шлемови, социјални теми од 21-ви век, вокабулар од њујоршко предградие и црнци у Стара Грција
 
ај иди фотокопирај се и постирај скен тука, од фотокопијата

сериозен филм бил... со рапери и роботски шлемови, социјални теми од 21-ви век и црнци у Стара Грција
Ја мислам ти си само у музеј, не ти треба кино и филмови гледање. Терај магарето.
 
Ја мислам ти си само у музеј, не ти треба кино и филмови гледање. Терај магарето.
Ја спијам на таван и имам вошки. Баталиме мене.
Ја зборам за карактерот на филмот.
 
Друже си пратил тука некое кино во рандом мол во Њу Џерси и убедуваш луѓе дека не бил распродаден лол, AMC Garden State 16 IMAX ти е утепан IMAX на ниво на тој во Приштина или Солун. Сликата е во 1.90 формат, не во 1.43 (види подоле), не е филмска проекција (70ММ) нит е ГТ ласер. Зашто некој би го гледал овој филм во вакво кино кога ги имаш Линколн сквер што е најдоброто кино во северна америка и топ 5 во свет + остали 4-5 што се идеални за филм како Одисеа. Иди провери како стојат тие кина и кажи дали ќе најдеш некое добро седиште што не е у први редови од сега па до таму 15 септември. Реално овакво кино утепано да има волку карти продадени на месец дена после премиера е импресивно. И тоа не се работи за филм за деца или што таргетира посебен age group како Спајдермен, туку сериозен филм. Биди сериозен и ти малце :D.

Оригиналниот муабет со кој не се согласив беше дека СИТЕ IMAX проекции се распродадени. Не само тие во 1.90 формат, не само тие во 1.43 формат, туку буквално сите.

Ако за тебе овој филм е ремек-дело, тогаш веројатно ќе бидеш фасциниран и од најновиот Sharknado или од некој друг филм од Ц-класа.

Garden State Plaza е шестиот најпосетуван и најуспешен трговски центар во Америка. Голем дел од побогатите њујорчани живеат во Bergen County, каде што се наоѓа и Garden State Plaza.
 
:pos::pos::pos: добро.
 
Колку е само мрднат Нолан.

Визуелно одлична сцена, штета што и ова го утнал.

Одисеј мора да остане како љубовник некое време да ја плеска што не е прикажано.
 
Ги имам гледано и овој и постарата верзија од 1977, и можам да кажам дека постарата беше поопширна приказната и имаше некоја емоција у љубовната врска помеѓу жена му што го чекаше и него.

Интересна сценографија има новава верзија и добро што се решиле за римејк на филмов.

Hercules и Xena сериите од прошлиот век се исто добри коа веќе збориме за грчка митологија и антички времиња.
 
Ги имам гледано и овој и постарата верзија од 1977, и можам да кажам дека постарата беше поопширна приказната и имаше некоја емоција у љубовната врска помеѓу жена му што го чекаше и него.

И во таа верзија Одисеј е арогантниот итрец од делото.
 
Визуелно одлична сцена, штета што и ова го утнал.

Одисеј мора да остане како љубовник некое време да ја плеска што не е прикажано.
Не е утка, филмска адаптација е. Во митски приказни како Одисеа секогаш имаш девијации па и на книгите оф автор до автор се различни, а не па на филмско платно кога пробуваш да вметнеш 24 поеми во <3ч филм. Ако го гледаш филмот барајќи дупки од книгата едноставно боље не го глеј, не е за тебе.
 
Знам, не сакав ама ме натера она, што да правам.

Кога веќе го погледав давам рецензија. Утка.

Добар фантази филм но очајна Одисеја. Верзијата со Асанте е подобра Одисеја.
 
Back
На врв Bottom