Го гледав и јас пред една недела, и тоа пак како оригинално букнато во 10 сабајле во Недела.
И ќошињата беа зафатени
@Justae Verum, бидејќи тоа го сметаш како ултимативен доказ дека еден филм уште заработува. :p
Се согласувам дека глумата беше супер, ако не и најдобрата улога од Дејмон за мене.
Кога отвори со раперот и одма се префрливме на трансформерот мислев дека ќе голтам некои муабети што ги напишав тука, и можеби biased но го доживеав како тролање бидејќи натаму ниту се појавија ниту нешто особено сменија во филмот. Убавината што лаунчнала илјадници бродови како причина за војната ја даунплејна со политики околу трејдањето. И можеби и јас не сум старо-разбуден толку, но Шарлиз да би ја кастнал за таа позиција, но не само тоа, и на место на Зендаја убаво ќе залепи, и на место на Хатавеј. Кај снимиле со неа, летнале до кај и да е на одмор и завршиле во еден тејк? Не, сериозно, преубава е и не е чудно што Одисеј ја плескал олку години, но ми ја немаше Калипсо магијата островот. Сите останати приказни беа горе долу совршени, дури на момент беа хорор и многу посериозни одошто беа претходно во мојата глава.
Не знам дали ми се допадна крајот со прогонството и гонење зајдисонца, и иако сорсот завршува во некои верзии смешно со граѓаните и боговите, сепак... Ја разбирам и жртвата, но за мене Одисеја е многу повеќе за Итака, за домот и копнежот за родното место... но од друга страна човекот си сака авантури

, инаку после војната не би фатил вон комерцијалните рути со веќе налутени богови накај дома. Го сфаќам и делот дека не сакаше баш и да си отиде бидејќи неговата лукавост пречекори некои права и норми по тогашните нивни правила што ја разниша цивилизацијата, сепак. И Зендаја добро ја одигра, како грижа на совеста од вистинска девојка, наместо да е плот девајс и преку различни маскирања да ги води таткото и синот. Ми беше сумљиво дека не си играше толку со Telemachus, но тоа било за да даде Нолан свој осврт.
И навистина беше премногу гласно, особено бурата... ме извади од филмот на секунда, поштено.