Отсекогаш сум бил против државно пропишани квоти. Ако се способни нека се и 100% од било која демографска група (мажи, жени, Македонци, Албанци, белци, црнци) во еден колектив.
А за рудниците добра е поентата на Артемисиа во смисла на тоа дека огромно мнозинство од мажите попрво би работеле канцелариска, отколку тешка физичка работа. Речиси секој човек би избрал канцелариска работа, без разлика на пол.
За квотите се согласуваме, ама јбг, ново време, до кај ќе тера ќе видиме.
А за рудниците поентата би била добра кога не би се бунеле и протестирале за инклузивност, но САМО за канцелариските работни места. Работава е не замарај за еднаквост и да влезеш на мала врата, туку пробај фер, па ако не те земат, сакал-нејќел, ко што вика Фенел, ќе си работиш ко попче у рудник, тогаш ќе ја искусат вистинската реалност и еднаквост, во моментов многу жени се одлепени од реалност со тоа што канцелариски цуци ми викаат ние можеме се што и мажите. ОК, wanna bet, ќе идеме ние колективно, сосе мене, у рудник на месец, па да видиме дали можат да ја докажат теоријата. Мислиш ли некоја од нив ќе се нафати, туку да се најдеме у муабет демек еднакви сме. Вака излегува дека борбата за еднаквост кога сакале да гласаат би било нешто у стил, сакаме да гласаме на национални, но не и на локални избори. Сакале и се бореле за целосна еднаквост, а сега се иде преку леб на погача со ова извољевање.
Во однос на борбата за еднаква плата за иста работа, според мене треба, и потполно е нормално и фер иста плата да земаат директор и директорка на фирма, доктор и докторка, професор и професорка итн.
Но, разликата во платите помеѓу спортистите и спортистките е целосно оправдана и нема никаква врска со мизогинија и сексизам.
На пример, во фудбалот приходите зависат меѓу другото и од гледаност, реклами, популарност итн.
Едноставно, разликите во платите се должат на тоа што машкиот фудбал е многу попопуларен и погледан во светски рамки од женскиот.
Во државните инситуции не знам како е, но да, ја би ја израмнил платата онде. За спортистите се согласуваме, носи ли приход, пренос и внимание, нека зимаат, од џеб не ми ги зимаат. Ама на запад и таа шизофренија ја имаш, слепо се бунат за pay gap кај спортистите, ама кажи им иди на женски фудбал и купи реквизити, ти вика нејќам

Епа тие приходи не се од небо.
За приватните фирми, во време на капитализам, не можеш да ги израмниш платите, затоа за таа цел има опсег демек од 1000-1500 евра, пример, за влезна позиција. Pay gap-от кој што се создал е зашто јас сум мудоња и барам 1400, а жените бараат 900 за да е сигурица и на нив им даваат 1000, зашто барале под опсегот, и се сва среќни. Сва среќни дур не влезат т.е. после веќе се бунат. Еве дур бев менаџер и најмувавме луѓе, оваа тенденција ја видов у живо. Да, чат пат имаше маж да изненади со ниска сума и жена со висока, ама претежно си имаше модел, да речам тренд. Е сеа не е фер они да се плашат да се ценкаат ама да протестираат зашто зимаме ние повеќе, кога ние сме играле шизик на ризик и сме барале повеќе дури и по цена да не ја добиеме позицијата. Еве ја ти кажувам, во приватна фирма ти можеш и 10 и 100 илјади евра месечно да бараш, никој не ти пречи, сеа тоа колку е реално и дали ќе ти дадат е друго питање. Значи ти се ценкаш сам ко индивидуа, не ко претставник на пол.