Да, имаш доживотен имунитет.
Еден комарец да е на планетава мене ќе ме каснеше до лани. Годинава сите бегаат од мене, чудна работа. Овие инфицираните изгледа не ме сакаат.
...дискутабилно за „доживотен имунитет“, никој не смее да се опушти ако ја прележи болеста, мислејќи дека веќе го има доживотно имунитетот природата на вирусите е да мутираат, некои повеќе некои помалку, но сепак мутираат, а и човечкиот имунитет во различно време е со различен интензитет ако се додадат и други хронични болести (коморбидитети), независно од возраста, туку од околината и моменталната состоба на имуниот систем и општо на телото.
... така да нема опуштање, целосна можна заштита, внимавање колку се може и негување на телото за да може имуниот систем да работи нормално!
Еден комарец да е на планетава мене ќе ме каснеше до лани. Годинава сите бегаат од мене, чудна работа. Овие инфицираните изгледа не ме сакаат.
... тоа што комарците избираат одредени луѓе пред други има повеќе услови зошто е така:
- го чувствувале јаглеродниот диоксид што го издишуваме од оддалеченост од дури 50 метри, луѓето со
побрз метаболизам,
бремените жени,
покрупните луѓе и
деца природно издишуваат повеќе CO₂ и први ги привлекуваат комарците во околината.
- кога веќе се привлечени комарците, кога ќе се приближат, комарците реагираат на хемиските супстанции кои нашето тело ги лачи преку потта, тие се привлечени од
млечна киселина,
урична киселина и
амонијак, луѓето кои вежбаат, кои се физички активни или природно повеќе се потат, лачат поголеми количини од овие соединенија, што ги привлекува повеќе комарците.
- потоа, на нашата кожа живеат милијарди корисни бактерии кои ги разградуваат мастите од потта и создаваат специфичен мирис, луѓето со
поголема разновидност на бактерии на кожата
се помалку привлечни за комарците.
- луѓето со
нулта (0) крвна група се попривлечни за комарците од луѓето со крвна група А, а крвната група Б се наоѓа некаде во средината., околу 80% од луѓето
лачат хемиски сигнал преку кожата кој ја открива нивната крвна група, што комарците лесно го детектираат.
- комарците имаат посебен
визуелен контраст кај човекот, па носењето темни бои на облека ги прави луѓето попривлечни за комарците, отколку тие кои се облечени во светли нијанси, како и широката облека нуди дополнителна физичка бариера.
- примена на
парфеми,лосиони, миризливи сапуни, купки од слатките, цветните и овошните мириси ги привлекуваат комарците бидејќи нивните рецептори ги мешаат со вистинско цвеќе, парфемите со база на кедар, сандалово дрво или мошус се понеутрални и непријатни за комарците, а посебно е одбивен за нив производите со масни киселини од кокос- лауринска, капринска и каприлна киселина, но само изолирани киселини, а не општо примена на кокосово млеко, лосион и слично.
... значи секојдневно, почесто туширање со средно ладна вода и користење на немиризлив медицински гел или воопшто никакво сапун, ги острануваме сите горе наведени примери за привлекување на комарците, друго низ домот иако имате клима треба да користиме истовремено по можност цел ден додека сме во просторијата вентилатор, самиот ветер е природен бркач на комарци, па дури и на тераси доколку се седи, на ниво на нозете да дува,
Како што потврди и Министерството за здравство, вирусот бил лабораториски изолиран кај
мртов гавран пронајден во градската средина, ова значи дека локалните комарци во Скопје константно се заразуваат од урбаните птици кои го носат вирусот во крвта,
ПРАШАЊЕ : - ШТО СЕ ПРЕВЗЕМА ПРОТИВ ИЗВОРОТ НА ЗАРАЗАТА - ГАВРАНИТЕ?