Постојат студии за се и сешто па и за ова, изгуглај
Студии за „Прикриен инцест“ (Covert Incest) и Кенет Адамс
Д-р Кенет Адамс е пионер во истражувањето на овој специфичен проблем. Во својата култна книга
„Silently Seduced“ (Тивко заведени) и придружните клинички студии, тој докажува како мајките кои се емоционално напуштени или незадоволни од своите сопрузи, несвесно ги претвораат своите синови во
„емоционални заменски партнери“. Студиите на Адамс покажуваат дека овие мажи во возрасниот период страдаат од тешки блокади при обидот да остварат сопствена романтична и сексуална интима. [
1,
2]
Значи една книга не се клинички студии - без разлика кој е насловот на книгата, тоа прво. Не е битно дали е тоа сублимат од нечија кариера во одредено поле и она што го увидол како пракса па сака да го претстави во книгата.
Второ и многу побитно, ти одговорив и во првиот пост ама блатантно го отфрли дека „не сме се разбрале“ иако повеќе од очигледно ти кажав дека паралелите кои ги правиш обопштуваат нешто шо не можи така лесно да се обопшти и генерализира, а тоа е: сите жени во менопауза имаат проблеми со својот партнер и особено после менопаузата го заменуваат својот партнер заради недостаток на секс и се насочуваат кон синот.
Дополнително, ти кажа дека ако човек не си ја заврши работата вкревет кај жената, ќе има проблеми.
Извини ама двете тези ти се погрешни пошто колку сакаш качувај му се ти на жена ти учка, неа кога тогаш ќе ја стигне менопаузата и тогаш нема да влијае тоа колку ти комулативно претходно си ја „онадел“, за да не се сврти потоа кон син ти наместо да остани со тебе во нормално партнерство - твоја идеја/концепт.
Второ, не можи да го користиш овој извор или било кој извор за да вадиш општи заклучоци за цела популација пошто буквално сите би функционирале така, а сведоци сме дека не е точно.
Мајка ти, мајка ми и уште 10 мајки овдека на 10 рандом членови кои последните страници пишуваме на темата се кладам дека не го замениле својот сопруг после менопаузата заради недостаток на секс со својот син.
Еве сакаш да провериме член по член и после да вадиме статистички колку си во грешка?
Значи, убаво е да речиш ама има и вакво мислење или книга или идеја ама да налагаш дека имало истражувања и дека тоа е така без никакво сомневање и во мнозинството број на случаи е во најмала рака наивно од твоја страна и смешно само по себе.
Друга и многу битна работа, сигурен сум дека Адамс или било кој друг што го проучувал ова имал увид т.е. зборува за проблематични семејства, семејства кои од одредена причина не функционирале најнормално.
Друго е да имаш една теорија која тој ја претставил и ја брани според сопственото искуство во контакт со пациенти, но сосема трета работа е да го издигниш тоа на повисоко ниво (како што се обиде да го направиш ти) и да вадиш од тоа обопштено правило.
Повторно и крајно, пошто не планирам да се цитирам во недоглед... ти честитам на упорноста да се информираш од секаде каде можиш за да станиш добар родител на своето дете - така и треба. Но, постои момент каде не можи да ги земаш работите здраво за готово и да генерализираш како мажот не си ја врши должноста во спална, дополнително жената е во менопауза и потоа се преминува кон синот и го заменува со местото на мажот и.
Тоа НЕ е нормална пракса за нормални семејства и тоа Е појава само кај семејства кои од некоја причина се „проблематични“, односно дисфункционални.
Ти реков, од 10 овде сигурно на 9 членови *(сигурен сум и 10 комплет ама ајде benefit of a doubt) релацијата на сопругот и сопругата во бракот немала таква инерција и таков тек.
Тезите ти беа сосема погрешни за заклучоците кои ги изведе од нив и се обиде да ги обопштиш на цела популација.