Никогаш не сум го можел пивото, многу ми е горчливо вкусот. Можеби донекаде Зајечарско во лименка не е толку многу горчливо ама и тоа не го испив до крај.
Во живот немам испиено вкупно ниту 2 литри пиво. Сериозен сум. Сум купувал и сум отворал лименка или флаша и не сум го можел вкусот горчлив и се откажував од целосно пиење на лименка/ флашата.
Сега пијам исцеден лимон во 250 мл ладна вода, без шеќер, пијам секој ден наутро.
Сите три пијанства кога бев пијан ми беа од вино.
Пиев исклучиво само вино и тоа во солидно големи количини. И само вино пиев, не го мешав ниту со кисела вода ниту со сокови.
Првиот пат испив помеѓу 4 до 4, 5 литри црвено вино во Росоман во кафеана во ноќта 17.02.2018 година спрема 18.02.2018, Сабота спрема Недела. Славевме ,, Сретење" Српски празник во Росоман.
Вториот пат испив 5 литри црвено вино. И потоа жестоко повратив на тепихот во мојата соба дома, се гледаа на тепихот зрна од грозјето.

09.02.2021 година. Беше Вторник денот.
Третиот пат испив 2 литри црвено вино и уште 2, 5 литри розево вино. 31.10.2021 година. Беше Недела денот.
Помеѓу првото и второто пијанство, еднаш на 14.01.2019 беше Понеделник ( славевме ,, Српска" православна година) испив 2 литри црвено вино и келнерот ме праша кога ги зема од масата празните две стаклени флаши дали уште да донесе вино, јас му кажав дека е доволно и повеќе не ми треба вино, и ништо не ми беше од тие испиени 2 литри вино.
Очигледно после третиот литар вино ме фаќа криза и почнува пијанството.
Вкупно имам во живот испиено околу 20 литри црвено вино и околу 4 литри розе вино. 24 литри како 24 грен слемови за Ѓоковиќ. Белото вино само сум пробал ама не го можам вкусот не ми одговара.
Ама толку беше од пијанствата за мене. 31.10.2021 ќе ми остане како крај за пијанствата.
На 23.08.2026 има нов снукер турнир во Вухан, Кина и финалето е на 30.08.2026 и ако Марк Селби пак освои титула, тогаш следен ден на 31.08.2026 ќе купам коктелче Мохито како тоа коктелчето од завчера.