ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Денес е роденден на Јаник Синер.
На 16.08.2001 година е роден актуелниот светски број еден Јаник Синер.
Среќен роденден и многу успеси во кариерата за Јаник Синер.
 
Ноле некако рече дека нема да игра догодина на Синсинати. Дали најавува пензија.
Најави дека сака да биде знаме носец за Србија на Олимпијадата 2028 и тоа ќе му биде последна година,тоа го кажа на некој подкаст,може да тера до тогаш и лабаво да се појавува на турнири ништо не губи.
 
Последно уредено:
Тенисер од калибарот на Ѓоковиќ, по мое мислење, треба да се натпреварува се додека е конкурентен за освојување на титули. Во случај да ништо не губи, но истовремено, ништо и не добива (не освојува титули, особено толку посакуваниот 25-ти Grand Slam) можеби е време да почне да размислува за повлекување.
Можеби коментаров ќе биде погрешно сфатен, бидејќи, како што напишав во претходниот коментар, огромен сум фан на Федерер, но испаѓање во прво или второ коло, односно после првиот одигран меч и тоа во континуитет, според мене, не би требало да си дозволи. Федерер навистина направи огромна пауза, веројатно во очекување работите "магично" да се променат, но, претставувам, кога сфатил дека такво нешто е невозможно, ја донесе вистинската одлука. Како негов фан не ми беше сеедно, но претпочитам да не го гледам воопшто на тениските терени, отколку да сведочам на негови испаѓања во раните фази на турнирите.
На пример, потполно ми е несфатливо "активното" бавење со тенис на Венус, како и обидот за враќање на Серена Вилијамс.
Со оглед дека се уште немам фаворит меѓу актуелните тенисери, Рафаел Ходар ми се чинеше како потенцијален следен фаворит, но, ако не се лажам, менувањето патики за време на game-овите му преминува во пракса.
 
...со секој настап дали ќе освојат или губат тенисерите зараборуваат пари со секое учество на турнири, кога ќе нема веќе титули ќе има прилив на пари за учество, колку толку, тоа е веќе бизнис како дел од професионалниот спорт.

IMG_20260817_075832.jpg

...Новак значи иако изгуби сепак доби 36.110.00 $ и дополнително 30 АТП поени, дополнително бил фамилијарно во Синсинати прошетале, уживале, што ќе добиел ако не учествувал?
 
Последно уредено:
Ноле некако рече дека нема да игра догодина на Синсинати. Дали најавува пензија.

Не му одговараат условите бидејќи во Синсинати е многу топло, голема е влажноста на воздухот и тоа влијае на условите за игра.
А и секако нема шанси за титула, моментално се појавува како турист на турнирите, за жал е таква реалноста.
И како турист следната година ќе направи промена во календарот за туристички патувања, и следна година преку летен период ќе оди на мастерс во Канада да прошета како турист со семејство а ќе прескокне Синсинати.
 
Да ја ебам у гз женска му на Шелтон, 23 години има и сеа демек заморот го фатил и губи од рандом лик пак. Новиот Циципас е овој роден во 2000тите. Ќе има освоено мастерси ко него, ваљда едно две финалиња на слем, но ќе губи ко пичка од секој и секого еднаш у месецот.
 
...со секој настап дали ќе освојат или губат тенисерите зараборуваат пари со секое учество на турнири, кога ќе нема веќе титули ќе има прилив на пари за учество, колку толку, тоа е веќе бизнис како дел од професионалниот спорт.

Прегледај го приврзокот 485174

...Новак значи иако изгуби сепак доби 36.110.00 $ и дополнително 30 АТП поени, дополнително бил фамилијарно во Синсинати прошетале, уживале, што ќе добиел ако не учествувал?
Гледав интервју со него, Новак изјави дека затоа и уште играл, да потсобере уште некој денар додека може пред пензија.
 
...со секој настап дали ќе освојат или губат тенисерите зараборуваат пари со секое учество на турнири, кога ќе нема веќе титули ќе има прилив на пари за учество, колку толку, тоа е веќе бизнис како дел од професионалниот спорт.

Прегледај го приврзокот 485174

...Новак значи иако изгуби сепак доби 36.110.00 $ и дополнително 30 АТП поени, дополнително бил фамилијарно во Синсинати прошетале, уживале, што ќе добиел ако не учествувал?

Да , инаку спортот наречен тенис се игра со тркалезно топче. Со тоа топче тие што го играат се викаат тенисери и за да го замавнат потребни им се таканаречени рекети. Рекетите имаат дршка , а погоре се жиците од кои се одбива тркалезното топче. Бојата на топчето е зелено жолтеникава. Исто да се напомене дека топчето многу наликува на круг.

1000002934.png
 
Поглед од перспектива на обичен граѓанин на северна.
Тие во Синсинати биле милион пати, нив да седнат на едно место и да се одморат им фали. Ама изгледа Ноле е врзан со спонзорски договори и мора да се појавува на одредени турнири.
 
Веројатно есенва ќе игра на турнирите на бетон во Кина.
Популарен е во Кина а и спонзорите тоа ќе бараат.
 
Да , инаку спортот наречен тенис се игра со тркалезно топче. Со тоа топче тие што го играат се викаат тенисери и за да го замавнат потребни им се таканаречени рекети. Рекетите имаат дршка , а погоре се жиците од кои се одбива тркалезното топче. Бојата на топчето е зелено жолтеникава. Исто да се напомене дека топчето многу наликува на круг.

Прегледај го приврзокот 485190
Ок, знаеме дека знаеш, ама не знаеш да и кажеш на Бјонси да не пишува на темава.
Нејзе и е досадно чита се' и постира скоро се'.
Така да фала и за учеството на темите Женски газиња, цицки и останати атрибути :D
А тебе и на другите би ви препорачал да компезирате минусите тука, со плусовите таму.
Беш га нема се' супер, некаде и пелин ќе се најде:toe:
 
Се извинувам ако грешам, но "просветлувањето" ми звучи како реплика на мојот коментар, бидејќи ги опфаќа аспектите на кои се осврнав. Така што, да, веројатно освоените 36 000 долари се огромен "бизнис", а 30 -те поени на АТП листата и прошетките со фамилијата во Синсинати се доволна сатисфакција за тенисер од рангот на Ѓоковиќ, кој "тежи" стотици милиони долари. Пари заработени не само од наградните фондови на турнирите, туку и од спонзорства и вистински, сериозни бизниси. Што значи дека, за оние членови на форумот кои не се запознаени со тој факт, врнивните спортисти имаат повеќе извори на приходи (како што веќе посочиле оние кои се запознаени со истиот). При што "споредните" приходи, неретко ги надминуваат "главните".
Не знам што ќе добиел ако не учествувал, но ако продолжи со учество на турнирите поради"прошетките" со фамилијата во местата каде истите се одржуваат (активност која ја искусил десетици пати) би ризикувал да го изгуби достоинството, а тоа не се купува дури ни со "вртоглавите", за негови стандарди, 36 000 долари заработени од овогодинешното учество на Мастерсот во Синсинати.
Секако не сум негов фан, така што не сум премногу засегната од неговата одлука за евентуално пензионирање. Можам само да кажам дека јас,, на негово место, би ја објавила најдоцна до крајот на сезоната и истата би стапила во сила веднаш.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom