Тенисер од калибарот на Ѓоковиќ, по мое мислење, треба да се натпреварува се додека е конкурентен за освојување на титули. Во случај да ништо не губи, но истовремено, ништо и не добива (не освојува титули, особено толку посакуваниот 25-ти Grand Slam) можеби е време да почне да размислува за повлекување.
Можеби коментаров ќе биде погрешно сфатен, бидејќи, како што напишав во претходниот коментар, огромен сум фан на Федерер, но испаѓање во прво или второ коло, односно после првиот одигран меч и тоа во континуитет, според мене, не би требало да си дозволи. Федерер навистина направи огромна пауза, веројатно во очекување работите "магично" да се променат, но, претставувам, кога сфатил дека такво нешто е невозможно, ја донесе вистинската одлука. Како негов фан не ми беше сеедно, но претпочитам да не го гледам воопшто на тениските терени, отколку да сведочам на негови испаѓања во раните фази на турнирите.
На пример, потполно ми е несфатливо "активното" бавење со тенис на Венус, како и обидот за враќање на Серена Вилијамс.
Со оглед дека се уште немам фаворит меѓу актуелните тенисери, Рафаел Ходар ми се чинеше како потенцијален следен фаворит, но, ако не се лажам, менувањето патики за време на game-овите му преминува во пракса.