За првите 2 параграфа и јас се сложувам со тебе и зурла.
За ова со водава и фирманентот како ќе го објасниш предходниот настан кога метеор мава во Мексико и ги збришува диносаурусите доколку ете тогаш постоел фирманент?
Или според тебе диносауруаите непостојат ( делимично се слагам за некои видови) , а огромниот кратер од метеорот е лажен ?
Исто така за првите два параграфа едно прашање да ти поставам. Доколку сметаш дека се масовно се крие од нас, дали сметаш дека и постоењето од вонземјаните се крие ?
И што мислиш за нив ?
Добро, барем за нешто се согласуваме.
Во православната вера и Црква се наоѓа учење кое само по себе е цел еден светоглед, кој го опфаѓа и Бог, и Светот и сВе живо во Светов, па затоа учењето опфаќа и „езотерични„ теми кои не се интересни за световните луѓе.
Приказната дека метеор од пред 50-60мил. години ја мавнал Земјава и ги убил диносаурисуте, е бајка која не се вклопува во црковното гледање на работите и црковното датирање на историските настани.
Црквата познава Вселена која не е постара од 7500години, така да цифрата од 50мил. години е неточна.
Фирманентот не постои, оти водата од него е „потрошена„ во големиот потоп, кој (потоп) е причина за поморот на голем број од живи битија, кои до тогаш природно постоеле на Земјава. Фосилните остатоци од битија кои денес не постојат, доаѓаат од тоа време.
„Саурусите„ се изумрени токму по тој период (после потопот) од Земјава и несомнено е дека постоеле како засебен род, но не и како битија кои се „реконстуирани„ на неубедлив начин.
Претпоставка е дека се изумрени ради наглата промена на климата на Земјава, која станала неповолна за одредени родови и видови.
Одредени религиозни од камен изрежани предмети, пронајдени кај средноамериканските домородци, покажуваат дека тогашите луѓе и „саурусите„ биле „познаници„.
Кратер од метеор може(л) да падне и во времето од самиот потоп, кога целава Земја била во општ хаос, со јаки морфолошки подоцнежни промени.
Многу нешта се кријат од нас, како род човечки, оти центрите на реална глобалистичка моќ ни ги дозираат само нивните вистини, кои се помалку битни, додека општочовечките вистини се потиснати од јавноста и неслучајно се исмејувани со изразот „теории на заговор„.
Вонземјаните постојат, тие во Црквата се одамна познати и кој има познавање од православната вера, веќе знае дека Св. Ап. Павле нив (вонземјаните) ги нарекува „духови на поднебесието„. Во суштина, тие вонземјани навистина се вонземјани, немаат потекло од материјалниов Свет, туку тие се избрканите ангели од Небесата (од духовниот свет), кои тргнале по патот од Сатаната и кои сам Бог, преку Архангелот Михаил, ги има истерано и турнато на Земјава, за да го мамат човечкиот род.
Постои цела една книга од еден современ руски автор, насловена како „Демони и луѓе„, во кои авторот, преку споредба на особните од демоните и особините од „вонземјаните„ доаѓа до заклучокот дека вонземјаните не се непознаница и тајна, туку одмана позната вистина, од кога е создаден Светов и веков.
Еве ја книгата:
svetosavlje.org
Тајните служби намерно го релативизраат и одогловлекуваат „објавувањето„ на тие „натприродни„ феномени, затоа што ако вистината излезе на видело, ќе падне и целиот овој материјалистички светоглед, кој не познава и не признава постоење на духовност и на духовни битија.
Тие „натприродни„ феномени, кои се јавно и дозирано пуштени, сами од себе не кажуваат ништо суштински и се само обична забава за народ.
Доволно е да (у)видиме какви нејасни видео-записи се јавно достапни, кои се именувани како „НЛО„.