Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
На запад зборат Путлер непопуларен бил, ќе го мењале на избори, или ако не, тогаш бунт ќе му се десел.
Еве снимка со деца како го начекале на застанување... Го мразат бе, го мразат.
Децата немаат право на глас на избори.
Од една страна ова со вклучување на деца во видео снимки и пропаганда со децата е малку језиво и скандалозно.
Од причина што и Хитлер така правеше со нацистичката младина.
Баш е без врска ова со деца во такви цели во ситуацијата во која е Русија како држава.



Прегледај го приврзокот 484740
Туркменистан на Gurbanguly Berdimuhamedow (кој ќе го пишува на кирилица).
Направено од чат-бот.
Не значи ништо и не е поврзано со ништо, туку чисто само да слезиме на неколку нивоа подолу во "дискусијава", да се израмниме со некои членови.
Путлер е како полубог за Русите, не може лесно да го разбере тоа некој со лидери како Зоки Заев на пример... Или уствари, баш затоа би требало многу лесно да се разбере: Замисли наместо нашиве политичари да имаш лидер 100% посветен на државата и на ништо друго. Писмен, паметен, едуциран, со часови зборува со новинари (меѓу нив и амерички), без скрипта, без факинг телепромптер, без ништо, рандом прашања нафрлувани од новинари од цел свет. Америчкиве ПОТУС-и ги врти окулу мал прст и во разбирање и во дискутирање, и во СЀ.Членот @Vanlok во неговиот коментар имаше напишано дека според западот Путин не бил популарен и дека ќе го сменеле на избори,
( иронично секако од членот).
И јас напишав во таа смисла дека децата од видеото немаат право на глас на овие локални избори во Русија и таа популарност кај тие деца не е патоказ за изборите и гласањето на изборите ( секако Путин и неговата партија убедливо ќе победат ).
Можеме да го величаме и глорификуваме и симпатизираме како лидер, ама премногу има загинати и повредени- осакатени мажи од војната т.е специјалната воена операција.
И многумина изгубија животи а не оставија зад себе деца а некои оставија зад себе деца сираци.
И да, и јас сум против Русија да склопува мировен договор кој нема да води никаде и повторно би излегла во блиска иднина уште пожестока војна. А ќе излезе во иднина уште појака војна ако се склучи мировен договор со кој Украина ќе има војска од 600.000 до 800.000 војници, тоа е голема војска.
Е да, прашањето е како Русија да стигне до поволен мировен договор без уште повеќе топовско месо да гине на фронтот.
Се заглавија во кал. Но ете кога веќе имаат сигурно преку 100.000 загинати, нека имаат и уште толку загинати но од идниот мировен договор да бидат безбедни и да нема право Украина да има повеќе од 200.000 лесно вооружена војска.
Ама едно е мојата замисла и надеж, а сосема е поинаква реалноста, Украина е супер вооружена и плус произведуваат дронови и ракети и останата воена технологија, и тешко дека ќе прифатат ограничувања на војската.
Украина е со Полска меѓу најмилитаризираните држави во Европа.
Ова е на штета и на белиот човек и на Словените како народ и на христијаните.
И затоа и не е баш ова видео со децата соодветно да се поставува од тој аспект кога многу дечиња останаа без свои татковци, но ете некои мислат поинаку што е во ред секој со свое мислење.
А со тие сликите, па Трамп и Бајден не завија во црно сто илјади Американски дечиња да останат дечињата без свои татковци.
И нормално е во САД во белата куќа во кабинетот на претседателите на САД да доаѓаат во посета малите дечиња, си имаат традиција и протоколи Јенките.

aviation21.ru