Се согласувам со двете точки, точно се поставени. Само би додал дека мојот фокус не е на исклучоците, туку на мнозинството. За повеќето луѓе, патот до семејно богатство не е преку една голема победа, туку преку долгорочна работа, дисциплина и размислување низ генерации.
Има една изрека: "My goal is to work so hard that what is a ceiling for me becomes the floor for my children."
или на македонски би звучела: „Работам толку напорно што мојот плафон ќе стане подот од кој ќе тргнат моите деца.“
Сите се фокусираат на неколкуте исклучоци, како Роналдо, Опра, Лари Елисон и слични приказни за спектакуларен успех. Но речиси никој не зборува за мнозинството, за средината. Тоа се семејствата што напорно работат со години за нивните деца да имаат подобар живот од нивниот. Во реалноста, вистинското богатство најчесто не се создава преку една генерација. Потребни се две или три генерации дисциплина, труд и жртви за да се изгради сериозен капитал.
А потоа, многу често доаѓа четвртата генерација, која растела во изобилство и не ја почувствувала тежината на создавањето на тоа богатство. Тогаш лесно може да се случи сe што било градено со децении да биде потрошено или изгубено за релативно кратко време.
Интересен осврт на Роналдо и другите.
И не мора да ни кажуваш на нас, децата од работничка класа, впрочем сите ние овде бевме у Социјалистичка Југославија, ете кога имало "средна класа."
Се збогатија тие што испокрадоа по нејзиниот распад.
Тоа е реалноста у Македонија.
Тие што не можат да се збогатат, а сепак имаат амбиција да бидат богати, се коцкаат, земаат кредити брзи, спори, легални, нелегални, ризикуваат и глава и семејства, за да на крај купат некоја скапа кола и слични материјални работи за курчење.
А има и такви коишто прифатиле да останат просек и се задоволни со тоа, иако секогаш може подобро.
Богаташите од Македонија за богаташите од странство се обични голтари.
Богаташите од странство се тие кои го создале глобалниот бизнис со увоз и извоз, откако намалиле и затскриле пљачкање ресурси и робовладетелство.
Ние овде сме ништо. Секој бизнисмен попрво ќе увезе (прошверца) од Браткса Бугарија било што, ама на македонски производител нема да му даде ниту денар повеќе. Секој политичар ќе земе мито и ќе довлечка странстка инвестиција и ќе стави граница на минимална плата.
Секој "газда" овде е само обичен директор на некое претставништво за коешто одел таму и кукал да го отворат овде у Македонија.
Практиките, мантрите и другите лајфкоучинг булшит можеби важат таму на Запад, ама за нашата држава не важат.
Сите овде знаеме дека никој од оние не успеал поради зголемена мотивација читајќи туѓи изреки, него успеал прво со предавство, крадење, искористување, улизување, шверцање, приватизација итн...