- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 4.578
- Поени од реакции
- 8.519
Ја кога е во прашање only fans имам чувство дека многу од тие што се креатори на содржини се уствари млди луѓе кои не размислиле за тоа какви трајни последици оставаат на интернет. Они мислат дека сексуалната работа на интернет е побезбедна од сексуалната работа во живо.
Дигитализацијата на ова сфера може ги заштитува од аспект на некаква физичка безбедност и им дава автономија, но тоа ако гледаш преку розови очила. Може нема физички ризици, ама има милион други ризици кои ерата на интернет си ги носи и може да те обележат за цел живот. Да не зборам за психолошки притисок и сл.
Па да, ама многу пати и реално се заборава.
Еве, Ким Кардашијан, Северина, Миа Калифа. Сите ние знаеме како они станале популарни и кој им бил breakthrough. Памела исто да не ја заборавиме.
Fast forward 20+ години од нивниот breakthrough, они се:
- музички икони
- успешни бизнисменки, мултимилионерки/билионерки
- жени идоли
- борци за разно разни права на животни и што уште не
- модни икони
- глобално популарни
- џет сет тренд сетерки
- пропагатори за женски права и тн и тн
Денес никој не се ни сеќава како они станале популарни, бидејќи има хиперпродукција на контент, на клипчиња, инстаграм постови и што уште не. Веројатно нивната животна премиса е - секое чудо 3 дена. Баш би рекол дека спротивното стои - премногу лесно се заборава како они станале популарни. Во тоа е и проблемот.
Едино нешто што вечно ќе им остане е фактот што нивните деца се челад на такви ликови и ликуши. Ама знаеш како површно го правдаат тоа ? Еј, боље моето дете да е депресивно у вила од 10 милиони и бугати, него ли да е депресивно у фиат пунто и гарсоњера од титово.
Исто така, огромен проблем е што дискрепанцата маж-жена во светов е највеќе заради лоши идоли на двата пола. Едните се фаќаат за вакви латентни порно ѕвезди, другите се фаќаат за алфа мажјак фаци како Тејт, Трамп и тн и тн.
Сеа стои и фактот дека такви идоли се форсираат од (како сакаш наречи ги елитите) оние што го владеат светот, бидејќи нема некој normie да ти стекне популарност глобална, туку баш овие контроверзни сексуализирани ликови.
Елитите кои се сопственици на мултинационални корпорации немаат интерес од некој normie со морал и етички вредности, туку со вакви кромањонски битија кои немаат ни срам ни перде и единствен фокус им е да привлечат повеќе внимание, пред се со контроверзност, дали ќе биде тоа физичка(голотија и порно) или зборовна/мисловна(контроверзни алфа мажјак, анти феминизам ставови), небитно.
И да, баш таа дискрепанца се повеќе и повеќе ќе расте, се повеќе вакви ликови и ликуши доминираат низ јавниот дискурс и тоа е нешто што ме загрижува.
)
