Нема проблем јас со провокации, со години на форум си ги мерам со вас мажите тука, имало мајтапи и серии на моја сметка колку сакаш, и не се лутам, знам да избувнам ако сум била во ПМС или слично ама ми врви одма, ама да ми спомнува дете некој тука на форум нит ме знај нит ме познава, е то не дозволвам. Курајбер не само што провоцира туку и си бладва од памет и збора невистини за мене, сите тие работи базирани на мислења на форум, како пола од форумов што мислат дека на Бајро живеам, а допирна точка немам со то место.
И не знам зошто толкав хејт има на темиве спрема оние кои се иселија од тука, да не му борџиме кирија на некој ? Сме коментирале само лошо за Македонија, ај нека се случи нешто убо и тоа ке го коментираме и го коментираме ама ликови како него само негативните страни ги земаат.
И од сите луѓе шо коментираат негативно тој мене ми се качи, патем кој и самиот тој ги дели истите мислења.
А уствари кој е курајбер да кажи кој треба да збора негативно за Македонија, што е тој дежурен бранител на државата, не разбирам.
Наместо гневот да го насочат кон сите државни виновници што им се иселија другарите, роднините тој со Чолисмо мери колбаси на форум.
Секој втор муабет му е глупа, проста, парталка, тешко на тие луѓе искрено шо имаат таков речник со било кој па поготово со жена, утре другиден ќе се жени можи и ќерка да има, ама тој си знај.
Јас пецкам, се контрам, ќе направам мајтап ама никогаш никогаш прва немам навредено некој, модераторите тоа можат да го потврдат а и сите тука, вклучувајќи те и тебе.