Еве
@YoucancallmeV ја имам друга идеа... само веројатно уште порадикална, па би требало да е предмет на посебна тема (кога ќе ми дојде редот) иако истиот проблем го тангираме..
Да се направат вистински, одговорни и законски социјални мрежи!
Не да забрануваме голотија, туку да се разголиме "до коска" и тоа по сила на закон!
-Јас Јанко Јанковски (роден, тоа и тоа дато, докажано со извод во фб/инста/кајгана) вистинско име, презиме, податок, законски се одговара за вистинитоста на податоците!
-завршено тоа и тоа, од таа до таа година, со тој и тој просек (докажано со заверена диплома на нотар!)
-работен стаж: тоа и тоа, таму и таму, од тогаш до тогаш! (докажано со извод од ПИОМ!)
-разведен/мажен/женет (пак со документ)
-осудуван или не! (со доказ од суд, и ако сум бил, за што сум бил и колку сум бил осуден! ЈАВНО)
-плата/заработка (не мора точно, ама од толку до толку, исто со документ од ПИОМ)
Исто и за Стојна! Кривично дело лажење, фејк профил, лажни податоци!
Разголување кој и колку сака!
Амаааа...
Јас Јанко можам да се сликам со р кец, ама погоре пишува дека работам у Кромберг за минималец!
Стојна може да се слика у Дубаи со цицките, ама два дена нема работено нигде ништо у цел живот!
Паметноме и једном доста! Кога ќе се соберат два и два
Или кога анти-вакцинашите и билдерите ќе почнат да дебатираат био-хемија, а средно едвај завршиле со поклонета двојка биологија и хемија!
Е тогаш мирниот, поштен и повлечен(срамежлив) Петко нема да си набива комплекси, или да се срами!
А Рајна нека става слики од Острошки со два брака, партиско столче, и превртена километража!
Да видиш дали тогаш ќе биде "грмиш краљице", и од кои ќе биде тоа
Само тоа ни е решение за проблемот!
Јебеш приватност, и онака Гугл/Епл се знаат за нас..