- Член од
- 31 октомври 2023
- Мислења
- 358
- Поени од реакции
- 901
Поголема квадратура да. Ама па имаш проблем ако не ти е целата запишана во имотен лист, па катастарски проблеми. Имав и таков случај што гледав.
Другото се што можев да најдам за таа пара е како што @Смртта опишал. Од корен да ја реновираш.
И кога ќе направиш есап дека за да земиш кредит, треба да дадеш учество, па да имаш кеш за намештај и други пропратни работи, плус реновирање, ти требаат многу пари.
Тој што ги има, ќе земе повисок кредит и нема да се замара да реновира, ќе земе подобра куќа/стан.
Тој што нема ќе треба и потрошувачки да земи.
На крај, како и да ја вртев, до 100к тој ми беше изборот. И ако чекав, ниту ова немаше да можам да го земам оти сега отиде квадратот на 2200+ на оваа локација.
Може некому повеќе му одговара. Мене никако не ми одговараше куќа. Според мои пресметки под 150к не може да се најде. Освен надвор од градот.
Тоа што јас решив да реновирам си е до мене, не е дека беше невселива куќата или не можеше да се живее. Тоа што јас сакав дабов паркет и да ми биде топло и трослојни прозори си е друго, тоа ни во нов стан не го добиваш. Јас пред да се вселам таму живееја други луѓе.
Има 2-3 куќи кај црквата на Ѓорѓи Капчев и уште неколку на Божин Николов.

