@датум.... Мораш да ги читаш стиховите во контекст, во спротивно си како Закир Наик кој на дебати со христјани ја користи токму таа тактика, секташка.
Вика ,,покажете ми еден стих каде Исус вели јас сум Бог, обожувајте ме и јас(Закир Наик) ќе конвертирам сега,,. И како на ваква тарабука да му туриш? Цело време му даваат моќни аргументи, тој ко пијан за плот, ,,не конкретно ваков стих каков што ви реков,,
Во Дела 2... Знаеш дека Светиот Дух слегува врз апостолите....
Петар станува во одбрана на апостолите, бидејќи во позадина некои од народот, тоа што овие ги зборуваат сите јазици, им се потсмевале па рекле дека се поднапиле.
И што Петар им вика? Дека не се пијани како што мислат тие, зошто бил третиот час од денот, односно 09:00. ...таман работа од сабајле се налокале.
Следниот стих Петар го цитира Јоил и на крајот имаш * Јоил 2, 28-29. Тука ти ќе одиш кај оваа забелешка и ќе дочиташ до крај, до 32 стих, за да не те викаат Закир како тој погоре.(се смеам)
Од Воскресението до ден денес ние живееме во последните дни, ден, сат како сакаш, период. Ако еден ден е 24 часа, еден час е 60 мин.... Што мислиш во кој временски интервал или дел од денот, часот живееле апостолите по воскресението?
Пробај да ги споредиш настаните од распнувањето до денес, со тие од избавуањето од Египет.
Одењето низ пустина, денес ти е историјата на христијанската црква.
Второ доаѓање ти е влегување во ветената земја, Царството Небесно ( Ерусалим).
Знаеш ли дека ти како христијанин си Израил? Дека си духовно семе на Авраам?
Читај со духовни очи.. да не биде онаа,, при очи слеп, при уши глув,,
Не знам, ако и ова не те разубеди... или се инаетиш или тролаш или па можеби допрва планираш да нуркаш. Спортски поздрав.