Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Мерак ми е од секоја света книга да читам за да видам што имаат заедничко а што различно. И најбитно како ги поимале работите што сега ни се познати а нив тогаш им биле божји и демонски привиденија.Не мора да си верник за да ја сфатиш поентата
Воскресението е неговото второ доаѓање
Умира и се враќа за три дена
Еве ти не веруваш, ама за атер на муабетов ако воскреснал тоа би значело дека по втор пат доаѓа, бидејќи веке еднаш бил, или?
Еве тука верниците уште го чекаат неговото второ доаѓање, зошто Господ знае само
Знам дека не ти е по мерак од Библија да читаш, но колку за муабетот
ЛУКА 17
Кога фарисеите Го прашаа: „Кога ќе дојде Божјото Царство?“ Тој им одговори и рече: „Божјото Царство не доаѓа така, за да може да се види; ниту ќе се рече: ‘Еве го тука, или онаму!’ - зашто, ете, Божјото Царство е во вашата средина. А на учениците им рече: „Ќе дојдат дни, кога ќе посакате да видите само еден ден од деновите на Човечкиот Син, и не ќе го видите. И ќе ви зборуваат: ‘Еве Го тука!’ или ‘Ене Го онаму!’ Не одете таму и не трчајте по нив! Зашто како што молњата, која светнува - од едниот крај под небото - и го осветлува другиот крај, така ќе биде Човечкиот Син во Својот Ден. Но, прво Тој треба да претрпи многу и да биде отфрлен од ова поколение.
Само последната реченица укажува што треба да се случи за неговото враќање.
Си пишува убаво
„Ќе дојдат дни, кога ќе посакате да видите само еден ден од деновите на Човечкиот Син, и не ќе го видите.“
ама нееее, они уште го чекаат![]()

Знаеш дека не било јаболко? Забуната настанала заради старите латински/француски преводи. После од поп култура се шири демек јаболкото е забранетиот плод.Светот си е во слободен пад уште откако јаболкото паднало од дрвото, ама теологијата нема врска со тоа, едноставно гравитацијата на човечката глупавост си ја брка работата.
Па не е ни битно тоа, ефектот на гравитацијата врз човечката глупост останува ист.Знаеш дека не било јаболко? Забуната настанала заради старите латински/француски преводи. После од поп култура се шири демек јаболкото е забранетиот плод.

Не е никакво јаболко во прашање.Знаеш дека не било јаболко? Забуната настанала заради старите латински/француски преводи. После од поп култура се шири демек јаболкото е забранетиот плод.
Ова за мене се однесува ?Светот си е во слободен пад уште откако јаболкото паднало од дрвото, ама теологијата нема врска со тоа, едноставно гравитацијата на човечката глупавост си ја брка работата.
Да.А знаете ли дека поимот conspiracy theory бил пуштен во употреба од страна на ЦИА во шеесеттите години за да служи како thought terminating cliche.![]()
Ама тие богови биле сатанисти. Не користеле нас само за злато да им копаме и не ни давале да правиме вакви срања ко сега.Прометеј/Енки му дал оган на човештвото односно технологија, знаење. Тоа е плодот што не требало да се проба и да се живее под "закрила" на боговите.
Само се надоврзав, ништо лично. Ако светот е во слободен пад, тогаш тоа не е поради пророштвата од Библијата, туку поради фактот што луѓето имаат природен талент да зафркнат се што ќе допрат. Проблемот никогаш не бил во теологијата, туку во човекот.Ова за мене се однесува ?
Не е за лично или не туку ми личеше дека ме цитираш без цитат.Само се надоврзав, ништо лично. Ако светот е во слободен пад, тогаш тоа не е поради пророштвата од Библијата, туку поради фактот што луѓето имаат природен талент да зафркнат се што ќе допрат. Проблемот никогаш не бил во теологијата, туку во човекот.
Океј, се инспирирав од твојот коментар. Сори нот сори. Ама поентата ми беше генерално за сите, не лично кон тебе.Не е за лично или не туку ми личеше дека ме цитираш без цитат.
Инаку друга е поентата на моето прашање.

Целосно се сложувам, ама сега сум во исчекување на вернициве и нивните мислења.Океј, се инспирирав од твојот коментар. Сори нот сори. Ама поентата ми беше генерално за сите, не лично кон тебе.![]()
Класична секташка тактика!!! Земаш еден стих (Јован 14: 26) за да поништиш други два јасни стиха, наместо да ги споиш во една целина, нели логично...
Тврдиш дека е ерес Христос да го праќа Светиот Дух. Значи ли тоа дека Христос лаже во 15:26? За разлика од тебе Библијата не си противречи сама на себе!
Во православното и традиционалното христијанство,Светиот Дух по Својата вечна природа, излегува САМО од Отецот. Но, Светиот Дух го праќаат и Отецот и Синот ЗАЕДНО!
Отецот го праќа ,,во име на синот,, , а Синот ,,од Отецот,,. Чунки тоа е заедничко дејство, бидејќи тие се ЕДЕН Бог!
Го повлекувам тоа што го кажав за неговото доаѓање.Јован 20:22 И кога го рече ова, дувна и им рече: ,,Примете Дух Свети,,! Ако нема власт да го испраќа или дава, зошто Христос дувнал и им го дал Духот Свети? Направил според тебе ерес?
Во Дела 2:33 Петар вели ,, И така откако се вознесе со десницата Божја и Го прими од Отецот ветениот Дух Свети, Тој(Исус) го изли сето ова што го слушате и гледате сега.,, Дали според тебе Петар е еретик?
И пак овој Јован 5:19 ,,Се што прави Отецот, прави и Синот,, Така беше.... или не?
Срдачен поздрав од ,,госпоѓата,, @датум! Тука јас дефинитивно се одјавувам, одговорите чувај си ги за други ,,госпоѓи,,. Биди благословен и имај многу среќа по патот кој го одиш, а ќе ти треба, мада најмногу ти треба Светлина, и тоа онаа од Изворот.
Да, во ред еМерак ми е од секоја света книга да читам за да видам што имаат заедничко а што различно. И најбитно како ги поимале работите што сега ни се познати а нив тогаш им биле божји и демонски привиденија.
А конкретно за второво доаѓање од тоа што го имам читано во една детска (скратена ) библија, имам и јас некоја меморија дека пишуваше за далечно идно време а не за неговото воскресение. Не го тврдам дека ова е факт и во оригиналната православна затоа што сега ја немам библијава за да ја проверам ама могуче е да беше некоја протестантска секташка.
Сега според твоево тврдење, откако се случи второто доаѓање, светов е пуштен во слободен пад и веќе нема надеж за никого па дури ни за вас верниците ?