Теории на заговор vs. Coincidence theory

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување
Душите од луѓето кои го заработиле своето место во Рајот, го запазуваат својот „изглед„ согласно изгледот од нивното материјално тело, на овосветовна возраст од 33г. (колку што имаше Христос кога беше распнат). Луѓето во Рајот имаат бели наметки, односно нивните „тела„ се покриени со „слој„ од благодатната нестворена енергија Божја, и тој „слој„ има улога на облека.

Таа „облека„ ја носеа Адам и Ева пред да паднат во грев. После гревот, таа „облека„ (т.е. благодатта) беше отстранета од нивните тела и тогаш тие видоа дека се голи-буквално.
 
Тоа би било ок, 33 не бев топ форма ама па ни лош. Е ко ќе го видам дедоми на 33 ќе биде циркузи.
 
Нема потреба од циркузи, туку од радост.

Ајде, само замисли дека (ќе) можеш да ги видиш сите твои претци, за кои не ни знаеш дека постоеле на Земјава, ако ти се подалечни роднини, кои никад во живот не си можел да ги видиш ради генерациската разлика.

Црквата учи дека оние кои ќе заработат свое место во Рајот, ќе ги препознаваат своите претци...нормално, ако залужиле вечен живот, во заедница со својот Бог Творец и Стасител.
 
Незнам имам ја друга замисла што после, а не што раскажал па запишал човекот со бујна фантазија. Не верувам во строгоста и казнивоста во смртта, немам таков сенс за Господ. Мојот е лабав опуштен и баш позитивен приказ кој што пријатно ќе ги изненади сите оние кои овојземен живот го живеат во страв од страшниот суд.
Автоматски споено мислење:

Дали и оние со даунов синдром на земјата се со даунов синдром во рајот? Ако не ментално дали физички?
 
Незнам имам ја друга замисла што после, а не што раскажал па запишал човекот со бујна фантазија. Не верувам во строгоста и казнивоста во смртта, немам таков сенс за Господ. Мојот е лабав опуштен и баш позитивен приказ кој што пријатно ќе ги изненади сите оние кои овојземен живот го живеат во страв од страшниот суд.

Овосветовниот живот можеш да го поминеш:
-„онака„, во чисто световно живеење,
- во страв од Бог, како казнувач,
- во намера да станеш син Божји и пријател Христов.
Автоматски споено мислење:

Дали и оние со даунов синдром на земјата се со даунов синдром во рајот? Ако не ментално дали физички?
Поединците кои во овој Свет и живот се раѓаат со тешки душевни и телесни маани, кои немаат осет за реалноста, нема да подлежат на Судот Христов, туку Судијата ќе ги прибере при Себе, без никаква казна...оти казната веќе ја „исплатиле„ уште во овоземниот живот.
 
Овосветовниот живот можеш да го поминеш:
-„онака„, во чисто световно живеење,
- во страв од Бог, како казнувач,
- во намера да станеш син Божји и пријател Христов.
Добро, што се случува со бебиња кога ќе умрат? Вечно ќе бидат бебиња во рајот?
 
Добро, што се случува со бебиња кога ќе умрат? Вечно ќе бидат бебиња во рајот?
Да, бебињата не одговораат за ништо пред Бога, оти никакво зло и не сториле, туку Он ги прибира кај Себе, во Рајот.

И бебињата (ќе) го имаат изгледот од нивните 33г. од нивниот овоземен живот, со разум и свест од таа нивна возраст.
 
Се знае бебињата како би изгледале на 33 години? Или добиваат стандардна форма некоја?


Ме натера да барам слики од мене на 33, не сум импресиониран ич.
 
Да, Бог знае кој како изледал или би изгледал, на било која возраст. Така, бебињата не се исклучок. „Формата„ ја добиваат според изгледот кој би го имале на нивни 33г. овосветовен живот.

Христос Е референца за се‘...

П.С.

Кај Бог, небитен е личниот изглед, туку вкупната состојба на твоето битие (дух+душа+тело), кои ќе се појават пред лицето Божјо-дали ги Богоподобен или демоноподобен.
 
Добро еве си богоподобен, сите се фикс визуелно на 33. Бебето умрено е фастфорврд на 33. Некое дебело некое фит… или сите се фит по некој стандард калап односно во физикусот на Исус?
 
Секоја човечка единка е неповторлива. Не постои универзална шема, иако постојат типови на човечките физички изгледи (мезоморфни, ендоморфни...).

Така, секој кој ќарил место во Рајот, го запазува свој излед на наведената му возраст од 33г., односно како изледал или како би игледал кога би ја имал наведената возраст...строго индвидуално.

Христос на Својата возраст од 33 овосветовни години престанал да „расте„ и да старее и затоа Он го задржува својот физички изглед од Неговите 33г., а водено таа возраст станува норма за „изгледот„ од сите Богоугодници.
 
Па добро он на 33 умира, реално незнаеме дали престанал биолошки да старее. Интересно, во преносна смисла, би било бебе да биде прикажано на 33 како дебело. Пошто нели не сите се фит и кога ќе го видат неговите таму забезекнати…

Од друга страна незнам дали сум заинтересирам за 10то колено предци да ги запознаам а ни па они мене. Тие што сум ги видел во животот ок, ама да ширам сега познанства со некој си таму прапрачукун дедо од некое катлановско село…незнам баш. Исто и за надоле, као до правнук дај боже ок, после тоа нема поента.
 
Последно уредено:
Не е во прашање никакво заплашување, туку настан кој неизбежно ќе се случи на крајот од Светов, т.е. со второто Христово доаѓање.

На тоа доаѓање, Христос нема да дојде како анонимус, Кој ќе допушти пак да Го тепаат, исмејуваат и распнат, туку ќе ја има улогата на страшен и праведен Судија, кој на секое човечко битие ќе му додели трајно место-или во Рајот или во пеколот, а одлуката Христова ќе зависи исклучиво од нашето/поединечното однесување во текот од овоезмниот живот-или сум чинел Богоугодни дела со надеж за вечен живот, или сум чинел зли дека, по меракот од „натемаго„ па добивам и соодветна „награда„.

Св. Ап. Петар нема никаква улога при Судот Христов.
Тие што не се христијани (а тоа се околу 60% од светскава популација) , дали и на нив ќе им суди Исус за нивните гревови ?
 
Па ваљда ќе им суди пошто е Он милозлив и праведен. Само што ќе чекаат у лента за “non-schengen” да ги проверат дополнително.
 
Back
На врв Bottom