СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе биде нов светски првак?


  • Вкупно гласачи
    102
Фолкландските острови се Аргентински, какво дупење на крајот од мечот од играчите на Аргентина, за Аргентинците ова беше повеќе од меч.
Прегледај го приврзокот 482755
Сериозно со ова лол, ете утре ќе им ги вратат пошто во фудбал победиле 2-1, готово, нек спремаат евакуација. Мех, Фокландите ќе останат британски додека е свет и век, овие еднаш пробаа, им дојде британската флота буквално дома на 11000км од полазна точка, ги разјеба за месец дена и ги понижи пред цел свет. Фудбалот е ок, спорт, занимација, но подобро би било да напишат транспарент како народот во аргенитна нема да е повеќе сиромав и да живее во корумпирана припиздина на крајот на светот. Just an idea. :)
 
Пред полуфиналево бев за Англија, но после прикажаното, сосема заслужено Аргентина помина. Џабе спомнуваме имиња кои се возвишувани во отсуство на Меси и Роналдо, па е создадена празнина и очајна потреба да се потпуни тој простор со некој “наследник“, но да бидеме реални каков Белингам, каков Винисиус, каков Јамал, сега засега ни на 1% не се од успесите и прикажаните партии на овие двајца. Дури и Шпанија да освои не е поради Јамал, одлични се првенствово и Родри, Руиз, Ојерзабал, Кукуреља, може да има хвалопевање и муабети за наследник на Меси, пасинг торч курци палци. Но, одземи го Меси од Аргентина и никакви шанси немаат да стигнат до финале, нека му се дава уште една Златна топка ако освои и така овие што освоија ЛШ кур скршија на првенството (како и противниците нивни во финалето).
 
Лекарствата шо ги зима ова бате очигледно се достапни само за елитата. Незнам колку пати се замислив у негова ситуација и не гледам како не би отишол да се изгушкам со ќоро и сакато.

 
Се радуваат фановите на Барселона, нивниот нов играч даде гол.
Море каква паметна работа направија што го комплетираа трансферот пред првенствово, со оглед на тоа како изигра на турниров сега цената ќе му беше дупло поголема.
 
Англија играше океј и ја контролираше играта цело прво полувреме и се до голот и таму негде некоја 58 минута. Така и требаше да продолжи, затоа што на таа аргентинска одбрана срамота е само еден гол да дадеш, поготово со Кејн во напад. Мислам дека Англија сама се победи, или поточно Тухел со тие замени негови кои ја турнаа Англија скроз назад и му даде многу простор на Меси кој до тогаш ни со топка не се состави. Јасно ми беше веќе во 80-та минута дека нема Англија да издржи до крај и така испадна. Цела игра што ја градеа ја срамнија за кратко и заслужено си загубија. Ова некако беше дежа-ву на нивната утакмица на европско во 2004 со Франција, кога Зидан им даде два гола на самиот крај. За таа утакмица и ден денес ми е криво, затоа што Англија ако останеше прва во група, во ниту еден случај немаше да загуби од Грција и овие немаа титула да освојат. Аргентина денес заслужи да победи исто како и Шпанија вчера. ФИФА си ја доби финалисима официјално (онаа што требаше да биде одиграна во Катар, ама се одложи поради војната во Иран). Они си се задоволни со ова, а и секако со полуфиналињата затоа што се топ 4 екипи на ранг листата таму.
За мене поинтересна ќе биде утакмицата за трето место. Веројатно ќе има доста голови на таа и Франција најверојатно ќе победи (Мајами повеќе ќе им легне на нив отколку на англичаните). Јас веројатно имам поинакво мислење од повеќето тука, ама финалето ми е ептен циганско. :toe::facepalm: Ако треба да бирам би навивал за Шпанија, пошто Аргентина ми е одвратна екипа од 1998 навака (со исклучок на Занети кој беше класа играч во секоја смисла). :P
 
Каков играч излезе Енцо страва. За Меси стварно нема шо да се појше само ќе се повторува истото. Мерак ми се праи ептен за Скалони, човеков беше руган од цела Аргентина заедно со Марадона дека не заслужува да е тренер на репрезентацијата. Го врати Меси од пензија, освои Копа направи атмосфера и буквално култ у екипата да секој од нив гине за дресот и за Меси и успеа да извади од Лео најдобрите негови партии у репрезентативен дрес, а на добар пат е и да круниса генерација шо може да ја памтиме како една од најдобрите на сите времиња. Капа доле за човеков само
 

cc: Thomas Tuchel
 
Нема финале без играч на Интер од 1982 до 2026:

The list of Inter players who have played in each World Cup final over this historic streak includes:

2026: Lautaro Martínez (Argentina)

2022: Lautaro Martínez (Argentina)

2018: Ivan Perišić and Marcelo Brozović (Croatia)

2014: Rodrigo Palacio (Argentina)

2010: Wesley Sneijder (Netherlands)

2006: Marco Materazzi (Italy)

2002: Ronaldo (Brazil)

1998: Ronaldo (Brazil) and Youri Djorkaeff (France)

1994: Nicola Berti (Italy)

1990: Andreas Brehme, Lothar Matthäus, and Jürgen Klinsmann (West Germany)

1986: Karl-Heinz Rummenigge (West Germany)

1982: Giuseppe Bergomi, Alessandro Altobelli, and Gabriele Oriali (Italy)

Традицијата продолжува.
 
Нема врска Тухел, овие сами се збутаа во шеснаесетник од моментот на голот. 3-4 чисти шанси имаше пред да се направат замените. Он проба само да зајакне ама џабе и со тоа и без тоа беа осудени на пропаст.

Менталитетот им е катастрофа, паѓаат психички ептен. Тактички се неуки, не знаат основни движења без топка. Тоа се приметува и во фаза на напад оти креативноста им е никаква, а во одбрана како муви без глави се бранат.

Англија нема тепано посилна репка од нив од кога знам за себе. Секогаш паѓала на прв потежок испит.
 
Нема врска Тухел, овие сами се збутаа во шеснаесетник од моментот на голот. 3-4 чисти шанси имаше пред да се направат замените. Он проба само да зајакне ама џабе и со тоа и без тоа беа осудени на пропаст.

Менталитетот им е катастрофа, паѓаат психички ептен. Тактички се неуки, не знаат основни движења без топка. Тоа се приметува и во фаза на напад оти креативноста им е никаква, а во одбрана како муви без глави се бранат.

Англија нема тепано посилна репка од нив од кога знам за себе. Секогаш паѓала на прв потежок испит.
Ич не е крив он тактика Кејн му прави, а и тоа што се цмиздреше после натпреварот на интервју исто асоцира дека не е кривица на нацистот.
 
Back
На врв Bottom