Прашањето е дали тие што влегле и спасувале луѓе постапиле правилно или погрешно? Не ја менувај темата затоа што не ти одговара. Дали според тебе тие што влегле да спасуваат луѓе постапиле правилно или погрешно? Истото прашање беше 5 пати поставено и кај госпожата погоре, ајде договорете се заедно ако не па одговорете
Во право е
@Darling дека поставуваш нефер прашањe, eптен е gotcha! и наведувачко. Не ти одговара намерно бидејќи знае како ќе продолжи дискусијата и не ти ја дава сатисфакцијата бидејќи тоа ќе ја вовлече да збори за друго од тоа што сака да каже.
Процедури постојат поради причина, а тоа е дека во пракса и во симулации се покажало што е поправилно, дали да се влезе или не. И имаш право, ако некој стои на страна од денешна точка можеме да кажеме не е воопшто правилно, можело повеќе деца да се спасат, како имаат чиста свест итн, а тоа е емотивен одговор што е фер одговор на ваква голема трагедија. Но твоето what if оди и во обратна насока, што ако прекршеле процедура, создале поголем ботлнек, повеќе жртви итн? Еден конандрум за кој се имам карано со многу е сличен: ако не знаеш да пливаш воопшто, си влегол 2-3 пати во вода едвај до колена, и на еден одмор жена ти или детето ти се дави 300 метра од плажата. Дали ти ќе влезеш да ги спасуваш? Мојот одговор е секогаш не, бидејќи ќе загинам пред тие да загинат. Исто така не си обучен спасувач, и најчесто двајцата се дават. Затоа да не бидеме и дрски, не се овие луѓе роботи, не викале абе ајде кој ќе се замара, сигурно им е многу тешко и имаат последици, но некогаш природниот тек на работите оди во полза кон најдобриот резултат, а тоа е некои инстинктивно и необучени знаат да реагираат, а некои дури и обучени за баш такви ситуации знаат да choke-нат. Знам дека на муабети и полни со емоции мислиме ние да сме биле немало да престанеме да се обидуваме, но реалноста е многу сурова, сосема нормално е да стигнеш на местото на несреќата и при толку тела наоколу да се замрзнеш...
Напишано најдобронамерно, не сакам да збориме надмено или осудувачки дека немале луѓето човечност во нив и како да збориме за психопати кои биле мртви ладни сведочејќи ја ситуацијата. Еве јас ни обучен ни ништо, немав ниту за кола положено бидејќи таа прва помош сите ја споменуваат, кога еден човек пред нас неколку падна од скоро 3ти спрат, бев првиот што се стрча и не дозволив да се крене, а кога бев веќе долу уште ги слушав овие од високо: „аман бе човек што направи“, „жив ли е...“ итн, а луѓето можеа да ми бидат родители ако мериме сениорство. Среќа човекот помина со помала скршеница и беше во ред сѐ. Да ме прашаше дали ќе сум прв што ќе се обиде да помогне во друга ситуација можеби би ти одговорил не, и иако сум го имал овој инстинкт тој пат, не значи дека ќе го имам за други ситуации, и дека ќе влезам во бранови да спасам некого, ако не знам да пливам ниту дека сум обучен за тоа.
Тоа ако збориме за директно „волонтирање“ во моментот да се вадат луѓе од внатре. За останатите активности би било само несмасно шпекулирање бидејќи можеби не сакаме да се потсеќаме каков хаос било тоа во тој момент и забораваме дека животот не е набубан правилник. И да имаат пропусти во строење или вештачко дишење, мислам дека никој не може да каже дека се главни виновници бидејќи не спречиле прскалка. Надвор од контекст би се согласил, но да не заборавиме колку други пред нив можеле тоа да го превенираат на еден или друг начин и се баш задолжени и обучени за тоа, или барем требало да се. Не познавам никого таму, но знаеш дека сите тие локални шерифи и газди, полицајци, музичари, инспектори обично се нашите роднини, пријатели, комшии само во друг град нели? Сите сме виделе прскалки во живо па никој од нас не се стрчал да ја изгаси досега или да излезе надвор, сите сме пробувале да влеземе помлади во кафич бидејќи е еден и целиот град е таму, и така натаму, да не почнам и јас со релативизирање...
Мојот став е дека сите треба да одговараат, од вратар, газда, чива е прскалката процедурално. А за општествената одговорност, за родителската и за сѐ што не има донесено до тука... останува сами да се обвинуваме и да се потсеќаме дека си должиме да се подобриме. Не треба да не теши дека слично се случува во други држави и да го отпишеме како статистика.