Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
И на Trakt пред некој ден направија опција да изгледа како TVTime, ако сакаш.
 
Еве сум на Refract.


Успеав import од TvTime и Letterboxd после подолго време. Ми се допаѓа интерфејсот, прегледна е, а наскоро ќе има можност за следење на игри и книги.
 
Последно уредено:
Нешто што гледав периодов, нека стои тука, може ќе му се најде на некој.

DTF St. Louis

Нетипична црна комедија за ликови во средни години која на почеток изгледа дека е за средовечна криза, брачни проблеми и сл., но постепено станува многу повеќе од тоа. Спора е, ликовите се фино напишани и се градат постепено. Дијалозите се понекогаш чудни, на работ на апсурдноста, но е убаво заокружена приказна. Jason Bateman и David Harbour завршија одлична работа. 7/10

Rooster

Feel-good, топла комедија со Стив Карел. Тој е просечен писател што пишува книгички за на плажа, повикан е да предава во универзитет каде што работи и неговата ќерка. Исполнета е со хумор, човечност и оптимизам, па е лесна и забавна за следење. Засега имаме една сезона. 8/10

Widow's Bay

Ова го почнав како препорака слична на FROM. Некако ми е чудна комбинација од комедија и хорор, но не ми легна нешто особено. Си има свои моменти. Мало место исполнето со мистерии, чудни ликови и појави. Наликува на Twin Peaks, ама ко да сте го нарачале од Temu. :D 7/10

The Four Seasons

Лесна сериичка за брачни парови кои се соочуваат секој со свој предизвик. Главната ѕвезда и тука е Стив Карел. Очекував просек, но добив многу убава забава. Се гледа инстант и некако останува во глава бидејќи обработува важни теми, иако на прва остава наивен впечаток. Ако сте фанови на White Lotus дајте и шанса и на оваа. 7/10

All Her Fault

All Her Fault е сѐ што сакам во една серија. Паметно сценарио, нема премногу тупење, не е претенциозна и во 8 епизоди кажува сѐ што има да каже. Sarah Snook глуми, растура. Dakota Fanning исто така. Детенцето Duke McCloud е преслатко. :noze: Препорачувам. 10/10

I Will Find You

Ова имаше огромен хајп на Netflix, но е чист просек. Почетокот потсеќа на Prison Break, а потоа имате дупки во сценарио, ликови што не знаат кај тераат и претенциозност до немајкаде. Плус, многупати видено, ништо оригинално и не знам зошто толку ука-бука имаше по нетов. 6/10

The Crystal Cuckoo

Шпански трилер за млада докторка на која ѝ е трансплантирано срце, па тргнува да дознае повеќе за својот донор. Така завршува во мало планинско место каде што сите кријат тајни. Малку ми сметаше мешањето на временските линии и некои очигледни клишеа. Не е ремек-дело, но е добра за бинџање во два дена и да си продолжиме со животите. 6/10
 
I will find you е по книга снимена и затоа е таква, Нетфликс имаат договор со авторот да адаптираат 14 негови книги и не смеат да отстапуваат многу од книгата, на оние што ја читале книгата ќе им биде добра.
Rooster има многу заразна песничка од Стипе на почетокот на секоја епизода, една од ретките што си ја пуштам најавната шпица до крај.
 
I will find you е по книга снимена и затоа е таква, Нетфликс имаат договор со авторот да адаптираат 14 негови книги и не смеат да отстапуваат многу од книгата, на оние што ја читале книгата ќе им биде добра.
Rooster има многу заразна песничка од Стипе на почетокот на секоја епизода, една од ретките што си ја пуштам најавната шпица до крај.

И All Her Fault e по книга. И многу други мини-серии.

I Will Find You едноставно е лоша реализација. Генеричен трилер, ко производ од фабрика. Ништо оригинално не содржи. Сум гледала и други адаптации според книги на Харлан Кобен, ама за оваа ептен врева се крена, а ништо посебно.
Автоматски споено мислење:

И за оваа заборавив да шкртнам збор-два.

Notes from the Last Row

Корејска серија за професор по книжевност (нереализиран писател) кој запознава интелигентен ученик на кој решава да му понуди индивидуални часови затоа што во него гледа огромен потенцијал, а со тоа и реализирање на сопствените амбиции. Се мешаат реалноста и фикцијата, трилер, revenge, метафикција, си има од сѐ по малку. Главниот лик го игра Choi Min-sik (го знаеме од Oldboy) и поради него серијата доживеа инстант популарност на Netflix. За мене беше тешко да ги одлепам очите од оваа серија. 9/10
 
Последно уредено:
Дури сега дознавам дека TVTime згасна. Фала им за постоењето досега, беа уште подобра верзија од EpisodeCalendar.

Некако го очекував гасењево затоа што откако почнаа да го гасат веб интерфејсот пред не знам колку време, демек не им се исплати и сите се на телефони сега, па го вратија демек да биде ист ко на телефон, па лагираше невидено...

Јас уште пред 1 година мислам дека се префрлив на SIMKL ама го користев и TVTime паралелно. Океј ми е, малце пренатрупано но океј е. Знам дека тогаш требаше да им пишеш некој меил на TVTime и ти експортираа фајлови.

Trakt одамна ми го збори другар, очигледно ќе треба да се префрлам таму. Сега да се бара начин за експорт од SIMKL па импорт на Trakt.
 
Back
На врв Bottom