Aко се водиме по верувањата на индоевропските аријски народи и повеќето индијански народи (асистенција од
@парва ако може за африканските народи), собирањето искуство не води кон тој вечен живот каде што нема да има веќе потреба да се реинкарнираме на земјава (?). А за тоа да го постигнеме треба да дојдеме до чуството на совршена нирвана каде што ниедна човекова лоша особина нема да ја имаме и целосно ќе доживееме просветлување. Овие моменти ги има и у библијата ама на друг начин се опишани затоа што не се автохтони. У исламот на пример истово е опишано на муџахедински начин и исто имаат и од библијата украдено за крајниот страшен суд каде што според гревовите не испраќаат на заслуженото место со сите казни и мачења.
У двете религии поентата е иста но недоволно и нејасно пренесна поради нивни побуди.
Значи индоевропјаниве т.е. аријциве и индијанциве викаат дека секое мртво тело треба да се запали а не да се закопа за да душата отиде на небото.
Душата иде на местото каде што се сите души, таму може за 1 минута да се реинкарнира пак а може и за 100 000 години. Наводно кога маж и жена имаат однос и зачнуваат дете, душата тогаш т.е. бебето ги бира само своите родители. И ова е делимично докажано со тоа што кога под микроскоп ставиле не оплодена јајце клетка и ја оплодиле во истиот момент се појавува мала светлина околу јајце клетката кога се оплодува. Затоа и според нивните верувања абортусот се смета за убиство.
Сите души кога чекаат таму некаде на "небото" за да бидат реинкарнирани пак поделени се во кластери и наводно сите луѓе што ги запознаваме во животот од родители, браќа, сестри, блиски пријатели, дечковци, девојки, деца, роднини се души од истиот кластер само што со секоја нова реинкарнација добиваат различни улоги. Затоа и постојат тие суеверија дека внуците треба да имаат име на дедовци и баби предци затоа што може да се нивни реинкарнации. За ова има делумни докази во фактот дека потсвесно сите имаме некое сеќавање од предходен живот.
Погоре кај земјата ставив прашалник затоа што има уште една теорија што е поврзана со твоево прашање :
Ако земеме дека научно земјата ќе изумре за миљарди години пошто Сонцето ќе престане да постои, кај ќе одиш што ќе правиш? Прогресијата е ок муабет ама со кој цел и во која форма? Кога тука нема да постои оваа форма одиме на друга? Кој го одредува тоа и по кој клуч?
На други планети наводно се реинкарнираме во други форми на хуманоиди. И знам дека се ова звучи премногу лудно но има и за ова примери и "dokazi"
на пример како индиго децата што имаат сеќавања дека предходно живееле на други планети пред да се реинкарнираат овде.
За Боришка (Борис) од Русија не знам дали ја знаеш дешавката каде што 5 год дете црта вселенски бродови и сончевиов систем како да има познавање на астролог. Самиот каќува дека бил пилот на Марс пред 2.5 мил години кога планетата била уништена у нуклеарна војна и дека со дел од преживеаните избегале на земајата а дел на други планети.
Научно е потврдено дека пред 2.5 мил години на Марс стварно имало огомен извор а радијација. Уште многу други луди работи кажува детето кои што подоцна се потврдени дека се точни дека не е можно рандом дете да ги има научено само од ТВ.