Каде точно пишува дека постојат само две можности и дека трета не постои? Цитирај ја таа реченица. Или тоа е твоја претпоставка? За да зборуваме за лажна дихотомија, треба од мојот текст да произлегува дека ги исклучувам сите други можности. Никаде не сум го напишал тоа.
Прашав дали сметаш дека е оправдано. Ако сметаш дека е оправдано под одредени услови (престој, даночна резидентност, временски период), тоа и понатаму е одговор на прашањето дали е оправдано, само со образложение. Тоа не е трета логичка категорија, туку нијансиран одговор на истото прашање. Никаде не сум напишал дека не може да има услови, исклучоци или нијанси.