СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

За кои репрезентации навивате на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, 2026?

  • Алжир

  • Аргентина

  • Австралија

  • Австрија

  • Белгија

  • Босна и Херцеговина

  • Бразил

  • Канада

  • Зелено'ртски острови (Cabo Verde)

  • Колумбија

  • Хрватска

  • Курасао

  • Чешка

  • ДР Конго

  • Еквадор

  • Египет

  • Англија

  • Франција

  • Германија

  • Гана

  • Хаити

  • Иран

  • Ирак

  • Брег на слонова коска

  • Јапонија

  • Јордан

  • Мексико

  • Мароко

  • Холандија

  • Нов Зеланд

  • Норвешка

  • Панама

  • Парагвај

  • Португалија

  • Катар

  • Саудиска Арабија

  • Шкотска

  • Сенегал

  • Јужна Африка

  • Јужна Кореја

  • Шпанија

  • Шведска

  • Швајцарија

  • Тунис

  • Турција

  • САД

  • Уругвај

  • Узбекистан


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Не знам шо требит да се десит а да не освоет. Ќе речиш да не им е денот, ама имет класа играчи на секоја позиција по двајца - особено напред, маѓионичари се од потег.

Требит буквално на сите во исто време да не им е денот или да се десит некој глуп потег за црвен (ко оној на Диње прво полувреме), па да се надеваш на некаква компликација.

Не памтам вака убедлива репрезентација, па ни бразилската 2002 или шпанската 2010 не беа олку доминантни
 
Англија е можеби најтешкиот противник за Франција.

Немаат тоа ниво на талент, но физички може да им парираат.

А Тухел е одличен тренер, особено способен за турнирски натпреварувања, кога во еден натпревар треба да се реши. Ретко кој е способен како него да препознае слабости на противникот и да знае да постави игра да ги искористи. Исто и обратно, да ги неутрализира.

Финалето против Сити е одличен пример.
 
И Парагвај рутински ќе го размонтираат

Сега јасно ви е зошто Норвешка не го трошеше првиот тим непотребно
 
Диктатор Мбапе растура. Следно на Парагвај три ќе му даде. Никој во иднина нема да може да му го надмине рекордот за најмногу гола на светско.
 
Секоја чест за Олисе играчиште.
Англија е можеби најтешкиот противник за Франција.

Немаат тоа ниво на талент, но физички може да им парираат.

А Тухел е одличен тренер, особено способен за турнирски натпреварувања, кога во еден натпревар треба да се реши. Ретко кој е способен како него да препознае слабости на противникот и да знае да постави игра да ги искористи. Исто и обратно, да ги неутрализира.

Финалето против Сити е одличен пример.
Баш инцестите ќе гојадат на големо од оваа Франција, играчите што можеа да прават разлика нацистот ги остави дома.
 
Олисе е вака цела сезона и кусур. Не гледате Бундес, само во ЛШ ги гледате Баерн.
Исто и Дембеле/Доуе во ПСЖ.

Мбапе го нема Вини тука да се кошкаат кој, што и како, затоа е вака сега.
 
Рано е за зборење, секогаш има екипи што делуваат јако па после го јадат стапот, бидејќи фудбал е, секако дека може да изгубат, ама ќе се осмелам да кажам дека оваа Француска екипа што трае...па можда веќе и декада, зависи како гледаме - слободно може да се стави меѓу најдобрите на сите времиња.


Еве, чисто статистички, успеси од 2016 до денес:

-Вицепрваци на ЕП
-Полуфиналисти на ЕП
-Шампиони на СП
-Вицепрваци на СП
-....и што и да ќе направат годинава

Надреална серија е ова.

Единствени екипи што ги имаат елиминирано во регуларни 90 минути од 2016 до денес:

-Шпанија на ЕП 2024

...толку. Тоа е листата.
 
Диктатор Мбапе растура. Следно на Парагвај три ќе му даде. Никој во иднина нема да може да му го надмине рекордот за најмногу гола на светско.
Здравје, 2060 ќе воведат 3 корни пенал правило за да се стимулираат екипите да напаѓаат и да има гледаност па ќе се појави некој што ќе го сруши.
А исто до тогаш и медицината ќе биде напредната па фудбалери ќе се пензионираат на 45+ ко Кристијано сега и така ќе го падне некој.
Инаку да, надреална статистика има жабава, иако може да го хејтаме или што и да е, гледајќи како играше од млади години, мислам дека барем статистички гледано и тоа дека е лидер на екипата од млади години... Мбапе можеби е најблиску до тоа да сфатиме како им било на тие што го гледале Пеле (пред да скокне фан на Барса за Јамал...млад е, ќе видиме, не викам не)
 
Еве, чисто статистички, успеси од 2016 до денес:

-Вицепрваци на ЕП
-Полуфиналисти на ЕП
-Шампиони на СП
-Вицепрваци на СП
-....и што и да ќе направат годинава

Надреална серија е ова.

Шпанија има:

Европско 2008
Светско 2010
Европско 2012

Генерациски успеси се ова, а “французите”освен 2018 и немаат друг медал со кој може да се китат.
 
Аргентина за успесите од 2021:

2021 шампиони копа Америка
2022 шампиони светско првенство
2024 шампиони копа Америка
2026 ќе видиме до кај ќе тераат

Реално ако успеат 4 титули во низа, ќе бидат најдобра генерација во историја на сите држави. Едино Бразил во онаа ера 1994 до 2002 ќе може да им парира.
 
Шпанија има:

Европско 2008
Светско 2010
Европско 2012

Генерациски успеси се ова, а “французите”освен 2018 и немаат друг медал со кој може да се китат.
Знам, знам, затоа реков едни од подобрите, а не најдобри. Многу е тешко да напрвиш репрезентација што ќе биде елитна 4-5 првенства по ред, Шпанија секако е таму, за тоа нема дебата, ама некако не гледам некој да ги спомне и Французиве на исто ниво, затоа и го направив постот.
Освен Шпанија, секако тука се и Бразилците... A секако во генерациските успеси сите ги спомнуваат Французите 1998 и 2000 со ЕП и СП...

А не гледам никој (можеби не гледам доволно, искрено) да ги спореди 98/00 Французите со овие Французи? Дали таа една титула + толку многу е разлика??? За мене Три финалиња (со 1 победа и 2 порази) во 6 години ми се сосема доволно за да се ставени на исто ниво, ама.... можеби ќе треба да освојат и годинава за да почнат споредби?
 
Килиан Диктатор ќе го збрише рекордот на Меси по се изгледа.
 
Back
На врв Bottom