Да, вистина е, јас сум Китинов, затоа пред пар години му препрачав на Калин да има иста кариера како мојата
Познат е Китинов како единствен наш претставник на Гренслемови, тоа што не е нешто спомнуван во последнава декада-две у било кој контекст е пропуст на македонската спортска јавност
Нејсе, он-топик, освен ова за Калин, паметам дека и за Лина истово го пишав тие години, дека ако има проблеми со повреди можеби дека е подобро да се концентрира на дубл. Мило ми е што згрешив и што имала сила за уште солидни игри и резултати во сингл. Затоа и ми е мило што стигна до Вимблдон (иако штета што го батали дублот, ептен солиден играч беше таму)
Уште стојам на ова со Калин, а и за било кој македонски тенисер во иднина, ако не може да се пробие во сингл, обавезно мора патот на Китиновски да го пробаат.
Одличен пример за ова е Индија, каде што иако немаат некој посериозен успех во сингл му имаат на светот дадено многу озбилни дубл играчи и во машка и во женска категорија...
Знам дека не е лесен светот на тенисот за преживување и не е ова баш така плукни-залепи, ама се надевам во иднина ќе имаме уште некој играч што ќе направи ваков кариерен потег (под претпоставка дека ќе се мачи во сингл)