Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 48: @Zlatikevichius - Бракот како институција треба да се укине)

Бракот како институција треба да се укине

  • Вкупно гласачи
    36
Завршена работа се браковите,луѓето нејќат да живеат на тој начин веќе,повеќе сакаат да си живеат како луѓе,без обврски и без да треба да му се правдаат и слугуваат некому.
Не знам какви "аранжмани" ќе има во иднина ама овој начин и оваа дефиниција за брак како некаков идеал кој треба да се достигне во животот се веќе сменети и завршени.
 
Од финансиски аспект. Тоа е најголемата причина поради која мажи не сакаат да стапат во брак, да не им ги земе некоја парите.
Затоа имаш случаи кај што маж и жена имаат 2-3 деца а не се во брак. Тие мажи добиваат се што им треба без да имаат никаква жртва на својата "слобода". Од друга страна, жената има намалена шанса за кариера (породилно, чување деца) и поради тоа заработува помалце. Уште полошо, ако жената остане дома да се грижи за децата, нема ни пензиско ни ништо. Ако мажот и жената се разделат, жената не добива ништо иако таа има удел во успехот што нејзиниот маж го постигнал.

Така да, една од целите на бракот е да ја заштити жената која се наоѓа во поранлива ситуација во однос на нејзиниот маж, особено кога станува збор за деца.
Ама не е така. Барем не во денешно време. Реалноста е дека денес и жените работат и заработуваат. А да не збориме дека и обратна може да биде ситуацијата каде што жената работи и заработува а мажот не, па бракот го штити и него во тој случај. Така што, тоа е полово неутрално, бракот еднакво ги штити двата брачни другари. Не штити никаков пол, туку го штити брачниот другар кој што во даден момент се нашол во поранлива економска позиција.
 
Во Америка имаат "Stay at home mom", нешто кое трае со години додека жената раѓа и ги чува децата додека се мали, за да не ги остваат по баби, дедовци, дадилки и градинки. Преубаво нешто, сепак непрактично во еден капиталистички систем од аспект ако утре мораш да се разведеш, под претпоставка дека си венчана, а во целиот тој период си била финансиски зависна од мажот.

Од тој аспект бракот е можеби практичен, сепак би бирала да бидам финансиски независна.
 
Brakot treba da se gleda ra razlicni aspekti, pogotovo,
1. stapka na razvod nad 50%,
2. alimentaciite sto gi jade mazot i pravoto kolku moze da go gleda deteto, i
3.zenata vo slucai kofa ostanuva ponazadena so finansii i se zrtvuvala sto gi gledala decata pa ostanuva so kusi rakavi od prifesionalen i finansiski aspekt.
4. Feminizmot i maskite poroci se kontra zaedniatvo vo brak
5. Pred da vlezes vo brak dobro da razmislis sto bi se celite na dvajcata.

Jas se zeniv taka bez mnogu razmilsuvanje 80% mi vikaa deka sum glup deka vrakot e zatvor, nemastija i obvrski, duri i popot vo crkva mi rece lele sto te ceka...
Posle 5 godini bi rekol deka e tesko, no e podobro od sam ako te fatila taa zrelost deka sakas nesto da stvoris, no ne bi potpisuval maticni hartii, ne bi pravel svadbi i slicni gluposti, pogolemi se benefitite ( duhovno, finansiksi, stres pritisok) koga zivees zaedno a ne si vo brak na hartija kako na zapad.
 
Во Америка имаат "Stay at home mom", нешто кое трае со години додека жената раѓа и ги чува децата додека се мали, за да не ги остваат по баби, дедовци, дадилки и градинки. Преубаво нешто, сепак непрактично во еден капиталистички систем од аспект ако утре мораш да се разведеш, под претпоставка дека си венчана, а во целиот тој период си била финансиски зависна од мажот.

Од тој аспект бракот е можеби практичен, сепак би бирала да бидам финансиски независна.
Апсолутно, не ни размислувам искрено за тоа некогаш да зависам од парите на маж ми. Не треба со таков мајндсет да се влегува во брак.

Сега, секакви ситуации има и се може да те снајде подоцна во животот, па тука бракот на хартија е осигурање или гаранција за тие непредвидливи ситуации.
 
Ама не е така. Барем не во денешно време. Реалноста е дека денес и жените работат и заработуваат. А да не збориме дека и обратна може да биде ситуацијата каде што жената работи и заработува а мажот не, па бракот го штити и него во тој случај. Така што, тоа е полово неутрално, бракот еднакво ги штити двата брачни другари. Не штити никаков пол, туку го штити брачниот другар кој што во даден момент се нашол во поранлива економска позиција.
Мислам дека нема потреба да ја носиме дискусијата во друга насока, ама статистички, жените се сеуште во поранлива позиција за разлика од мажите. Не викам дека нема жени кои носат повеќе пари дома него ли мажи, ама во просек, тоа не е случај. Ако гледаш онлајн, ќе најдеш многу повеќе жени кои се жалат од тоа дека дечкото не сака да стапи во брак со нив во споредба со тоа да најдеш мажи кои се жалат на тоа дека девојката не сака да се омажи за нив.
Така да да, ситуацијата може да биде обратна, ама тука го дискутираме општиот случај. Јас знам и жени што на свој грб ја носат цела фамилија, ама тие не се просекот па да ги дискутираме нив.
 
со тие пари утре се оптоварува целото семејство
Ако нема брак, чуму семејство? Не е тоа исти курац у два примерка?

И плус:

Ако утре ти текне да подигнеш огромен кредит, да го прокоцкаш или да го инвестираш во пропаднат бизнис, со тие пари утре се оптоварува целото семејство и децата, а не само ти.
Ако си во брак, што те спречува да земеш огромен кредит, да го прокоцкаш и со тоа да го оптовариш целото семејство?
Автоматски споено мислење:

Прво, ова би влијаело лошо на децата. Ако се укине бракот како институција и двајцата партнери немаат некакви обврски едни кон други (финансиски, морални, лични), тогаш истите, на споредливо полесен начин можат да бараат други партнери или едноставно да поминуваат помалку време во домот.
Прадедо ти и прабаба ти биле во брак? Во кое матично ги запишале? Како влијаело тоа што не се во брак на твоите баба и дедо?
Автоматски споено мислење:

Второ, дури и ако партнерите немаат деца, ова ќе создаде повеќе кавги и неред меѓу нив
Врска нема! Демек, луѓето што се во брак а немаат деца не се караат?
Автоматски споено мислење:

Brakot e nacin na zivot pomegju lugje, koj e so vekovi prisuten megju lugjeto. Vo site drzavi, nacii i pleminja i vo sekoja relevantna vera. Retko nesto da e od celoto covectvo tolku prifateno kako brakot. Pokraj toa statisticki vo brakovi se ragjaat najmnogu deca. Od interes e posebno vo drzavite so demografski problemi, da se neguva brakot kako institucija. Isto taka vo brakot i formalno se prezema odgovornost za drug covek kako zaednica, ne deka toa ne e mozno decko i devojka da ziveat zaedno, ama odlukata da raskines bez brak e polesna nego vo brak.

Jas vo toj pogled sum liberalen, sekoj neka zivee kako saka. No primetlivo e deka odredeni grupi, posebno vo zapadnata hemisfera, aktivno rabotat protiv brakot. Zatoa na tie grupi treba aktivno da im se zabrani toj aktivizam.
Ако врската помеѓу маж и жена што се заколнале пред Бога ја нарекуваш брак, тогаш да, држи вода ова, со векови е присутен. Ама не сум убеден дека прадедо ти и прабаба ти биле запишани во матично.
Инаку бракот дава многу поголема тежина на врската искрено. Сакале вие да признаете или не. Во врска да си пет пати да се скараш, шестиот ќе се оставиш. Во брак не е така лесно и едноставно.
Aceso, не мешај пак баби и жаби. Јас не реков да се укине заедницата помеѓу маж и жена и да се остане само на врски, туку да се укине бирократската одредница - брак.
 
Мислам дека нема потреба да ја носиме дискусијата во друга насока, ама статистички, жените се сеуште во поранлива позиција за разлика од мажите. Не викам дека нема жени кои носат повеќе пари дома него ли мажи, ама во просек, тоа не е случај. Ако гледаш онлајн, ќе најдеш многу повеќе жени кои се жалат од тоа дека дечкото не сака да стапи во брак со нив во споредба со тоа да најдеш мажи кои се жалат на тоа дека девојката не сака да се омажи за нив.
Така да да, ситуацијата може да биде обратна, ама тука го дискутираме општиот случај. Јас знам и жени што на свој грб ја носат цела фамилија, ама тие не се просекот па да ги дискутираме нив.
Па не ја носиме во никаква насока, туку кажуваме дека бракот не ја штити жената како жена, туку ги штити брачните другари кои во даден момент од животот може да се најдат во некаква ранлива положба.

Ако нема брак, чуму семејство? Не е тоа исти курац у два примерка?
Игра на зборови, за ова си специјалист. Не е исти курац, ти ги мешаш поимите за тоа што е семејство и бракот како правна институција. Не ти треба тебе печат од матично за да си ја сакаш жена ти и да бидеш татко. Печатот ти треба за да го заштитиш тоа семејство од надворешни фактори.

Ако си во брак, што те спречува да земеш огромен кредит, да го прокоцкаш и со тоа да го оптовариш целото семејство?

Ако си во брак, банката те спречува сам, на своја рака, тајно да ја задолжиш куќата со кредити за утре децата и жена ти да не останат на улица поради твоја глупост. Бара потпис од двајцата. Бракот тука ги штити парите и имотот на семејството.

Ако не си во брак, вие пак сте семејство, ама за државата и банките се странци. Едниот може да си прави екскурзии, да си подигнува кредити, да си потпишува договори, а другиот да дознае кога ќе му тропнат извршители на врата.

Така што, не е исто.
 
Си гласал погрешно.

Апсолутно непотребна институција, непотребна бирократска процедура која на луѓето им продава идеја дека нивната врска станува „повредна“ откако државата ќе стави печат на неа. Не ми е логично основни права и обврски меѓу двајца партнери да зависат од потпис на документ. Ако две лица живеат заедно 10, 20 или 30 години, имаат деца, заеднички имот, заеднички финансии и заеднички живот, зошто нивната врска би била помалку валидна од онаа на некој што вчера се венчал?
Правата треба да произлегуваат од реалната заедница и заедничкиот живот, а не од формален административен чин.

Во многу нордиски земји е сосема нормално луѓето да живеат заедно цел живот без да стапат во брак. Имаат деца, купуваат станови и куќи, градат заеднички имот и функционираат како семејство без да чувствуваат потреба нивната врска да биде потврдена со церемонија или документ.

Бракот денес е повеќе традиција и општествен симбол отколку реална потреба.
Е, ова! Да си ми жива и здрава! :love:
 
Сеа гледам, фино средиле нордијците коа не си во брак:
  • Имотот е поделен, освен она што е земено и заведено како заедничко, сѐ друго е индивидуално.
  • Наследсвото не е автоматско и потребен е посебен тестамент.
  • Кој е татко е предмет на докажување
  • Нема автоматизам кога се во прашање медицински или финансиски овластувања во случај партнерот да е онеспособен.
Заебанциите што може да се десат за време на (легална) миграција или што произлегуваат од правни постапки се башка.
 
Игра на зборови, за ова си специјалист. Не е исти курац, ти ги мешаш поимите за тоа што е семејство и бракот како правна институција. Не ти треба тебе печат од матично за да си ја сакаш жена ти и да бидеш татко. Печатот ти треба за да го заштитиш тоа семејство од надворешни фактори.
Како ќе ги заштити?
 
Па не ја носиме во никаква насока, туку кажуваме дека бракот не ја штити жената како жена, туку ги штити брачните другари кои во даден момент од животот може да се најдат во некаква ранлива положба.

Игра на зборови, за ова си специјалист. Не е исти курац, ти ги мешаш поимите за тоа што е семејство и бракот како правна институција. Не ти треба тебе печат од матично за да си ја сакаш жена ти и да бидеш татко. Печатот ти треба за да го заштитиш тоа семејство од надворешни фактори.

Ако си во брак, банката те спречува сам, на своја рака, тајно да ја задолжиш куќата со кредити за утре децата и жена ти да не останат на улица поради твоја глупост. Бара потпис од двајцата. Бракот тука ги штити парите и имотот на семејството.

Ако не си во брак, вие пак сте семејство, ама за државата и банките се странци. Едниот може да си прави екскурзии, да си подигнува кредити, да си потпишува договори, а другиот да дознае кога ќе му тропнат извршители на врата.

Така што, не е исто.
Ако имотот го поседувате заедно, нема да може да ја задолжи куќата и за било што ќе биде потребен потпис од двајцата. Не ти е потребен брак за да поседуваш имот со некој, можеш и со другарка да си купиш куќа.
Автоматски споено мислење:

Сеа гледам, фино средиле нордијците коа не си во брак:
  • Имотот е поделен, освен она што е земено и заведено како заедничко, сѐ друго е индивидуално.
  • Наследсвото не е автоматско и потребен е посебен тестамент.
  • Кој е татко е предмет на докажување
  • Нема автоматизам кога се во прашање медицински или финансиски овластувања во случај партнерот да е онеспособен.
Заебанциите што може да се десат за време на (легална) миграција или што произлегуваат од правни постапки се башка.
И на кој начин е погрешно тоа што си го заработил/наследил сам да не го делиш освен ако не сакаш?
Наследство за децата? Автоматско е ако и двајцата се легални старатели.
Како мислиш предмет на докажување? Тоа што си во брак е доказ дека детето е твое? :D
 
Последно уредено:
Ако имотот го поседувате заедно, нема да може да ја задолжи куќата и за било што ќе биде потребен потпис од двајцата. Не ти е потребен брак за да поседуваш имот со некој, можеш и со другарка да си купиш куќа.
Па да де, тоа му го објаснував на Златко. Он се побуни зошто му барале потпис од жената за да подигне кредит. Тоа и го кажав. Збориме за брак.

Надвор од брак, можеш секако да си купуваш имот со другарка или дечко или со кој сакаш, ама тоа си повлекува други компликации. Ако почине партнерот ненадејно, другата половина треба да отиде кај неговите родители, браќа/сестри, така? Или ако тој како поединец си заглави со неговата половина, ти како ќе живееш само со твојата половина од куќата?
Како ќе ги заштити?
Ете пишав до сега.
 
Ако потпишувате нотарски договори за имот, пари, наследство, тогаш што ве спречува да влезете во брак? Кој е делот од бракот што ви прави проблем?

Не знам зошто гледате на бракот како на нешто емоционално. Тоа е чист договор. Наместо да потпишуваш договори цело време и жената/мажот да го рачунаш за ортак наместо животен партнер, ќе потпишеш еден договор, еднаш. Да не збориме дека кај нас (а можеби и во светот) такви нотарски договори можат да бидат оспорувани до недоглед, па да дојде некој од поблиската фамилија на партнерот и да ти земе пола од имотот (ко што пиша @Aceso погоре).

Ќе разберев некој да пишеше директно: Не сакам да се женам/мажам бидејќи моите пари се мои и не сакам да ги делам. Или не сакам да бидам врзан со некој. Или сакам да бидам во врска со 5 луѓе истовремено па бракот не ми дозволува.
 
Па да де, тоа му го објаснував на Златко. Он се побуни зошто му барале потпис од жената за да подигне кредит. Тоа и го кажав. Збориме за брак.

Надвор од брак, можеш секако да си купуваш имот со другарка или дечко или со кој сакаш, ама тоа си повлекува други компликации. Ако почине партнерот ненадејно, другата половина треба да отиде кај неговите родители, браќа/сестри, така? Или ако тој како поединец си заглави со неговата половина, ти како ќе живееш само со твојата половина од куќата?
Е па тоа го збориме де. Надвор од брак, купуваш стан заедно со партнерот, на нотар потпишувате дека е заеднички и that's it. Што ќе ти е брак да те штити? Па и вака, и така неговата половина ќе отиде кај негови родители, браќа, сестри.
Автоматски споено мислење:

Ако потпишувате нотарски договори за имот, пари, наследство, тогаш што ве спречува да влезете во брак? Кој е делот од бракот што ви прави проблем?
Ете, пр, што не можеш да купиш имот сам.
 
Back
На врв Bottom