NBA 2025/26

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    41
Затоа сеа не му свирнаа флагрант 1 на Вемби, па гејм 6 да си го гледа од клупа.
Не му бега. После утакмица ќе го судат како флагрант и толку од серијата. Беше фаул и тоа е тоа. Ако гледаме така во детали. И на Фокс тоа беше чист фаул од ОЏ. Ама не ни го разгледаа. Јасно е дека овој тим на Спарс е преталентиран, само го јадат на искуство. Две утамици продадоа поради тоа. Втората и минатата.
 
Не му бега. После утакмица ќе го судат како флагрант и толку од серијата. Беше фаул и тоа е тоа. Ако гледаме така во детали. И на Фокс тоа беше чист фаул од ОЏ. Ама не ни го разгледаа. Јасно е дека овој тим на Спарс е преталентиран, само го јадат на искуство. Две утамици продадоа поради тоа. Втората и минатата.
Не верувам дека ќе му го свират отпосле.
Тоа од ОЏ беше чиста (прво на топка играше), го имаше и во Last 2 minutes извештајот.
 
Не верувам дека ќе му го свират отпосле.
Тоа од ОЏ беше чиста (прво на топка играше), го имаше и во Last 2 minutes извештајот.
Само сите сники ова го покажаа.


А ова со Вемби сум сигурен дека ќе го разгледуваат. И ако не го користат тоа дека Харпер падна па така да го продадат дека не беше фаул. А беше. Само тогаш нема да го упгрејднат ова во флагрант.
Автоматски споено мислење:

Ајде доста беше за Спарси. 5 утакмици водат по 13,16,14 и 29 разлика. И вечерва 16 и после потоп ти се дешава. Ваква неспособност ретко имам видено. На страна неискуство на играчи ова она. Да ти се мочам на тренерот кој го игра Фокс кој е очај цел ПО. Цел ПО еј. А Харпер најбољи играч го штедиш. Успех беше и ова финале ама сами се откажаа од титула.
Ретко видео чоук во финале за мене. Пошто е Спарс и фамилијарна франчиза нема да го шутнат Мич. А според мене заслужува заедно со пакет со Фокс. Вакво нешто им се деси на Окалхома со Харден, Дурант и Вестбрук. И они мислеа дека млади се трт мрт. Па не помирисаа финале после тоа. Успех да секако, ама вакво чоукање и ништо да не измениш ова е незамисливо.


Честитки до Њујорк. Заслужи франчизата да земе титула. Посебно ради Брунсон кој е страва играч.
 
Последно уредено:
Честитки за сите фанови на Никси. Иако сакав да освојат, денеска бев за Спарси да ја добијат. Не ми се јасни две работи, дали судиите не гледаат влечење за дрес, бидејќи овие од Њу Јорк им ги зедоа дресовите на играчите на Сан Антонио и зошто упорно се форсираше при крај Вембњама да шутира тројки...
 
Ajде со среќа за Никси и навивачите... @Генерал радуј се друже, конечно дочека. :)
Автоматски споено мислење:

Симни си ги утакмците од https://rutracker.org/forum/viewforum.php?f=1997 додека имаат seeds, па да го одгледаш епскиов run кога ќе имаш време.
 
Иако сите го слават Тими како најдобра 4 во историјата на баскетот и заради тоа ја препишуваат победата во финалето 99 врз Њујорк, сепак - кој знае знае и кој гледал баскет тоа време ја изгубивме таа серија затоа што го немавме Патрик Јуинг под кошевите.
Кемби беше премалку за да ги сопри Адмиралот и Тими, а Џонсон беше премал, немавме некој центар кој можеше да се отвори од бекап играч во доминантен и да се спротистави против двоецот од Сан Антонио.

Оттогаш, сите како фан база влечиме „комплекс“ на помала вредност, влечиме една историска неправда така да ја наречам, едноставно не сметаме дека се боревме рамноправно, ни го немаше капитенот, столбот, ни ја немаше основата и играчот кој во сите тие 90-ти години не носеше на рамења и играше сам против сите, против Булси на Џордан, против Индијана на Рик Смитс и Реџи Милер, против Орландо на Пени и Шек, против Хаким да Дрим, едноставно последниот мохиканец, сам против сите. На крај, кога тимот доби еден Латрел Спривел и Алан Хјустон, кога тимот доби стабилност и континуитет, кога тренерот беше на ниво на задачата дури тогаш се осеќавме силни но го изгубивме најдобриот, со тоа и го изгубивме финалето со Спарси иако кој гледал тогаш знае дека сите утакмици беа крајно неизвесни, али крајно.

Еве една мала тајна, откако ми го скинаа првиот јузер пред многу многу години, одбирајќи нов јузер сакав да ми биде Адмирал (од почит кон Дејвид Робинсон, Адмиралот од Сан Антонио), човекот кој беше СТРАВА под кошевите, еден од ретките кои има квадрипл дабл статистика (мислам дека Хаким има таква и уште еден или два центри од минатото кои не сум ги запамтил). Менторот на Тим Данкан, едноставно центарот кој донесе титула во Сан Антонио и кој беше голем проблем да излезиш на крај со него пошто беше неверојатна атлета од една страна, од друга страна го разбираше баскетот и знаеше да го игра во секоја една шема која тренерот ќе ја зададеше.
Од почит кон противникот кој не покори во финале, иако бевме десеткувани и Јуинг не играше, сакав да ми е јузерот Адмирал, не беше слободен тој јузер, следниот кој ми падна на памет и до некаде наликуваше беше Генерал и затоа го избрав.

Годинешнава победа на Никси е лек на тие рани од 99. Кога видов како Јуинг го гушка КАТ и со која емоција реагира на оваа титула солзи ми дојдоа на очи. Долгиот сон, денот за кој сите живееја, денот за кој следев баскет долги 30 години и играчот заради кој ги засакав центрите - Јуинг имаше среќа да види, додека е жив, неговиот Њујорк да освои титула.

Засекогаш ќе биде најдобриот Никс на сите времиња за мене, а за новите генерации херојот е Брансон (сосема заслужено). Некој кој цел живот очигледно работел и чекал ваков момент, некој кој од втора виолина во Далас на извиканиот Лука сепак доаѓа во тим каде му даваат шанса и на еден сосема скромен и човечки начин им вели - еве ви 100 милиони ГРАТИС од мене, само направете ми состав.

Составот беше направен за прошлата сезона да може да го победи тогашниот шампион Бостон, навистина го направија тоа но потфрлија отпосле. Остана во нив она борбеното од Тибодо, да се кучиња на терен, се појави Браун и тој како Брансон тивко и ненаметливо го водеше тимот до оваа титула - според мене и тој е ите како заслужен.

Во почетокот КАТ го бојкотираше и не играше како треба, па се носеше тимот со порази против „фаворити“ и кога сите сезонава *(меѓу кои и јас) мислеа дека ова е уште една пропадната сезона пошто составот едноставно не е доволно добар - дојде генијалноста на тренерот до израз.
Капа долу шо на сред плејоф бараше начини, па со игра преку КАТ го воскресна истиот офанзивно за дефанзивните маани да не се до израз, успеавме меѓувремено Мич да го одржиме до крај на ПО без отсуства, ОЏ покажа дека дебелиот договор кој му го дадоа ВРЕДИ СЕКОЈ ЦЕНТ, играчите кои требаше да бидат комплементарни добија своја шанса и ја оправдаа, Алверадо, Шамет или како и да се вика тоа фацата грда еврајска да му ја љубам, едноставно сите кликнаа и го следеа тренерот кој до последно бараше начини да НЕ се предаде, да менува тактики, играчи, да бара начин да победи.

Заслужено за градот, заслужено и отповеќе за ЉУДИНАТА од играч Брансон ама повеќе и од заслужено за Браун, шампионски тренер и тренер кој го дочека своето на крај, едно големо браво и за него.

Извинете јас ако во многу наврати знаев да досаѓам со тие 90ти, со Џордан и со баскетот кој се играше тогаш ама верувајте вакви утакмици каде натпреварот е тесен и има макс до 100 поени беа редовни тогаш и се играше помашки и понеизвесен баскет, затоа и толку го сакаме тој период и го воспеваме, можеби понекогаш и премногу. Ова финале т.е. начинот на кој Њујорк се бореше во него потсеќаат на тие 90-ти, го имаат тој шмек на борба до последната стотинка.

Њујорк секогаш ќе ми биде во срцето, во година кога ниту една утакмица од финале не им изгледав, во година која е во исто време најубавата за мене во животот (заради ќерката која ми се роди и која е причина што не ме интересира ништо живо освен неа во слободното време), во година кога имав и еден куп други професионални и приватни предизвици, во која се борам и со неубави работи (моментално), се дешава моите Никси да ми речат еве ти на сета мака со која семејно се соочуваш во меѓувреме да ти подариме титула.
Тоа ме прави ите како горд, затоа што оваа франшиза ја следам добри 30 години, како некоја будала во ниедно време навечер стани па гледај до 6 сабајле и оди на работа или каде и да треба, едноставно болест, зависност, љубов, како и да го наречи човек нема да згреши.

Моите Никси се шампиони, мојот тим, мојата гордост.
Ве сака Генерал, се гордеам со вас.

п.с. @The xx фала за честитките друже
@Vanlok фала за ликот, ќе ги симнам утакмиците и еден ден ќе ги изгледам сите до последна со ќерка ми во раце, ќе биде таа Никс фан со сигурност.

Сите останати, останете добро друштво, се надевам следната сезона ќе ве дружам повеќе од оваа.
 
Само сите сники ова го покажаа.


А ова со Вемби сум сигурен дека ќе го разгледуваат. И ако не го користат тоа дека Харпер падна па така да го продадат дека не беше фаул. А беше. Само тогаш нема да го упгрејднат ова во флагрант.
Автоматски споено мислење:

Ајде доста беше за Спарси. 5 утакмици водат по 13,16,14 и 29 разлика. И вечерва 16 и после потоп ти се дешава. Ваква неспособност ретко имам видено. На страна неискуство на играчи ова она. Да ти се мочам на тренерот кој го игра Фокс кој е очај цел ПО. Цел ПО еј. А Харпер најбољи играч го штедиш. Успех беше и ова финале ама сами се откажаа од титула.
Ретко видео чоук во финале за мене. Пошто е Спарс и фамилијарна франчиза нема да го шутнат Мич. А според мене заслужува заедно со пакет со Фокс. Вакво нешто им се деси на Окалхома со Харден, Дурант и Вестбрук. И они мислеа дека млади се трт мрт. Па не помирисаа финале после тоа. Успех да секако, ама вакво чоукање и ништо да не измениш ова е незамисливо.


Честитки до Њујорк. Заслужи франчизата да земе титула. Посебно ради Брунсон кој е страва играч.
Баш тоа сакав да го пишам , САС имаа разлика во сите натпревари од 13,16,14, па дури и 29 и сабајле 16 разлика и пак изгубени утакмици, тоа е до неискуството на тимот , но полека тоа ке се среди .

Шта речи за Никси Генерале честитки конечно дочека титула , ги сакам навивачите како тебе што не се навивачи на играчи туку на клуб , инаку сосема заслижена титула за Никси после 53 години чекање.

На нас неутралните ние што навиваме за други клубови апсолутно немаше хејт спрема ниту еден од финалистите , блага предност барам јас давав за Никси иако САС ни направи кејиф по победата во финалето на западот.

Еден податок ме изненади да не гуглам но ова мислам е веке 6ти или 7ми различен клуб што освојува што е добро за НБА. Да не се повтараат се истите пак истите.

Уште еднаш честитки Њу Јорк Никс.
 
Ги имаа за малце само да ги сјебеа Таунс и Аноноби, штета овој етичкиот му ги промаши лигаментите на Аноноби предходната.

They almost won it... almost


Ниту Топич ниту Сорбер ќе играат во летнава лига.
 
Back
На врв Bottom