Од А продукција нè враќаат во Ш продукција. Од коментатори, преку експертски анализи до информации и атмосфера од лице место... од сè ќе бидеме ускратени.
И од технички аспект ова ќе биде фијаско. Еве во моментов на Премиум 1 оди утакмица Челзи - Арсенал со МК коментатор, чија слика сецка, негледливо е и воопшто нема атмосферски тон од стадионот. Каков кошмар.
Не знам кому му текнало ваква "генијална" идеја - да се оди со посебни канали на местото на досегашните. Буквално не враќаат 30 години наназад. Наместо да се додаде еден МК канал каде тој што сака да слуша македонски коментатори нека си слуша, или само да се додаде опција за македонски јазик. Ова, вака, ќе биде ужас кој сме принудени да го гледаме и слушаме.
Ако вака остане, ќе биде забавно да се гледа како македонската фудбалска лига ќе добива приоритет пред некои дерби утакмици од Премиер, Примера или Калчо. Или како наместо европски спектакли ќе бидеме приморани да гледаме МК ракомет, одбојка или кошарка...
Стварно сме мајстори да усереме све што си функционира у земјава!