Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде да ги потсетиме порталите на нешто за да ископираат во следните денови....

Какво дежаву е првенството. Германија (Минхен), 2019та, СП, група Б... Кој прати ракомет, сигурно памти, не е толку одамна...

1781117445615.png

Јапонија ја победивме со пикери, со Бахреин се помачивме но тепавме, следеа високи порази од Хрватска и Шпанија и на крај на се или ништо со тогашниот (послаб од сега) Исланд - тесен пораз во финишот. Со тоа не ја поминавме групата (тогаш на СП имаше 24 екипи) и на крај по разигрувањето бевме 15ти.

Се надевам овојпат ќе имаме повеќе среќа.

П.С. И Исланд и Бахреин и Јапонија се појаки сега отколку тогаш. Тогаш нас Раул Гонзалез ни беше селектор, не бевме лоши ама бевме на пониско ниво од максимумот во периодот 2012-2015та - микс од многу возрасни и многу млади играчи предводени од неколку поединци (Кире во последните години, Манасков на врвот од кариерата, Талески кога беше во Рајн Некар Левен, Столе од шампионската сезона во Вардар, неколку од стандардните ротациски играчи и неколку млади кои немаа значаен придонес во моментот). Мислам дека има шанси и ние да бидеме подобри идната зима отколку тогаш, но се ќе зависи од здравјето и формата на играчите - далеку е од сигурно тоа, иако имаме поширок ростер.
 
Attachments

  • 1781117418918.png
    1781117418918.png
    85,5 KB · Прегледи: 11
Ајде да ги потсетиме порталите на нешто за да ископираат во следните денови....

Какво дежаву е првенството. Германија (Минхен), 2019та, СП, група Б... Кој прати ракомет, сигурно памти, не е толку одамна...
Истово го помислив, па и распоредот е таков плус. Не знам баш дали Јапонија е појака од тогаш. На последното СП играа многу слабо и ќе видиме во каков состав ќе бидат овој пат. Инаку да лошо првенство изигравме тогаш. Со Шпанија ја пуштивме утакмицата во второ полувреме за да се фокусираме на Исланд, па Исланд со некој гол два не победи тогаш.
 
Охриѓани со време да му кажете на самурајот да не се сили многу :pos:
Автоматски споено мислење:

Јапан и Бахреин се тука негде екипи, ама не можам да ги коментирам пошто нит му го гледам ракометот, нит планирам. Имаат чат пат некои изненадувања, а имаат и некои бламажи. Се надевам баш со нас нема да има некое изненадување:D Вакви репрезентации, ако не повеќе, на инат и на ќутек треба да ги добиеме
 
Јас чекам Коњаникот сабја да се произнесе со детална анализа за групава (не е иронично).
 
Мислам дека Ангола ќе е 3 таму.
Дојдов ова да го кажам. Америте не се ни аматери, него се рекреативци. Несериозно е да се потцени Ангола до тоа ниво. Ќе ги исплескаат Америте за сите пари. Практично таа утакмица може ќе ми е и најинтересна од неинтересните :)

За ждребот гледам доста песимизам. Јас не мислам дека можевме полесна група да избереме и за вкрстување и за играње прва фаза. А и Б ги имаш Србија и Германија, кои се во пеколен налет, едните дома играат другиве под Раул конечно добиваат некој ритам и систем каков Раул сака да си игра.

Ц и Д Хратска, Франција и Бразил :confused:

Е и Ф - Шведска Норвешка Фарски. Фараните би биле многу наапани против нас на едно Светско, овие двеве сами по себе класа иако Норвешка е во мал пад, практично на домашен терен ќе се таму. Предност е што прва група играат меѓу себе. За нас може единствено подобро ќе беше Исланд и Данска да се во иста група ама беа во ист шешир, нема како.

Така да мислам дека и добро поминавме со оглед на тоа како се намести ждребот. Некако најрамномерен ждреб до сега ми изгледа, сега од друга страна ако сакаме ТОП 8 треба да си го заслужиме. Тресни ги Исланд и Словенија и ете ти топ 8
 
Некако најрамномерен ждреб до сега ми изгледа, сега од друга страна ако сакаме ТОП 8 треба да си го заслужиме. Тресни ги Исланд и Словенија и ете ти топ 8
Е тресни ги де, ама тука се бунат зошто ни се паднале Исланд, Јапонија и Бахреин... Не знам каква подобра ждрепка треба да бараме, за да ни се поклопат коцките? Ако сакаме да сме топ 8, сеедно е кој ни е во група од трет и четврт шешир. Добро, не е исто да се падне САД или Јапонија, ама пак, не треба да менува многу за амбициите што треба да ги имаме.

Ќе пројдеме во втора фаза, и тука може да имаме победа со Ангола само. Дај боже да ме демантираат.
 
Ima nekoj info za karti? Gledam na oficijalnata strana pisuva za grupa H not available na site kategorii, rasprodadeno e vekje ili ne ste uste pusteni?
 
Ние сме тип на народ што сака да игра финале, ама на патот да му бидат: УСА, Грција, Словачка и Саудиска Арабија. Ако треба да изиграме полуфинале со Швајцарија пример, лош ждреб.
 
Е тресни ги де, ама тука се бунат зошто ни се паднале Исланд, Јапонија и Бахреин... Не знам каква подобра ждрепка треба да бараме, за да ни се поклопат коцките? Ако сакаме да сме топ 8, сеедно е кој ни е во група од трет и четврт шешир. Добро, не е исто да се падне САД или Јапонија, ама пак, не треба да менува многу за амбициите што треба да ги имаме.

Ќе пројдеме во втора фаза, и тука може да имаме победа со Ангола само. Дај боже да ме демантираат.
Не ве разбирам, никој не рече дека групата е тешка за поминување. 3 екипи одат натаму, во која и да бевме ќе поминевме. Мене групата воопшто и не ме интересира. Јас ја гледам "втората група" или популарно наречената "главна фаза". Таму во битка за топ 2 сме во група со Данска, Исланд и Словенија (3 екипи од топ 8 од ЕП од пред 6 месеци, на кое патем Словенија беше многу ослабена). Од 4те "главна фаза" групи, потешки противници (ако земеш во предвид во кој шешир бевме и каде можеше да се паднеме), нема.

Инаку со оглед каква беше ждрепката и фактот дека единствени групи во кои можеше да се паднеме беа A/C/E/F/G/H опции беа:
- Германија, Египет, Италија, Тунис
- Хрватска, Франција, Аргентина, Бразил
- Шведска, Португалија, Полска, Грција, Фарски Острови (или Норвешка)
- Данска, Исланд, Словенија, Јапонија, Бахреин

Од овие опции, мое мислење е дека нашата е најтешка за пласман во топ 2. Затоа се коментарите за лоша ждрепка. Инаку општо земено изедначена е генерално ждрепката, ама за нас ова со Данска (апсолутен фаворит), Исланд и Словенија (меѓу фаворитите за медал) е скоро невозможна мисија за повисок пласман

Како и да е, ждрепката е таа што е, на нашите репрезентативци е да работат, да се спремат, дај боже да се здрави и во форма па ќе видиме. Во тоа е убавината на спортот, од напред ништо не се знае со сигурност, се е можно на крај и краишта.
 
Според мене, подобро е да имаме еден апсолутен фаворит, за да одмараме против него или да не калкулираме, отколку за некој сличен, и пак и тие ќе не треснат.

Не следам активно ракомет, ама од Хрватска, Франција, Аргентина и Бразил, губиме 3/3, без разлика кои 3 ќе играат.

Шведска се појаки, Португалија исто.
 
На србите ептен им се посреќи ждребот. Тоа беше најпосакувана опција за нас, таа група А. Германија секако ќе беше голем фааворит. Ама тогаш требаше само со Египет да се рваме, што за мене е поповолна опција отколку со Исланд и Словенија (едино што судиите знаат да ги форсираат Египќаните ради Хасан).
Инаку поповолна група добивме отколку од порано, ама тоа е затоа што Турција и Саудиска Арабија добија вајлд карти и доста послаби репрезентации се пласираа. Иначе имавме поповолна втора фаза прошлото СП. Ама тоа е, она што најмалку го посакував го добивме. Другите екипи се доста послаби од нашите, така да минимумот е тоа топ16. Е сега за нешто повеќе ќе треба Исланд и Словенија да се победат, а притоа Данска да не им пушти ниту на Словенија ниту на Исланд. И едните и другите ни се должници, а и редно е некоја европска репрезентација која е подобра од нас да ја победиме.
 
Back
На врв Bottom