Види МВР и АРМ не сум сигурен баш, ама МВР

и пензионерите се потенцијални кандидати за исклучување од листата на гласачи. Ние овде се расправаме за иселениците и гастарбајтерите, а испуштаме многу важен сегмент од гласачкото тело.
За разлика од иселените кои воглавно се патриотски расположени и се знае нивната ориентација, пензионерите се секогаш за статус кво. Пуст страв дека следните ке им ја укинат пензијата.
Ама законот вели друго.
Па и во однос на (по)младите, единствен мотив за да гласам ми е да направам штета на сдсм/дпмне. Нит гласам за програма, политичар, политики, уште помалку за идеолошки стремеж.
Разбирам дека дел од иселениците не сакаат да гласаат затоа што чувствуваат разочарување во системот, нема да направат разлика, не се заинтересирани за политика, свртиле нов лист во животот, предалеку им е гласачкото место, не го гледаат политичкиот живот како свој...
Стапката на излезност, неколку изборни циклуси, на парламентарни избори, навистина е премала, не се ни приближно до цензусот. И овде има неколку проблеми, а првиот е различната излезност во домашните 6 изборни единици кои често не се ни приближно идентични во однос на соодносот гласачи по мандат. Ако се бара стапица, таа е една изборна единица, од која големите политички партии бегаат. Еднакво поле, рамномерно поле, па така нека се одлучи кој ќе освои најмногу мандати. Вака им се сервирани пратеници кои меѓусебно си ги делат.
Ние не сме за гласање преку пошта или преку интернет. И онака изборниот сон е да се направи бугарски воз или телефоните да работат со цел да се максимизира партиското гласачко тело. Не сме на тоа ниво на развиена граѓанска свест. Бејби степс, за почеток ѓубрето да се фрла во корпа, па после ќе стигнеме и до гласањето, здравје, за неколку децении.
Се изземат студентите од равенството за право на глас, кои се на студии од одреден цуклус во друга држава, каде често пати имаат и полна работа, па не можат да се враќаат во матичната држава, така не се тука 6-9 месеци, колку и да ставаат сопка за гласање. Војската, која има повеќегодишни договори во некоја "мировна" мисија, може нема да ја фати оваа квота. Луѓе на сезонска работа, луѓе кои работат на проекти, преквалификации/доквалификации...дел своите знаења и искуства ќе ги имплементираат во ова општество, односно средина. Зошто и овие луѓе да бидат казнети со тие квоти на присутност?