Дали Екатерина Захариева ти ја кажа современата реалност дека Бугарите од кланот Дуло и племето Каји (водечкото племе од кое произлегле османлиските султани) имале иста тамга (амблем, печат, жиг), а со тоа најверојатно и заедничко потекло?
Дали Екатерина Захариева ти рече кој бил придонесот на Куманите во османлиското освојување на Балканот? Еве како се изјаснуваат околу тоа прашање Флорин Курта и Иштван Вашари:
Сепак, Куманите „беа основачи на три последователни бугарски династии (Асенидите, Тертеридите и Шишманидите) и на влашката династија (Басарабидите)“ (стр. 166). Покрај тоа, инфилтрацијата и доаѓањето на власт на куманските елити во балканските земји се случи во политичките околности создадени со експанзијата на Златната Орда по 1241 година и наметнувањето на нејзината контрола врз северната и североисточната област на Балканот. Намерата на Вашари во раскажувањето на оваа приказна е да фрли нова светлина врз последователното османлиско освојување на Балканот: „османлиското освојување не беше случаен и единствено трагичен настан на Балканот“. Наместо тоа, Куманите и „Татарите“ го подготвија патот за османлискиот напредок: „северните номадски воини и старите освојувачи на Балканот ја предаваа палката на новите, амбициозни, номадски воини што доаѓаа од југ“ (стр. 132).
scholarworks.iu.edu
Дали после сето ова тебе ти е нормално да се нарекуваш Бугарин и да се гордееш со бугарските ханови и куманските владетели?
Според твојата изопачена логика, дали пчелите во чие улиште влегле неколку стршлени, самите тие пчели стануваат стршлени? И дали истиве овие пчели треба натрапничките стршлени да ги претставуваат како свои матици, онака како што правите вие со овие туркиски освојувачи?