Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
не би се сложил иако изгледа како цените да се паднати некој % сепак повеќето се со висок п/е однос >30
Ако после сите овие глупости и ваков пад на берза тебе не ти одговара, тогаш не знам што воопшто бараш во инвестирање
 
со исклучок на мајкрософт не гледам ништо спектакуларно да се променило во последниве 6 месеци барем не кај овие водечкиве

1000001979.jpg
 
Види ги Salesforce Inc. Мислам дека е добро време за влез..
откупуваат свои акции, даваат девидента, добар однос на п/е, висок пазарен удел...
делува интересно ќе ја следам да видам како ќе се движи
 
со исклучок на мајкрософт не гледам ништо спектакуларно да се променило во последниве 6 месеци барем не кај овие водечкиве

Прегледај го приврзокот 474658

Следи ги ЕТФ кои се базирани на фирми кои инвестираат во AI и во Semiconductors. Овие би требало да го доживеат пикот во 2027-ма. Лошото е што тешко можеш да купиш, и веќе цената е доста висока.
 
Здраво,

Можеби прашањево е глупо ама многу ми е збунувачки. Преку ИБ сакам да продадам акција и да ги повлечам парите на сметка у банка, акцијата ке ми донесе загуба затоа што ја купив по повисока цена.

Дали треба некаков извештај до УЈП да се достави, како ќе знаат тие дека имам загуба и дека не треба да се даночи тој прилив на сметка?
 
Не, ако имаш доказ дека парите ти се внесени од Македонија на ИБ. Ги имаш трјдовите како доказ дека си изгубил пари.
 
Здраво, имам сметка на Trading 212 и планирам да продадам дел од акциите. Дел од средствата би ги реинвестирал во други акции, а дел можеби би ги повлекол на банкарска сметка. Вкупната реализирана добивка би била околу 850 долари. Ме интересира како оди постапката во УЈП:
  • Ако продам акции и веднаш купам други, без да ги повлечам парите од Trading 212, дали треба нешто да пријавувам или не?
  • Ако повлечам дел од средствата на банкарска сметка, дали тоа се пријавува веднаш или се прави на крајот од годината?
  • Дали е битно што дел од депозитите во Trading 212 се направени од македонска картичка, а дел од бугарска картичка и Revolut?
  • Има ли некој практично искуство со пријавување капитална добивка од Trading 212 во УЈП?
Благодарам однапред
 
Законски, треба секој профит да го пријавиш. Бев во УЈП ова да го разјаснам, и ми рекоа да пријавам само кога ке ги повлечам парите тука кај нас, па сега, ти види...

Ако ги повлечеш на сметка, ке мора да ги пријавиш до крајот на месецот, на пример, до крај на Јуни, а до 10-ти Јули да го платиш данокот.

Како ке иде со капитална добивка уште не знам, ама 100% на парите што ти се депонирани од надвор, ке мора да си платиш целосно данок. За да ти одбијат на влогот, ке мора да покажуваш од каде ти се депонирани средствата(наши банки) и ке ти бараат трејдинг историја. Јас имам намера да ги држам акциите 2 години, и да почнам да продавам од тие lots, ако дојде време да се повлекуваат пари кај нас. Очекувам мачен процес околу ова, делува поима дека немаат во УЈП Куманово. Ја прашуваат таа "експертката" за акции дали правилото за поседување на акции 2 години важи и за странски акции, ми вика, дечко нема таков закон, само ако си ги наследил акциите. :pos:

Очекувам наскоро некој нов закон кој ке го опфати сето ова многу појасно. Затоа што ако може да пријавам капитална добивка, треба некако да можам и капиталната загуба да ја ставам контра тоа.
 
Јас пријавувам и капитална и дивиденди. Логиката ми е дека е подобро да го имаат сето тоа во систем кај нив отколку по 5-6 години јас да се замарам и да им носам извештаи со години наназад.

И да, за акции над 2 години не пријавувам ништо, имаше конкретно мислење од УЈП на нивната страна за оваа ситуација.
 
Данок пријавуваш на средства повлечени на сметка во Македонија. Плус данок плааќаш на се што е повлечено повеќе од тоа што си депонирал. Ако депонираш 2к евра данок плаќаш на делот што е над 2к евра, затоа се вика добивка, и се пријавува данок на добивка.
 
Во тој случај ти можеш да депонираш 2 илјади, да направиш 500 евра капитална, да ги повлечеш само тие 500 и да не платиш ништо, така?
 
Back
На врв Bottom