Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
може да трејда како сака но статистиката е таа и не мора да слуша нека проба може он ќе биде во тие успешните 10%!
Не се разбираме..

Те молам објасни како ќе пропадне на инвест акаунт? Значи држи акција 2-3 недели зема профит излегува. Ако оди надолу докупува, пак зема профит. Нe зборуваме за цфд значи
 
Не се разбираме..

Те молам објасни како ќе пропадне на инвест акаунт? Значи држи акција 2-3 недели зема профит излегува. Ако оди надолу докупува, пак зема профит. Нe зборуваме за цфд значи
добро движење на акција во 2-3 недели е околу 3-5% што да бидеме реални е реткост за почетник.
Ако вложи 1.000 евра, по 3 недели (ако сè оди совршено) ќе има 30-50 евра профит.
Кога ќе ги одземеш провизиите на брокерот (за купување и продавање) и данокот на добивка (кој е задолжителен) колу ќе му остане?

ако е толку лесно да се прават пари со држење акции по 2-3 недели, зошто тогаш најбогатите луѓе во светот (Бафет, итн.) ги држат со децении.

реков и претходно статистички шансите за пропаст на краток рок се големи и немилосрдни, но нека проба од секое правило има исклучик
 
не знам од каде ти е идејава за вакво нешто но ова е генерално тоа што треба да го знаеш во старт.

Статистиките за трејдингот се прилично сурови.
Постои едно непишано правило во индустријата познато како „90-90-90“, кое вели дека:
90% од почетниците губат 90% од своите пари во рок од 90 дена.
Точно, ама што е лесно во животот?

Секое отварање на нов бизнис или инвестирање и ризично и не секој успева. Да беше поинаку сите ќе беа богати.

90% се луѓе без трпение и претеран коцкарски менталитет. Треба многу трпение и одреден калкулиран ризик.
 
сега штом знаеш и прифаќаш ризик тоа е тоа, ако имаш среќа ќе завршиш во тие неколку % успешни приказни ако не стануваш дел од статистиката
 
добро движење на акција во 2-3 недели е околу 3-5% што да бидеме реални е реткост за почетник.
Ако вложи 1.000 евра, по 3 недели (ако сè оди совршено) ќе има 30-50 евра профит.
Кога ќе ги одземеш провизиите на брокерот (за купување и продавање) и данокот на добивка (кој е задолжителен) колу ќе му остане?

ако е толку лесно да се прават пари со држење акции по 2-3 недели, зошто тогаш најбогатите луѓе во светот (Бафет, итн.) ги држат со децении.

реков и претходно статистички шансите за пропаст на краток рок се големи и немилосрдни, но нека проба од секое правило има исклучик

Па не е реткост, во последниве 2 години берзата е флипер игра, од 2020 навака сите правила на игра се променети.

ИБКР провизиите се скоро 0 за странци, 0 за оние што живеат во САД, данокот на добивка е тој.

Бафет ќе остане засекогаш најлегендарен инвеститор ама во денешни услови човекот не би успеал ни приближно. Самиот факт што не инвестира 300-400 милијарди во моментов бидејќи за него пазарот е прескап ти кажува дека времето го гази. Како оној Кан, кој од 2010 чека берзата да падне а во меѓувреме испуштил 150% само на СП500

Бафет успеа да направи огромни пари во едно сосема поинакво време, човекот прв пат купи Гугл пред 3 месеци, велеше дека има аверзија кон акции од технолошки карактер и ги пропушти комплетно најважните акции на денешницата

Еве од цел период каде купи Бафет акции во Гугл

G507N_1XYAAKyQj
 
односот P/E на повеќето од акциите не соодвејствува на реалната вредност
 
сега штом знаеш и прифаќаш ризик тоа е тоа, ако имаш среќа ќе завршиш во тие неколку % успешни приказни ако не стануваш дел од статистиката

Апсолутно, ама да му ги дадам парите на некој со фонд кој има само за интерес да заработи преку неговата провизија или пак да ги ставам во СП500 и едвај да ги умножам за да испаднам во плус после инфлација и валутарна конверзија, не ми изгледа ич атрактивно.
Автоматски споено мислење:

односот P/E на повеќето од акциите не соодвејствува на реалната вредност
Која е реалната вредност? Штом некој плаќа некоја цена, тоа е реалната вредност.

После 2020 берзата е тотално сменета, економските правила едноставно не важат. Економијата која ја учевме и на некои места уште се учи воопшто не се променети за новото време кое дојде.
 
па вака не би можел да кажам на прва и општо за сите наеднаш,
но сепак ако видиме дека односот P/E на: тесла е >300, палантир >400...
делува дека се преплаќа и се над нивната пазарна вреднос па инвеститорите се водат по девизата дека денес јас сум будала и ќе платам повеќе од што нешто вреди со надеж дека по одредено време ќе се најде побудала од мене и ќе преплати уште повеќе а јас ќе испаднам нешто ќар
 
Тоа е апсолутно така. Ама целата берза се базира на истиот принцип. Ако бараш помал П/Е однос ќе купиш акции на авиокомпании или крузери и нема да имаш никаков потенцијал. Кога ќе го купиш ПЛТР ја купуваш иднината кои тие веќе ја поседуваат. ПЛТР беше една од најспоменуваните акции пред неколку години кога беше на 16 долари, па пак луѓе ја отфрлаа како небитна. ТСЛА ист принцип.
 
Ве молам за помош за пополнување на даночната пријава.
Задолжителни се полиња кои не одговараат за странски компании (едб/ембг; големина на уделот во %):
1768597601631.png
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom