Законски, треба секој профит да го пријавиш. Бев во УЈП ова да го разјаснам, и ми рекоа да пријавам само кога ке ги повлечам парите тука кај нас, па сега, ти види...
Ако ги повлечеш на сметка, ке мора да ги пријавиш до крајот на месецот, на пример, до крај на Јуни, а до 10-ти Јули да го платиш данокот.
Како ке иде со капитална добивка уште не знам, ама 100% на парите што ти се депонирани од надвор, ке мора да си платиш целосно данок. За да ти одбијат на влогот, ке мора да покажуваш од каде ти се депонирани средствата(наши банки) и ке ти бараат трејдинг историја. Јас имам намера да ги држам акциите 2 години, и да почнам да продавам од тие lots, ако дојде време да се повлекуваат пари кај нас. Очекувам мачен процес околу ова, делува поима дека немаат во УЈП Куманово. Ја прашуваат таа "експертката" за акции дали правилото за поседување на акции 2 години важи и за странски акции, ми вика, дечко нема таков закон, само ако си ги наследил акциите.
Очекувам наскоро некој нов закон кој ке го опфати сето ова многу појасно. Затоа што ако може да пријавам капитална добивка, треба некако да можам и капиталната загуба да ја ставам контра тоа.