Мене искрено најмногу ми смета она “па нема избор мора фамилија да храни“ и оправдување на тоа што Македонец игра за албански клубови. И тоа истите клубови чии навивачи вадат знаме УЧК и Голема Албанија, не гледам како некој може да спие мирно и да застапува бои од тој клуб. И не е дека нема избор, сите имаме избор. Знам другарче фудбалер што имаше понуди своевремено од албански клуб и одби, тогаш и тренираше и работеше како келнер само за да обезбеди пари за живот, бидејќи клубот во кој што беше каснеше со плати подолго време. Имал избрал, го направил вистинскиот. Бил потешкиот избор, ама сепак имал. И кога дошле турците, имало наши што смениле вера за полесни услови за живеење, но и наши кои си ја задржале верата, па макар и по цена да се криеле во планините и да ги напуштиле домовите. И тие имале избор, да размислувале вака “што има врска, треба фамилија да храниме“, сега црква ќе немаше тука. Доста со тој глупав муабет. И ова не го пишувам ни малку шовинистички, апсолутно сум за мир и соживот, само што вие релативизирате нешто што не може да се релативизира. Никогаш не сум поддржал пеење гасни комори ниту посакување нечива смрт, напротив, сум сакал тие скандирања да се искоренат, бидејќи ништо добро не донеле, освен казни. А и хипокритични ми се, не може во гасна комора да посакуваш некому, а утре да ручаш со него, да пазариш од него или на скеле заедно да работите. Но ова е нешто друго, овде не станува збор за омраза кон нешто туѓо, туку за љубов и почит кон своето. Ако не ја почитуваат мојата Македонија во клубот за кој што играм, си одам, не се важни ни пари, ни кариера. Има некои работи повредни од заработката.