Накраја така ште изглежда Македонија ....
www.facebook.com
... денес секој може да си направи каква сака карта, не само тука на социјални мрежи, туку и во книга, нема цензура, нема забрана немаш ништо, демократија е до таму отидена да секој може да си напише и нацрта што сака, посебно Бугарите!
Прегледај го приврзокот 478930
...а овие албанските етнички расфрлени низ Србија и Македонија се посебна приказна, за нив не постои скоро цела Црна Гора само Будва град држава, Србија не постои како држава све тоа е до румунска граница е Хрватска со се цела Босна која исто не постои како држава, Македонија исто не постои скоро до Софија све тоа е големата албанија, и пола Грција ја нема само Солун и мал дел околу Халкидик без Крф и надоле до Пелопонез, човек да ги замрзи од нивни аспирации наместо да живеат мирен живот таму каде се!
Многу срамежливи Бугарите, на оваа карта немаат земено територи од Србија.
Бугарија смета дека Врање, Пирот, Димитровград ( Царев брод) и Лесковац е нивно.
На картава Бугарија се откажува од Скопје. А едно време тие зборуваа дека е стратегиски важно да се поседува текот на реката Вардар.
Љупчо Георгиевски како премиер беше еден од ретките ако не и единствениот актуелен политичар во 2001 година кој беше тогаш за поделба на територии наместо рамковен договор.
Ама беше таа негова замисла дочекана на нож и напад од многу политичари, виде тој со какви политичари си има работа и колкава ќе биде во иднина слогата т.е раздорот кај Македонскиот етникум, и затоа тој откако му заврши премиерскиот мандат си собра работите, капиталот и семејството и си живее во Благоевград, Бугарија. Си има таму бизниси и си тера семеен живот.
Далеку гледал Љупчо Георгиевски, како голем визионер тој уште во 2001 година знаел што ќе се случува ако се прифати рамковен договор, ама немал на кого да докаже.
Тогаш во 2001 ќе се дадеа Тетово, Гостивар, Дебар, Липково, и можеби периферија од Скопје ( Студеничани, Сарај).
Кичево и Струга тогаш беа МК доминантни, денес Кичево и Струга се со измената слика.
А и во Скопје е изменета ситуацијата.
Видел со какви има работа и си собрал семејството.
Понекогаш доаѓа тој во МК, беше оваа седмица на интервју на тв 24, во Вторникот или Средата се емитуваше тоа интервју пред вечерните вести од 22:00 на тв 24.