Кодекс на облекување во институции

  • Креатор на темата Креатор на темата mints1
  • Време на започнување Време на започнување
Ама еве, либерално време е, може јас изгледам како маж, ама жена сум внатре, ќе облечам фустан и одам во МТВ. Како ќе докаже полицаецот дека не сум жена? Битно е како се осеќаш, нели, не како изгледаш.
Сега за месецот на гордоста не смее полицајците да малтретираат со такви прашања. :ROFLMAO:
 
Па не, во дукс (и фармерки) сум бил на суд ко застапник мал милион пати. И неколку пати ко сведок. :D

Некои судии знаат да замерат на облеката, не дека не, обично кога се коси со елементарната пристојност. По тренерки во суд не пуштаат.

Сум висел во сите институции, генерално не се замараат, сем некогаш во МВР, за странци, каде во неколку наврати не сакаа да сликаат странци (за привремен документ) затоа што не беа пристојно облечени. А таму смрди, труе, гужва, нервоза и влагаат и се караат. Посебно во лето, уште имам трауми. Индиско село. :D

И лично не можам да носам кратки, сем на плажа и по дома. Надвор, посебно на работа, никогаш не носам, нит сум носел, кратки фармерки. А имам, поради природата на работата, слобода да се облекувам како сакам, дури и по тренерка. Само не сакам, сепак треба малку професионалност.
На суд во животот не сум бил, како е, не знам. И ко што реков - и јас сум за кодекс на облекување и елементарна пристојност. Ама многу лицемерно е и ме вади од такт да ми рече - не смееш да влезеш во кратки фармерки кога пола од луѓето внатре се по влечки боси, во најк тренерки, во фустан со цели бутови изложени, во хеланки или со деколте со 70% цицки надвор. И тоа не во некоја ептен значајна институција, туку ете, рецимо, во смрдениот Институт за јавно здравје каде во тоалетите СИДА може да фатиш и каде си појден за да проверат дали имаш паразити во гомната додека во тебе носиш тегла од кисело млеко полна со гомна и покриена со целофан!
 
Леле Злате многу си изнервиран. Тебе изгледа многу често те прекоруваат за облеката.
 
Јас го прашав него дали би дозволил на свадба да му дојдат така, тој одговори да, што ќе биде тотално спротивно од реалноста, само празен муабет дека слободата ни ја укинувале прост муабет.
Све е за тебе прост муабет у менталниот затвор направен од стереотипи, од кои голем дел се еден на друг спротивни, ама нема везе, за тебе е супер.
 
Све е за тебе прост муабет у менталниот затвор направен од стереотипи, од кои голем дел се еден на друг спротивни, ама нема везе, за тебе е супер.
Рече човекот што мисли дека сите жени имаат онлифенс и остана жив...
 
Се кладам ова е поттикнато од жена на некој директор шпон што го има начекано у канцеларија со некои каурки со деколтиња и миничи :icon_lol:
 
Абе они phishing не можат да спречат на СејфСити кодекс ќе воведувале...
 
Леле Злате многу си изнервиран. Тебе изгледа многу често те прекоруваат за облеката.
Каква вештина на перцепирање, секоја чест!

Кој да ме прекори за облека? Такво нешто можеби можеле да направат луѓето кои ме родиле, пред да наполнам 18. По осумнаесеттата, кој прекорува за облека? Има прекорувачи кои те гледаат и ти викаат - „а, така не треба да бидеш облечен“?

А ако мислеше за институциите - не, таму никој никого не прекорува, туку едноставно или те пуштаат да влезеш или ти забрануваат влез. Прекори нема. А и да има - голема работа. Кому му значи прекорот за облеката од човек кого не го познава? Ама, ко што реков - нема.

А за институциите и кодексот на однесување, ако на тоа мислеше, не, до сега никогаш од никаде не ме вратиле, што значи веројатно пристојно се облекувам. Иако, реално, дали еднаш или два пати годишно одам по институции.

Е сега, ако 0 враќања и исто толку прекори за тебе значат „многу често“, тогаш, браво @Aceso , во право си! Како погоди, да не пукнеш?!
 
Мене и на кафе кога одат мажи со тренерки ми е неубаво. Тоа е исто како јас со хеланки да одам на кафе. Не е убаво. Се знае кај се носат тренерки и хеланки.
Немаме ништо против жените да одат на кафе по хеланки. Баш напротив!
 
А ти по влечки и шорцеви одиш на работа?
Сум одел. Незаменлив човек може да си дозволи многу повеќе од тоа. Кога индиректно сакаа да софт-лаунчнат дека има невидлив до претходно дрескод, ме молеа да се вратам назад во канцеларија цела година. Aко некој е во бизнис да колектира пицнати второлигаши како талент, негова бизнис одлука, јас сум во бизнисот да ти завршам добро работа и да ме платиш за тоа, а како ќе се облекувам останува по моја дискреција се додека сме во контекст на вкус. Затоа изгледа откако напуштив, најголемиот клиент откако претходно пиевме пиво на влечки, приватно ме бараше да продолжиме да работиме. Поради бемката на моето стапало изгледа. @teknuvalo111 стоп.

Zemete sredete se, vozrasni mazi ste.
Никој не треба да може да му каже на еден возрасен маж како да се облекува.
Еден возрасен маж прави што сака и си зема што сака, веќе ако си ја кажуваме.

Намалете фетиши за Мед Менс кои пушат во канцеларија и менхендлат жени по ходници, и ќе биде сѐ во ред во професионалниот свет и за вас. Само кажи ми, за кого е тоа топорење на 12ка на сите тие административни работнички по институциите за само да се влезе низ врата, и одма под биро штом седнат си обујат балетанките и закачат у купатило цицкарникот кој морат поради жицата која пробила низ ефтиниот материјал?

Во светот на вистинските возрасни, само банките непрекинато замараат со таков евтин имиџ за да може таквите како @Stefan-kobe мртви зад очи да урлаат везден по канцеларија со колешки, додека ние треба да се осеќаме сигурно околу тоа дека парите ни се во рацете на деца и кловнови кои треба да изгледаат како да знаат што прават бидејќи се во костуми. Така е и низ ретардираните биг4 од рангот на КПМГ и аутсорс компанчивња кои само имитираат и проектираат имиџ и кредибилитет преку застарен модел на корпорации, со менаџевчиња кои имаат Бог комплекс, а реално Бог за нивен опис би го искористил само ако го фаќаат за муда. И секако, прочуените институции во Македонија, надалеку познати по професионализмот. Каков срам е тоа да не им се возврати пристојност, таков срам што треба на луѓе да им забраниме елементарни права поради таквата дрскост, како што е влегување во полиција.

:facepalm:

Не мораше да воведуваат ваков кодекс, за да знам како треба да бидам облечена кога одам во институции.
А како би било тоа? Кој толку тебе те има научено, што останатите сме испуштиле? Стави ги парите кај што ти е устата и пушти едно селфи следен пат кога ќе подигаш пасош ако си толку пристојна и интитуционлано-френдли, од агол како... која и да е дамава на пример подолу што ја најдов објавена јавно по интернет. Или само ќе не мочаш од горе со твоите тајни?

1780089481456.png

2026то Лето Господово а се дискутира ниво на пристојност при посета на институција....
Мислев дека овие ствари се учат и апсолвираат од 1во до 4то одделение.

Но, добро.
Нека е добро.
Материјата за 1во до 4то е доста променета во меѓувреме, можеби затоа е добро.
Поздрави кој и да има останато во комунизмот и прашува за нас и иднината.
Добро?

Кој да ме прекори за облека? Такво нешто можеби можеле да направат луѓето кои ме родиле, пред да наполнам 18. По осумнаесеттата, кој прекорува за облека?
Види сега и ти, ме има враќано жена ми од врата да се пресоблечам иако одам некаде без неа.
Единствената институција со таква надлежност, авторитет и кредибилитет.

Можеби не секогаш може да бираме кај ќе работиме поради “културата“, секогаш ќе биде поради плата и некои други поприоритетни бенефити, но секако кога се може треба да се зема предвид ако се гледате кај што аплицирате подолго.

Плаќам и јас еден куп пари за поло блејзери и геј луи-ви лоаферс, но ги носам кога мене ми се сака. Во мојата компанија има директори платени во милиони од по 2 и 3 цифри, кои идат на маици, биркинстокс влечки, шорцеви и дуксери на работа. Не секој ден бара вратоврски. И затоа, ако некоја "институција", докажано корумпирана од еден крај до друг, која треба тебе да те служи и е платена од парите кои ти си ги заработил можеби на влечки, ако таа истата не ти дозволува да подигнеш лична карта, поради тоа што ти се гледале клечките, треба најискрено да се запали. Со се личната карта.
 
11 страни "расипан телефон" муабети. Се испокаравте и донесовте еден куп заклучоци брз база на ЕДЕН скриншот од наслов, спинови и рекла-казала муабети. Барем на почеток да го постираше некој официјалното соопштение за кодексот, да има барем валиден контекст дискусијата.

Како што гледам, кодексот не дозволува да им влезеш во МВР облечен како за на плажа или маратон, курвинска облека (што би рекол Владе) и облека со принтови од типот на "мртов шиптaр, добар шиптaр". Тоа е тоа воглавно. Дозволено е кратки фармерки, @Zlatikevichius може да биде спокоен. :D

За неприфатлива облека при влез во службените простории на Одделот за граѓански работи се смета:
- премногу кратка облека (многу куси и многу тесни здолништа, како и здолништа кои не се соодветни за институција и куси панталони дизајнирани за плажа или спортски настани);
- облека која прекумерно го открива стомакот, градите или долната облека;
- облека кој вообичаено се користи во домот, на плажа или во ноќни клубови;
- тренерки и облека наменета исклучиво за спортски активности;
- облека со навредлива содржина (текстови, слики или амблеми кои можат да бидат навредливи за околината и
несоодветни обувки (влечки, папучи, кломпи, налани, апостолки).

 
Дозволено е кратки фармерки, @Zlatikevichius може да биде спокоен. :D
Сега и ти луд ме правиш? Не е дозволено, спомнав погоре друга "институција" од каде ги враќаат луѓето кои едвај сме ги измолиле да појдат. А во тренерки пуштаат.
 
Сега и ти луд ме правиш? Не е дозволено, спомнав погоре друга "институција" од каде ги враќаат луѓето кои едвај сме ги измолиле да појдат. А во тренерки пуштаат.
Во ред, јас зборам за кодексот на МВР, тоа е сега актуелно и тема на муабет во јавност, бидејќи пред некој ден го објавија. Инаку, секоја институција од секогаш имала некои непишани правила како кодекс на облекување. Колку и како се применува и почитува, тоа е веќе друг муабет.
 
Back
На врв Bottom