Кодекс на облекување во институции

  • Креатор на темата Креатор на темата mints1
  • Време на започнување Време на започнување
Маќидониа, мојата чудесна држава! Ова било ОК и пристојно:

Прегледај го приврзокот 478749

Исто, ова било ОК и пристојно:

Прегледај го приврзокот 478750

Ама ова било непристојно:

Прегледај го приврзокот 478751

Ма да ви е*** ја и институции и се по список! :mad:
Ништо од ова не е пристојно за во институција.
 
Ништо од ова не е пристојно за во институција.
Ама, добро, ме слушате ли вие што зборувам или така ви одговара: ВО ТРЕНЕРКИ ГИ ПУШТААТ! Сакаш и буква по буква да ти спелувам?
 
Ова е реторичко, саркастично прашање?
Не бе, реално прашање поставувам. Со Холивуд сум заглавена кај Ал Пачино.
Автоматски споено мислење:

Ама, добро, ме слушате ли вие што зборувам или така ви одговара: ВО ТРЕНЕРКИ ГИ ПУШТААТ! Сакаш и буква по буква да ти спелувам?
Па не те прочитав бе Злате не се нервирај, одма ми го повиши тонот.
 
Не бе, реално прашање поставувам. Со Холивуд сум заглавена кај Ал Пачино.
Автоматски споено мислење:
Таа е Сидни Свини.

Иначе Ал Пачино е италијанец по потекло, чоекот има стил ко сите Италијанци/Италијанки, впрочем од Италија се сите брендови, Армани, Версаче...
 
2. Зошто за жените е дозволено фустани (па макар и да се под колена), а за машките кратки фармерки се забранети? И на жената и се гледа ногата, исто.
Затоа лути им се на твоите предци шо ги поставиле тие стандарди за формална машка облека, а не на цел женски род.

3. Нели се сега за родови еднаквости, чуда. Жими се, се молам бога да се најде некој цар, набилдан, излезен од теретана што нема да го пуштат внатре заради кодексот, и да појде во продавница, да купи фустан и да им се појави во фустан, да видам дали ќе го пуштат, ебате рајата неписмена со затуцани кодекси од екс СФРЈ!
Па и вас ви е убаво кога се шетате ко Тарзан без маица по дома, па никому ништо. Ама едно е дома шкембето на мегдан да го вајте, друго е институција! :D
 
Затоа лути им се на твоите предци шо ги поставиле тие стандарди за формална машка облека, а не на цел женски род.

Па и вас ви е убаво кога се шетате ко Тарзан без маица по дома, па никому ништо. Ама едно е дома шкембето на мегдан да го вајте, друго е институција! :D
Немој така, Цацко на ТВ го вајше шкембето па никому ништо.

А башка шо пола џандари имаат меови. :)
 
Затоа лути им се на твоите предци шо ги поставиле тие стандарди за формална машка облека, а не на цел женски род.
Ама еве, либерално време е, може јас изгледам како маж, ама жена сум внатре, ќе облечам фустан и одам во МТВ. Како ќе докаже полицаецот дека не сум жена? Битно е како се осеќаш, нели, не како изгледаш.
 
Ќе ти побара лична карта, таму ти пиши дека си машко.
 
Па и вас ви е убаво кога се шетате ко Тарзан без маица по дома, па никому ништо. Ама едно е дома шкембето на мегдан да го вајте, друго е институција! :D
Си бил еден човек, отишол во аптека и и рекол на продавачката: „имате бурек со месо?“ Таа му одговорила: „не, ама имаме тетратка со коцки“. Тој рекол: „нема врска, со точакот сум!“
Ќе ти побара лична карта, таму ти пиши дека си машко.
Машки пол, не род. Јас рецимо по род сум жена. Родот не го пишува во лична карта. ;)
 
Си бил еден човек, отишол во аптека и и рекол на продавачката: „имате бурек со месо?“ Таа му одговорила: „не, ама имаме тетратка со коцки“. Тој рекол: „нема врска, со точакот сум!“

Машки пол, не род. Јас рецимо по род сум жена. Родот не го пишува во лична карта. ;)
Ќе ти рече: Соблечи се.
 
А дуксер и тренерка забранети се со кодексот? Не!
Па не, во дукс (и фармерки) сум бил на суд ко застапник мал милион пати. И неколку пати ко сведок. :D

Некои судии знаат да замерат на облеката, не дека не, обично кога се коси со елементарната пристојност. По тренерки во суд не пуштаат.

Сум висел во сите институции, генерално не се замараат, сем некогаш во МВР, за странци, каде во неколку наврати не сакаа да сликаат странци (за привремен документ) затоа што не беа пристојно облечени. А таму смрди, труе, гужва, нервоза и влагаат и се караат. Посебно во лето, уште имам трауми. Индиско село. :D

И лично не можам да носам кратки, сем на плажа и по дома. Надвор, посебно на работа, никогаш не носам, нит сум носел, кратки фармерки. А имам, поради природата на работата, слобода да се облекувам како сакам, дури и по тренерка. Само не сакам, сепак треба малку професионалност.
 
значи фармерка е најуниверзална ствар и за машки и за женски и секаде е дозволено, нормално да не се сечени на колена или нешто слично.
 
Back
На врв Bottom