Скроз не си во право.
Не може како прво и основно, до самиот влез од школо, багер да руши градба без никаква заштитна механизација. Без заштита за пешаци, за сообраќај, за околината. Прво и основно, таква ароганција на инвеститорот и таква неодговорност се санкционираат ВЕДНАШ, на лице место. Се знае како се заштитува градежна парцела, да не се чудиме после како ни се случуваат трагедија по трагедија.
Ко второ, градба од 1927, која преживеала светска војна, распад на држава и секакви други настани, не може да преживее локални шерифчиња? Требало и морало истата да биде заштитена од Завод за заштита. Слични куќи на оваа долж истата улица го добија тој статус, и добија пари за рестарвација. Изгледаат прекрасно, се вклопуваат во просторот и се предмет на интерес и од стручни лица, и од туристи.
Насекаде низ светот вакви историски домови се предаваат за милиони, луѓе се тепаат да ги купат и да живеат во истите, само кај нас заради некои Х причини се смета за згодно истите да се заменат со градба која тотално ќе ја наруши динамиката на околината ( меѓу школо и здравствен дом, сега ќе изникне зграда )?
Да не навлагам во фактот дека се започнува со рушење на еден месец пред забраната за изведување градежни активности во централното градско јадро, која и онака секоја година се прекршува.