Кодекс на облекување во институции

  • Креатор на темата Креатор на темата mints1
  • Време на започнување Време на започнување
@мкд владе а више кога сме кај точакот..

Смееш ли да возиш недепилиран а? :cautious:
Ја би казна да се воведе и за тоа!
Mene ke treba da me zatvorat ako se kaznuva za toa. Zamisli, ni tetovaza nemam.
Prostak :toe:
P.s onaa od JNA so datumot ne se racuna , moralno bese :(
1000007512.jpg
 
Последно уредено:
Дарлинг, тука има сервисни центри кај што време се закажува два месеци унапред. И одиш само за сликање, се останато што треба од документација си средува државата. На влез си скенираш код со покана, и си чекаш да го викнат бројчето, во културна атмосфера. Влечки се дозволени, шорцеви се дозволени. Луѓето си гледаат работа, и вработените и клиентите, никој нема време да се замара со вакви баналности.
Секој документ можам да го нарачам онлајн и ми стига по пошта, не губам време да шетам од шалтер на шалтер додека некој си лечи фрустрации на мене.

Не сфаќам исто што е толку проблем да се земе критика како конструктивна и да се примени, работите ги кажувам како искуства.

Минатото лето, во јуни се јавувам во МВР Охрид, да закажам сликање за син ми, за во јули. Еден месец унапред, пошто е на сред лето и сакам да си го планирам времето. Операторот ми вика ама закажување е само од денес за утре, така ни работи системот, не може да закажете поинаку.
Ок, тоа е што е, на 10ти јули слетуваме во Мк, на 11ти се јавувам да закажам термин, ми даваат термин следниот ден. Избирам опција по брза постапка и собирање на документите по службена должност. Си доплаќам за услугата, нормално.
Доаѓам на ред следниот ден, вработената ми бара извод. Викам извини ама јас избрав собирање документи по службена должност и си доплатив за тоа, значи вие треба да го обезбедите изводот. Нејзиниот одговор беше дека "тие од Скопје может да си напишет шо сакет, ние овде не даваме таква услуга".
Па од МВР Охрид, заминав во Општина Охрид, каде изгубив 5 работни дена за да го добијам изводот. Притоа секој ден одев пошто секој ден фалеше нешто. Превод од овластен судски преведувач? Ок еве. Ама не е заведен на нотар. Ама ова е превод од овластен судски преведувач, зарем треба да е заверен на нотар? Ок, ајде на нотар. Се враќам назад, ми вика грешно ти го нотаризирале. Се враќам на нотар. Нотарот ми вика ок е. Се враќам назад. Ми велат не е ок, ова е плагијат. Се враќам кај нотарот. Нотарот се јавува по телефони, се кара, ми вика оди средено е. Се враќам во општина, ми велат, замина колешката за денес, дојди утре.
На 35 степени, чекање во неклиматизирани простории, нервози предизвикани од самата неорганизираност на администрацијата. Фалеше уште некој да ми замери за должината на фустанот, бидејќи тоа е очигледно најголемиот проблем во ситуацијава.

Треба да потенцираш дека твоите документи бидејќи се билатерални-да треба да важат во две држави, им треба време да се процесираат со нотари, апостели итн, тоа се работи што на жител на Македонија не му требаат и не може ни во Македонија, ни во Америка да се завршат за еден ден.

За битните процедури кои што им требаат на македонските жители има дигитализирани процеси.
 
Нема попедерско нешто од мажи седнати на кафе. Комотно можат и хеланки да носат.
Pederski e ko ke go pies kafeto, maloto prste od rakata so koja go drzis findjalot da go ispravis. Popedersko od to nema :D
Автоматски споено мислење:

Гледам, со ласер си ја поправал, О да стане Ј. И 0 да стане 9. :D
Da si smenis diopter pod hitno :sneaky:
Автоматски споено мислење:

Плус фали број на пушка,сирена,нож и крст :D
Ne smeese vo JNA takvi raboti :toe:
 
Кажа ти и појде со другарите на кафе.

Ни се десило, ни ќе се деси. Ќе умрам порадо, отколку да споделам поглед во очи со друг маж додека истоврено двајцата цицаме нес од цевките.
 
Треба да потенцираш дека твоите документи бидејќи се билатерални-да треба да важат во две држави, им треба време да се процесираат со нотари, апостели итн, тоа се работи што на жител на Македонија не му требаат и не може ни во Македонија, ни во Америка да се завршат за еден ден.

За битните процедури кои што им требаат на македонските жители има дигитализирани процеси.
Дарлинг, за внесување на син ми во матична книга на родени чекавме 6 недели, од кои 3 недели беа пасивно чекање, 3 ги поминавме во одделението за матични при општина Охрид. Тоа е посебно патешествие кое ќе го раскажам во друга прилика.

Проблемот од минатата година, кога ваѓавме нов пасош за државјанин кој е веќе внесен во сите системи беше навистина банален. МВР не можеше да ги набави документите по службена должност, бидејќи јас и таткото имаме различни презимиња. Иако во моментот на аплицирање син ми имаше важечки пасош, издаден од буквално истата канцеларија пред само година и половина.

Муабетот ми е дека има многу, многу за подобрување, и во самите процеси, и во односот на вработените кон клиентите. Нека се доведе тоа на едно пристојно ниво, па потоа да зборуваме за кодекс на облекување.
Не знам дали си била во МВР Охрид, ама еве те поканувам сама да се увериш дали во јули, во чекална која е широка 1,5м, а се служи истовремено од 50 луѓе, со низок таван, без прозорец, неклиматизирана, дали во вакви услови е во ред да се врати некој зошто бил по влечки или сандали.
Притоа половина од луѓето чекаат за да бидат вратени назад, пошто им фали некој документ.
 
Муабетот ми е дека има многу, многу за подобрување, и во самите процеси, и во односот на вработените кон клиентите. Нека се доведе тоа на едно пристојно ниво, па потоа да зборуваме за кодекс на облекување.
Да има многу на што треба да се работи, но, има дигитализација до некаде, почнато е, не е дека мора по телефони да ѕвониш или на шалтер да молиш, ко што ја претстави работата во твојот иницијален пост. Работата со странци е комплексна, особено за вадење нивно државјанство и документи.
И не се согласувам, може 2 или 3 работи истовремено да се спроведат. Културата ако се издигне пола од тие маки ќе исчезнат.
 
Јас може грешам, ама за мене дигитално закажување термин е целосно дигитализиран процес, со минимална човечка интервенција.
Пополнување форма онлајн, после која оператор ти се јавува и ти нуди термин за следниот ден, е далеку од дигитализација, во ИТ кругови така малце ќе ти се насмеат ако овој процес го претставиш како дигитализација, пошто систем за закажување термин може и студент од финки да ти искуца.

Океј е и да се земе критика од време на време, не мора да се сфаќа толку драматично.
 
Od uslugi.gov iam vadeno potvrdi za neosoduvanost sto baraat za rabotna dozvola u stranstvo i istiot den ja dobiv.
Inace morase u sud da podneses baranje otkoga ke podnesese baranje se cekase 15 dena pa ides u sud da si ja zemes.

Za drugi dokumenti ne znam. Licnata uste ja furam so Makedonija bez severna.
 
Јас може грешам, ама за мене дигитално закажување термин е целосно дигитализиран процес, со минимална човечка интервенција.
Пополнување форма онлајн, после која оператор ти се јавува и ти нуди термин за следниот ден, е далеку од дигитализација, во ИТ кругови така малце ќе ти се насмеат ако овој процес го претставиш како дигитализација, пошто систем за закажување термин може и студент од финки да ти искуца.

Океј е и да се земе критика од време на време, не мора да се сфаќа толку драматично.
Немој така... па они го измислија "компјутер за секое дете" :ROFLMAO:
ДРПАМЕ отсекогаш биле најнапредни во "дигатализација" :rolleyes:
100000 луѓе запослија не за џабе по јужнокорејски терк у администрација :rolleyes:
 
Требе да се забране да се иде у мохасинки и јамајкански кошуле.
 
Сум за кодекс на облекување. Но сум против овој кодекс на облекување. Зошто?

1. Застарен е. Имам другар чиј татко во средно училиште во екс СФРЈ добил намалено поведение и укор од наставнички совет зашто на школо отишол во фармерки. Денес фармерките се ОК, вклучително и тука. Како тоа? Нормално - се менуваат времињата, тоа што некогаш било неприфатливо, денес е прифатливо. Затоа ми пречи ставката - кратки панталони, во кодексот. ОК, не бермуди, не купаќи, ама не сфаќам што и кому му пречат кратки фармерки, на пример? Што се кратките фармерки полоши од најк тренерки, рецимо? Баш тренерките покажуваат поголемо непочитување кон институцијата отколку кратките фармерки.

2. Зошто за жените е дозволено фустани (па макар и да се под колена), а за машките кратки фармерки се забранети? И на жената и се гледа ногата, исто.

3. Нели се сега за родови еднаквости, чуда. Жими се, се молам бога да се најде некој цар, набилдан, излезен од теретана што нема да го пуштат внатре заради кодексот, и да појде во продавница, да купи фустан и да им се појави во фустан, да видам дали ќе го пуштат, ебате рајата неписмена со затуцани кодекси од екс СФРЈ!
 
Back
На врв Bottom