Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.832
- Поени од реакции
- 65.622
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не, следно прашање ќе биде кој требаше да се продаде од Хакими и Лаутаро.Mnogu kreativno od tvoja strana mora da se zabelezi,sledna neka bide sto e postaro jajceto ili kokoskata..![]()
Не е мое прашањето ама ајде да не го издавам комрадот кој го смислиMnogu kreativno od tvoja strana mora da se zabelezi,sledna neka bide sto e postaro jajceto ili kokoskata..![]()

Мислам дека Сериа А конечно иде напред, поготово што Рома и Комо обезбедија ЛШ, а овие умрените Јувентус и Милан ЛЕ, каде што и припаѓаат моментално!
Никој неможе да ме убеди дека Милан и Јувентус играа подобар фудбал од Рома и Комо ова сезона...
Редно време беше да видиме нови фаци во елитата, можеби овие ќе изненадат кој знае, сигурен сум дека повеќе од овие умрените јуве и милан ќе имаат резултати...
Вака сега...Ехеее, класика. Кога Јуве беше доминантен и освојуваше уште во 30то коло, додека Милан и Интер се бореа за 6то место и кога најдобар играч во лигата кој не го носеше дресот на Јуве беше Иличиќ и Кваљарела, тогаш лигата беше топпп. Двајца играчи се издвојуваа во другите тимови, ги купија без проблем. За Игуаин фрлија тон пари, а и Пјаниќ не беше ефтин. На крај зачинија со Роналдо додека Интер и Милан со Бака и Паласио во напад. Интер еднаш најде асален бек за поефтино, Јуве им го купи пред нос затоа што Интер беа лимитирани со ФФП.
Сега кога се стабилизираа Интер и Милан, кога Јуве клапна (не финансиски), одма лигата ваква-таква. Класика муабет, се врти веќе 6 години.
Ѕирнете кои све играчи биле при врвот топ стрелци во годините кога Јуве доминираше и ќе ви стане јасно каков беше квалитетот тогаш. Герман Денис, Макароне, Паволети, Освалдо, Едер, Пјонтек ПАУ ПАУ, Кевин Лазања, Капуто... легенда до легенда.
Вака сега...
Не мора да читаш другите што пишуваат.
Отвори ги сезоните 15/16, 16/17 и 17/18.
Ако сезона во која Јувентус завршил прв со 91 бод, а позади него биле Рома со 87 и Наполи со 86 поени, сметаш дека не е поквалитетна од сезоната што сега заврши, тогаш тоа е исклучиво твој проблем.
Тоа „ехее класика“ ти е типичен одбранбен систем, демек Интер освои, па мора лигата да е многу јака.
Не знам за другите, ама еве јас кога велам дека лигава оваа сезона беше доста слаба, не ја потценувам титулата на Интер.
Скудето си е скудето, се става во витрини и се важи исто како и сите други. Ама тоа не значи дека не може да ја споредуваме со претходни сезони и дека сега треба да глумиме слепи при очи.
Тогаш лигата беше далеку поквалитетна од денес. Рома со Руди гарсија имаше мноогу јак тим. Ако се сеќавам добро една од сезоните под негово водство ја отворија со 9/9 или 10/10 со смешно јака гол разлика. Наполи под Сари играше најдобар фудбал во Европа. Игуаин беше прв стрелец со 36 гола. Во најдобрата сезона успеаа да освојат 91 бод и во било која друга сезона од формориње на Серија А, со 91 бод ќе беа шампиони на 10 кола пред крај. Најголем дел од играчите на Рома и Наполи направија многу скапи трансфери. Сари отиде во Челзи. Имобиле се истури од голови давање. Во најдобрата сезона постигна 35 гола. Денес Лаутаро е прв стрелец со 17 гола ако не се лажам, нешто што Игуаин и Имобиле го имаа на полусезона итн.Знаеш како испаѓа? Ако имаше и оваа сезона три екипи со толку бодови, ќе кажевте дека многу е слаба целата лига затоа што овие имаат толку бодови.
Јас не викам дека квалитетот е на многу високо ниво ама не гледам ни некоја разлика од тие години. Вие секогаш гледате каков бил Јуве тогаш и сега, па според тоа го одредувате квалитетот на лигата. Ако гледаме баш објективно, последната сезона каде повеќето тимови имаа квалитетни играчи а не само Јувентус, тоа беше кога Милан освои со Алегри - 10/11. И самата листа на стрелци ќе ти го каже тоа. Ето, Ибра, Ди Натале, Тоти, Кавани, Пато...
Тогаш лигата беше далеку поквалитетна од денес. Рома со Руди гарсија имаше мноогу јак тим. Ако се сеќавам добро една од сезоните под негово водство ја отворија со 9/9 или 10/10 со смешно јака гол разлика. Наполи под Сари играше најдобар фудбал во Европа. Игуаин беше прв стрелец со 36 гола. Во најдобрата сезона успеаа да освојат 91 бод и во било која друга сезона од формориње на Серија А, со 91 бод ќе беа шампиони на 10 кола пред крај. Најголем дел од играчите на Рома и Наполи направија многу скапи трансфери. Сари отиде во Челзи. Имобиле се истури од голови давање. Во најдобрата сезона постигна 35 гола. Денес Лаутаро е прв стрелец со 17 гола ако не се лажам, нешто што Игуаин и Имобиле го имаа на полусезона итн.
Ова е најслабата Серија А во последните 40 години. Буквално на ниво на Белгиска и Холандска лига.
Интер испадна од Бодо во ЛШ, а лани примија 5 парчиња во финале.
Стадионите им се останати од минатиот век. Ради бирократија и малограѓанштина милан и интер не можат да извадат дозволи да ги искречат соблекувалните, а не па нов стадион да градат. Методите на работи им се останати пд времето кога црнците беа робови. Тонат со брзина на светлината и 12 години не можат да се пласираат на светско и испаѓаат од полупрофесионални репрезентации.
Само вие интерашите живеете во лала ленд дека лигата е појака од било кога.
